Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адам и Ева или еволуцијата?

Дискусија во 'Религија' започната од LoVeR, 2 јули 2011.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Природата не смета. Таа нема сметало за да смета. Пак ќе кажам, и поволните и неповолните мутации се случајни. А за тоа второто, еве ти пример: Губењето на опашката кај мајмуните што се симнале од дрво (според приказната за еволуцијата де) се смета за неповолен мутант. Неповолен, затоа што опашката е корисен орган, таа помага во рамнотежата кога мајмуните се движат по гранките, а плус и ја користат за да се задржат со неа. Иако неповолна мутација, сепак еволуционистите веруваат дека ние поттекнуваме од тие пра-мајмуни (еве намерно не ги нарекувам мајмуни :) ) кои немале опашка. Во спротивно денес ќе имаше посебна раса на луѓе со опашка, посупериорни од нас.

    Може случајноста да биде поволна. Ама низа поволни случајности не можат да напишат книга, не можат да ги организираат електроните во хард дискот на компјутерот и на него да инсталираат Windows 10ка. Тоа е невозможно без дизајнер. Математиката јасно го кажува тоа. Ако поштуваш наука, поштувај го и тоа.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Најдобрата сумација евр :inlove:

    Заборавив: Воедно, за многумина и 'најстрашната' :)
     
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Можен исход да, исто колку што е можен исход слеп човек да испука куршим и да погоди атом во најдалечната галаксија од нас. Ниту еден жив, а и од тие починатите атеисти, не живеел со таква вера во секојдневието.
    Еве ти веројатност за случаен можен исход само на еден ензим. Веројатноста е помала и од број на атоми у вселената.
    http://www.apologetika.mk/enzimite-dokaz-za-bozjata-kreacija/
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Замисли на ниво на квантна физика.
    Знам дека разбираш точно за што ти зборувам.
     
  5. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.015
    Пол:
    Женски
    Пошто очигледно не ме читате, туку само си пишувате, сакам да ми се одговори на прашањата:

    1) Дали според тебе е океј тоа што во Библијата има мултипни случаи на инцест? Ги наброив неколку пати, еве повторно. Адам, Ева и децата, Ное и децата, Лот и ќерките, фамилијата на Мојсеј, Исак и Јаков и други.
    2) Дали сте свесни дека во Библијата има случај на полиаморија, односно еден човек со повеќе луѓе, еден маж со повеќе жени, се со тоа да се населат повеќе? Нели Библијата вика дека сексот треба да е работа помеѓу еден маж и една жена?
    3) Што е со случајот на секс вон брак, многу пати е спомнат низ Библијата, ене случаи погоре, а можам уште да напишам. Нели во за секс треба да влезеш во бракот чист, па после да 'грешиш' душа?
    4) Дали според тебе овој цитат од Библијата е океј?

    Мојсеј ваш рекол дека меѓу децата од непријателите сите машки да се убијаат, сите девојки кои биле со маж исто, а девиците да ги остават да живеат и да си ги 'земат за нив'. Ова можеби е и нај disturbing во цела Библија, накај педофилија ми тера мене, онаа истата со кои рипате да ги осудите вие денес хомосексуалците.

    Ова ами? Трагедија.

    Кога веќе ги спомна Содома и Гомора, исто да седнеш да си допрочиташ што точно се случило. Госпо праќа двајца ангели да одат и да видат дали ќе најдат доволно луѓе кои се 'добри' во градот. Тие одат маскирани како патници и стигаат кај Лот откако други ги одбиле да ги примат дома. Тој ги прима, арно ама научиле селаните дека има гости кај него и отишле да ги видат кои се, сакале секс. Лот загрижен да не ги повредат гостите, за возврат им ги нуди двете ќерки девици. Да да, токму така, ги заштитува странците и за возврат си ги дава двете девојчиња. Селаните одбиваат, па ангелите ги ослепуваат нив, му се кажува на Лот да бега, па тој го зема семејството и трга надвор од градот кој се уништува од огнен дожд. Им вика да не се вртат назад, жената на Лот не послушува, се врти и се претвора во сол, пошто нели Госпо е милостлив и не сака, ама ако не го послушаш ќе бидеш претворен во пепел, или во сол во случајов. Потоа стигаат во Зоар, таму Лот како што напишав во претходниот пост ги оплодува двете и двете раѓаат синови. Значи да сумираме Госпо не го изгорел градот заради хомосексуалност, туку заради тоа што селаните биле неуслужливи (имале убиено жена која споделила храна и облека со сиромавите). Матеј најстрого осудил да не му помогнеш на послабиот и посиромавиот од тебе.

    @worrieddd со тебе не дебатирам веќе, јас ти пишувам едно, ти ми враќаш нешто сосема неповрзано. Извини ама не гледам поента во дискусија со тебе.
     
    На Rebecca_R, Anabelle.Amorette, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Замисли утре некоја малолетна ќерка се враќа од одмор и оп бремена.

    Мајката: Што се случи ќерко?
    Ќерката: Изгледа некој свршил у морето и ја кога скокнав у водата, ете случајно се протнал сперматозоидот.
    Мајката: И баш кај тебе влезе а?
    Ќерката: И случајноста не е случајна мамо. Можен исход е.
    Мајката: 1 у милијарди милијарди.....
    Ќерката: Замисли на ниво на кватна физика...
    Мајката зема сукалото: Ма немој да ме тииииит у здрав мозок :D
     
  7. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Ни јас веќе.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Сериозен си?
    Дали навистина си сериозен со муабетов?

    Мислам.. да.. има луѓе кои би поверувале во аналогијава, ама не ме потценувај. Може?
     
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Некој озбилно, ама озбилно не ја разбира генетиката и сите тие случајности во нејзе.:rofl::rofl::drunk:
     
    На Anabelle.Amorette, DAngel, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Доволно е да и' каже дека од Господ е бебето.
     
    На Anabelle.Amorette, DAngel, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Или дека органските материи во нејзината матка се мешале, се судирале меѓу себе и ете така случајно се погодило да направат сперматозоид. Атеистичко размислување и се е можно.
     
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    1) Во ред било во тоа време. Мојсеј живеел пред 35 века. Сега не е в ред.
    2) Свесен сум, сум ја читал Библијата. И тоа сега не е в ред, макар што е присутно.
    3) И за девственоста си во право. Само што во брак половото општење не е никакво грешење на душата.
    4) Не е в ред.
    5) Тоа и го кажувам. Содомјаните сакале да ги силуваат ангелите.

    И што е разликата меѓу ова што го дискутираме и сегашноста ? Има голема разлика! Христос е разликата. Он ни го даде Новиот Завет, заветот на љубовта и милосрдието и го надмина Стариот Завет, заветот на правдата и ревноста.
     
    На worrieddd и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Леле бе. :rofl: Да, атеистите мислат дека вака се прават бебиња, нè откри. Black and white fallacy, пак.
    И ти така случајно си се родил, па според твојава логика, не постоиш воопшто. Размисли за ова, што всушност значи random pick. За сè на светов можеш да прашаш е како БАШ тоа се случило? Не е потребен плански дизајн, потребно е само да си доволно добар да преживееш. Ова важи и за планетава Земја, и за животот, и за мутациите, и за на татко ти сперматозоидите.

    Но не е важно уште колку пати ќе ти го кажам ова, ти пак ќе се фатиш за она ама случајнооо било како што би направил секој тврдоглав човек кој слепо се држи со своите убедувања и ги приспособува фактите кон нив, а не обратно. Затоа не би можел некој да дискутира нормално со тебе. Вадиш реченица од контекст и одговараш на неа со нешто што веќе сум го демантирала во претходниот пост. Мене тоа ми е смешно, ама жалосно е што не си несвесен за тоа, туку сам одбираш да го правиш тоа за себеси да се убедиш првично. :)
     
    На theowndemon, Anabelle.Amorette, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Ноуп. Било кој сперматозоид да навлезе во јајце клетката, ќе настане зигот со 46 хромозоми од кој ќе се развие во човек. Дали ќе бидам тоа јас, ти, Петко, Станко - небитно. Независно кој сперматозоид ќе ја оплоди, речиси сите случаеви се поволни т.е. од сите нив настанува човек.

    Кај атеистичката бајка не е така. Таму имаш милијарди милијарди милијарди.... (број со стотици нули) бескорисни неповолни случаеви, а само една или неколку корисни поволни случаи за постанок на вселена, атоми, ѕвезди, планети, живот итн.
    Значи аналогијава со сперматозоидите ти е неспоредлива, нелегитимна или каква сакаш fallacy наречи ја.
     
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Оп, сега одиме некаде. Сите случаи се поволни велиш, но само еден од нив те прави тебе. Од каде знаеш дека тоа не е со аминокиселините? Да, имало само еден случај кој прави аминокиселини, но не заборавај дека постојат други случаи кои нема да направат аминокиселини, туку друга форма на комплексност (да не речам живот, бидејќи зборот живот е дефиниран како аминокиселинската форма на живот кај нас). Постоеле и случаи кои правеле ништо. Ти велиш па како е можно од случаите што прават ништо и од случаите што не прават аминокиселени, и од оние што прават, да се погоди баш тој што прави аминокиселина. Многу едноставно: да не се погодеше, немаше да постоиш за да го поставуваш прашањето.

    Истото е и со сперматозоидите. Зошто си се родил ти, а не друг сперматозоид? Како тоа баш ти од сите тие сперматозоиди? Да се родеше друг тој ќе си го поставуваше прашањето, сфаќаш? Гледаш од погрешна перспектива на работава.
     
    На Someonespecial, WildMk и Tan4ence им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    @Lella , пред да продолжиме, што викаш ти и ја да направиме една дебата во живо по ова прашање: „Дали е научно да се верува во Бог?“ или „Дали е разумно во 21 век да се верува во Бог?“ или едноставно „Дали Бог постои?“ А не мора и само ја и ти, може и форум, со 2-3ца атеисти и 2-3ца теисти.
    Што велиш? :) Ја мислам дека би било интересно, поучно, забавно и би имало голем интерес. Вака само губиме време со куцање на компјутер.
    Само ти и Бендер ми стоите за добри соговорници на оваа тема, а и општо како интелигентни дискутанти што почитуваат аргументи и логика во дискусиите.
     
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    Со задоволство, but a girl's gotta go to school. Не верувам дека имам време и шанси да доаѓам до Скопје за ова.
     
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Е добро де, не реков ја у Скопје. Може да организираме и во твојот град, тоа најмал проблем. Поголем проблем е тоа „girl gotta go to school“. Не би ми доликувало да дебатирам со студентка или недајбоже средношколка :) Ама ако најдеме повозрасен/а атеист, па и јас ќе земам студент теист, и можеме у парови, со модератор, 15мин воведно излагање на тезите и потоа по 3 реплики од 5мин, можеби завршна мисла у 2мин.
     
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.991
    Пол:
    Женски
    А јас пак планирав да си ја викнам одбор дружината средношколски неверници. Испаѓа испод ниво сме ти. :rofl:
     
    На theowndemon, Someonespecial и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Тоа што еден од поволните случаи ме прави мене или тебе, тоа не значи дека другите случаи се неповолни. Како што кажав, без разлика кој сперматозоид ќе ја оплоди јајце клетката, скоро секој од тие случаи е поволен и ќе произведе жив човек.

    1. Рандом врзување на аминокиселини нема да создаде ензим (поволен случај). Веројатноста е еден у милијарди милијарди милијарди (стотици нули) случаи.

    2. Сите живи клетки и организми што ги знаеме имаат амино киселини, ензими, ДНК, РНК и други клеточни структури. Тоа што некој гледал сајнс фикшн филмови или цртани за вонземјани со поинаква форма на живот, тоа нема врска со наука.

    3. Плус не се само живите клетки прецизно дизајнирани. Космолошката константа е исто така прецизно наштимана за да подржува живот. Нејзината вредност е 0,00000000000000000000000000000000002
    Ако е голема и позитивна, космичката константа ќе делува како одбивна сила која ќе се зголемува со растојанието. Таквата сила во раниот универзум би ја спречила материјата да се состави, а тоа е процес којшто е првиот чекор во формирањето на галаксиите, ѕвездите, планетите, луѓето. Ако е голема и негативна, таа би делувала како привлечна сила што се зголемува со растојанието, сила која речиси моментално би го свртела назад ширењето на Универзумот и би предизвикала да се збие како на почетокот.

    Ако јаката нуклеарна сила беше само 5% послаба, тогаш само водородот ќе можеше да биде стабилен и периодниот систем ќе се состоеше само од водород. Не верувам ни дека можеш да замислиш животни форми базирани само на водород :) Ако пак беше само 2% посилна, протоните и неутроните ќе се врзуваат многу почесто и полесно и ќе образуваа многу тешки метали. Исто така во тој случај водородот би бил редок елемент, а тој претставува горивото на ѕвездите. Оттука се гледа дека и јаката нуклеарна сила е прецизно наштимана.

    Јаглеродот како што знаеш е клучен елемент кај органските соединенија кои се дел од сите живи организми. Ако резонантното ниво на јаглерод беше за 4% пониско, Јаглеродот немаше да се формира. А ако пак беше за 0.5% повисоко, тогаш речиси целиот јаглерод би преминал во кислород. Без ова изобилство на јаглеродот, ниту ти, ниту јас, не ќе бевме денес тука.

    Значи сакаш гледај во микро светот - ќе видиш прецизно поставен дизајн. Сакаш гледај и во макро светот - и таму те чекаат Божјите отисоци на создавањето. Затоа мислам дека барем просечно интелигентните атеисти нема да имаат изговор „оној ден“ дека немале доволно докази за Бог. А инат може да тераме до 101 и назад.