Адам и Ева или еволуцијата?

Дискусија во 'Религија' започната од LoVeR, 2 јули 2011.

  1. hellocity

    hellocity Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    2.580
    Пол:
    Женски
    Да веруваш дека треба да бидеш потчинетта тоа ти е веке психичко пореметување кој е па тој неко јси маж безгрешен како што пишува во библијата во денешно време сите војни сите насилства се 99 посто мажи?
     
  2. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.534
    Допаѓања:
    23.028
    Пол:
    Женски
    Та јас што реков?

    Ќе создаде нешто друго што нема име затоа што не постои затоа што не се погодила таа комбинација да аминокиселини. Пред пак да кажеш дека филмот ми е сај-фај, запомни дека не знаеш дали само ние сме поволен случај. Ние сме резултат на поволен случај, да, ама на оној што happened to occur. Да се паднел друг поволен случај, пак ќе го правевме истиот муабет, бидејќи ти пак ќе викаше дека само тој е поволен.

    Па затоа потенцирав, форма на комплексност, а не живот. Под живот ја подразбираме формата на комплексност што ние ја знаеме. Она што сакам ти да го сфатиш е дека малку веројатно не е еднакво на чудесно. Пак ќе кажам, и твоето постоење е малку веројатно, но не е чудесно, бидејќи извесен сперматозоид едноставно се погодил да ја оплоди јајце-клетката. Исто така, кога мешаш шпил карти, секоја комбинација која ќе се излезе е малку веројатна, скоро невозможна, но не е чудесна. Поентата ми е, не треба да гледаш на животот на Земјата како специјален, чудесен, неверојатен исход, туку како една комбинација од мешање шпил карти.

    Импресивни бројки, поента промашена, како и обично. Со вакви работи оди убедувај ги комшиите и тие што ти доаѓаат на предавања во Секој Студент. Бла, бла, fine tuning, бла бла.

    [​IMG]

    Не е универзумот совршен за нас, ние сме совршени за него. (ова беше deep)
     
    На theowndemon, lovestoneddd, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.153
    Допаѓања:
    8.677
    Пол:
    Машки
    За жал пак ќе кажам, многу гледаш научно-фантастични филмови. Друго објаснување зашто не можеш да сфатиш толку едноставна логика - немам.
    Како беше она атеистичкото „не се докажува непостоење, туку постоење“? Епа токму тоа ти го правиш сега со твојата теза: ај докажи дека некаде далеку нема живот кој не се базира на органски соединенија, амино киселини, ДНК, вода итн.

    Кај сперматозоидите, сите се поволни случаи. Без разлика кој сперматозоид ќе ја оплоди јајце клетката, повторно ќе произлезе жив човек - поволен случај. Кај примерите што јас ти ги наведов не е така.
    Пример ако космолошката константа била само малку поголема - таа ќе делува како одбивна сила која ќе се зголемува со растојанието. Таквата сила во раниот универзум би ја спречила материјата да се состави, а тоа е процес којшто е првиот чекор во формирањето на галаксиите, ѕвездите, планетите, луѓето.
    Кажи ми каков е тој поволен случај за постанок на поинаков живот кога во тој случај не би имало ни материја, ни хемиски елементи, ни галаксии, ни ѕвезди... духовен живот? Ок, добредојде во теизмот тогаш :D

    Ако пак космолошката константа била негативна, таа би делувала како привлечна сила што се зголемува со растојанието, сила која речиси моментално би го свртела назад ширењето на Универзумот и би предизвикала да се збие како на почетокот. Ете ти повторно НЕПОВОЛЕН случај. Немаш универзум - guess what? Немаш ни живот. Независно каква сајнс фикшн форма или комплексност го замислуваш тој имагинарен живот, штом немаш Универзум - немаш ни живот.

    Што се однесува до ензимите и тврдењето дека било каква комбинација на аминокиселини може да даде поинаков поволен случај, очигледно треба да се потсетиш како работат ензимите.
    [​IMG]
    Ензимот и супстратот мора мора да се поклопат во една тродимензионална форма. Значи тоа е како еден клуч кој има запчаници од сите страни и тоа не 6-8 запчаници како во клучевите, туку 250, па дури и над 1000 запчаници. Само кога ќе се поклопат запчаниците - се отклучува бравата (реакцијата). Секоја друга комбинација нема да ја отклучи реакцијата. Сите други се неповолни случаи.
    И не станува збор само за 1 ваков клуч, туку за илјадници во природата на живите организми.

    Сеедно како ние ќе „гледаме“ на животот. Неговата комплексност зрачи кај секој разумен човек што без предрасуди гледа во него. Повторно со картиве претпоставуваш дека секоја комбинација би била поволна, иако ти наведов неколку примери дека само една во милијарди милијарди милијарди (стотици нули!) е поволна, а секоја друга е неповолна - и тоа не само за живите организми, туку и за постоењето на материјата и Универзумот воопшто.

    1. Без материја - немаш материјален живот и ќе мора да претпоставиш духовен живот - што повторно те носи кон теизмот.
    2. Без Универзум исто така немаш живот, или повторно можеш да претпоставуваш духовен живот...

    Тоа е како некој човек да каже дека не е куќата совршена за него, туку тој/таа е совршена за него.
    Како што видовме горе, и самото настанување на Универзумов е чудо само по себе - што подразбира дека и тој бил плански дизајниран.
    Како второ, и милијарди Универзуми да постојат, повторно милијардите години не се доволно време за веројатно настанување ниту на 10 ензими, а камо ли жива клетка.
     
  4. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.534
    Допаѓања:
    23.028
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos Ова е доказ дека колку пати и да ти повторам, ти пак ќе го збориш она што си го научил како расипана касета. И онака не читаш што пишувам, не планирам да дебатирам со блог постови.
     
    На DAngel, theowndemon, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.153
    Допаѓања:
    8.677
    Пол:
    Машки
    И то го вртиш истото - упорно не сакајќи да го прочиташ тоа што ти го пишувам со факти, со бројки, ти го илустрирам со примери... што останува веќе, да земам да ти цртам? :) Не мислам дека тебе ти треба цртање. Едноставно не ти одговара тоа што го пишувам, па затоа се правиш дека не го разбираш или воопшто не го читаш.
    Блог постовите се мои, тоа се мои мислења. apologetika.mk е мој блог. Така што не дебатираш со блог постови, туку лично со мене. И нормално дека мислењата таму и тука ќе ми бидат исти или слични. Нормално дека ќе ти копирам слика за ензимите од таму, нема да измислувам топла вода.
     
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.153
    Допаѓања:
    8.677
    Пол:
    Машки
    Најинтересното у целава прича е што ниту ти @Lella , ниту твоите соверници што те лајкаат, не живеете согласно убедувањата што ги проповедате овде на темава. Зошто?

    Било која од вас да се прошета покрај плажа и да види на песокот школки наредени во облик на срце и внатре испишани две имиња, никој од вас нема да рече: хммм види колку интересна коинциденција, интересно како тоа брановите плескајќи по плажата ги наредиле овие школки :) Секоја од вас ќе заклучи дека некоја личност плански ги наредила така школките.

    Исто ако било која од вас утре земе да игра покер и ако тој/таа што дели карти 20 пати по ред добива покер (4 исти карти), секоја од вас ќе заклучи дека тој ги мести картите. Никоја од вас нема да рече: Ете секоја комбинација е возможна и подеднакво можна, ама во нашава планета ете така случајно се десило да му се паднат четири кецови 20 пати по ред на овој што ги дели картите :D

    Така што уживајте. Знаеме дека логиката на атеистите е резервирана само за надмудрување по форуми, а во реален живот - никој не живее така.
     
  7. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.534
    Допаѓања:
    23.028
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos Знам дека се твои постовите, ама ти го повторуваш истото стопати иако веќе сум ти одговорила на тоа во претходниот пост. Не ти е еднаш и двапати. Не е дека не ми одговара тоа што го пишуваш (јој молим те) туку веќе сум одговорила на истата поента и не можам да повторувам исто нон-стоп. Дури и следното мислење со watchmaker аналогијата стопати си го пишал и стопати сум вратила на него, ама тебе не те интересира што сум одговорила, туку истото го кажуваш пак. Затоа не планирам да трошам време залудно кога е исто како да збориш со ѕид.
     
    На Читател и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    10.959
    Допаѓања:
    96.319
    И ви викам.. Тоа за Адам и Ева е приказна.. интересна приказна, ама само приказна.
     
    На RoseRain му/ѝ се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.153
    Допаѓања:
    8.677
    Пол:
    Машки
    За да одговориш, треба некој да те праша нешто. Јас не те прашав, туку ти презентирав докази дека е математички неверојатно целиот Универзум и животот во него случајно да настанале и дека тоа бара налудничкава фанатичка вера во атеизмот за некој да верува во тоа. И со илустрации ти покажав дека ниту еден атеист, надвод од форумски дискусии, не живее со таквата вера. Така што јасно е дека станува збор за двојни аршини кај атеистите.

    И ти нон-стоп го повторуваш примерот со сперматозоидите иако неколку пати ти покажав дека не е адекватен, бидејќи таму станува збор за 1 поволна можност од милиони исто така ПОВОЛНИ можности, додека јас ти зборувам за 1 поволна можност од милијарди милијарди (стотици нули) НЕПОВОЛНИ случаеви за создавање Универзум, за создавање материја, хемиски елементи, а дури потоа живот.
    Не знам до кај сте со математиката во твоето средно, ама потсети се на муабетов кога ќе учите за математичка веројатност.
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    10.959
    Допаѓања:
    96.319
    Случајноста не е 'случајна', туку е производ на постоечки закони.
    Не се прави дека не го разбираш муабетот.
    И не туку ги лажи другиве што читаат.
     
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.153
    Допаѓања:
    8.677
    Пол:
    Машки
    По оваа реченица ќе те запамтам на форумов еј :) случајноста не е случајна. А може на оваа мудрост да се додаде и дека ладното не е ладно, мокрото не е мокро, благото не е благо итн.

    ЕДИТ: Сори ова погоре не го напишав јас, туку мачката помина по тастатурава и се напиша таа реченица. Шо ќе праиш, ни случајноста не е случајна веќе :D
     
  12. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    4.734
    За да не се повторувам, само ќе ги вметнам мислењата по која теорија се водам јас



    Адам и Ева се измислени ликови вметнати во приказни кои не ги сметам за веродостојни.

    Толку.
     
  13. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    856
    Допаѓања:
    3.366
    @Bender Rodriguez , значи и ти имаш такви втори братучеди. Мило ми е што не сум единствен. :D
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.153
    Допаѓања:
    8.677
    Пол:
    Машки
    • Дарвинистите прво велеа дека потекнуваме од човеколиките мајмуни, поточно од „алката што недостасува“ (и никако да достаса).
    • Потоа со генетските истражувања на митохондриската ДНК и Y-хромозомот кај мажите, се покажа дека сите луѓе потекнуваат од една жена, а сите мажи од еден маж. И овие ги нарекоа „митохондриската Ева“ и „Y-хромозомниот Адам“.
    • Првите генетски истражувања во 1987 година каде што билe анализирани само 147 мажи и жени (мал примерок) со помош на DNA clocking препоставиле дека Ева живеела пред 200,000 години, а Адам пред 100,000 години.
    • Подоцнежно истражување каде што биле анализирани 1200 мажи со DNA clocking дошле до заклучок дека Адам живеел пред 180,000 - 200,000 години т.е. блиску до времето кога живеела и Ева.
    • Трето истражување (линк) дошло до резултати дека Адам живеел пред 120,000-156,000 год, а Ева пред 99,000-148,000 години. Конечно имаме преклопување и голема веројатност дека живееле во исто време!
    • И еве сега пред 3 дена ново научно откритие од генетиката во кое се анализирани 5 милиони примероци и дошле до заклучок дека сите луѓе и 90% од животните потекнуваат од ЕДЕН ПАР луѓе/животни, кои потекнуваат од ИСТО време, а претпоставуваат дека непосредно пред тоа некаков катастрофален настан ги збришал сите останати луѓе и животни од земјава.
    Интересно е како чекор по чекор, полека но сигурно научните факти се приближуваат до библиското гледиште. Нивните толкувања на фактите секако дека не, но самите факти просто како да ги препишуваат од Библијата.
    https://www.dailymail.co.uk/news/ar...iving-200-000-years-ago-scientists-claim.html
     
  15. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    966
    Пол:
    Машки
    Дали Бог или еволуција, ова е мојата теорија:

    Ние сме нешто слично како аватари, нешто како одсјај на "она горе" односно на ѕвездите. Ова е моја теорија бидејќи, од многу одамна видовите луѓе (оние прецизните) имале способност набљудувајќи ги небеските тела, да предвидат голем дел од случувањата кои се случиле покасно.
    Тоа би го опишал вака: едно небеско тело (ѕвезда на пример) има стотици помали тела кои кружат околу неа. Замислете тука, таа ѕвезда да е човек, со силна харизма (сјај) а другите помали тела, останатите луѓе (фанови, слушатели).
    Или, замислете црна дупка во вселената проголтува небески тела, а на земјата се случува трагичен крај истовремено. Или, во вселената се раѓа нова ѕвезда или планета, што е чест случај (неколку илјади во секунда), додека на земјата се раѓа живот на човек, животно, инсект итн.

    Во вселената се случува експлозија на ѕвезда (на супернова) чиј парчиња летаат низ помалите тела, а на земјата ерупција на вулкан чии парчиња летаат низ помалите живи тела (луѓе, животни).

    По тоа, сметам дека ние сме всушност слика, одсјај, аватар, сенка, на она што се случувало или случува во вселената.
    Ова е моја територија која ја мислев уште на 5-6 годишна возраст, додека зјапав во млечниот пат мислејќи дека е тоа огромно суштество налик на јагула или змија :)

    Која е вашата теорија за постоењето на сѐ?

    https://www.space.com/amp/34044-moon-birth-may-have-vaporized-earth.html

    Нешто слично како бинарната делба на клетките.
    Ист принцип, и во макро и во микро величини.
     
  16. KomP

    KomP Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    43
    Митот за Адам и Ева или теоријата за еволуција?

    Во старите времиња луѓето измислувале митови а денес измислуваат теории. И митот и теоријата служат да се објаснат појави кои реално постојат и поради тоа поседуваат одредена објективност иако кај митот се работи повеќе за алегоријска вистина.

    Проблем со митовите е кога се сфаќаат буквалистички а не како алегории и во тој случај го губат својството да ги објаснуваат појавите туку стануваат средство за манипулирање.
     
  17. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.534
    Допаѓања:
    23.028
    Пол:
    Женски
    Митот и теоријата не се на исто рамниште. Теорија е научен поим и претставува детално објаснување за нешто во природата. Не е погодување во празно, не е претпоставка, туку веќе прифатена логична вистина. На пример: теоријата за микробите, теоријата на релативноста, па и еволуцијата.

    А митот е мит, приказна што е производ на различните степени на цивилизација во светот, не треба да се сфаќа сериозно.
     
    На Tan4ence, Amellie13, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  18. KomP

    KomP Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    43
    Очигледно ја идеализираш науката а тоа обично се случува кога некој е запознат само со нејзината популарна страна. Доколку си учествувала посериозно во некое истражување или експеримент ќе знаеш дека материјалните факти прилично лабаво ги потврдуваат теориите - најчесто само како статистичка веројатност. Токму тие ситни несофпаѓања најчесто и доведуваат до тоа една теорија да се замени со понекогаш и дијаметрално спротивна нова теорија.

    Што се однесува до митот - доколку тој е обид да се објасни некој аспект од стварноста тогаш треба да се сфати сериозно и да се увиди дали се работи само за погодување во празно без никаква основа во реалноста (што е малку веројатно) или се работи за некакво интуитивно сознание преточено во уметничка а не логичка форма каква што бара науката.
     
  19. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.534
    Допаѓања:
    23.028
    Пол:
    Женски
    Ти ги разбирам поентите. Ама како што кажав, теоријата на еволуцијата не е она што е масовно прифатено, како што велиш, популарно. Еволуцијата е факт, доказ ни е поклопувањето на ДНК-та меѓу видовите. Теоријата на еволуцијата објаснува како дошло до варијациите во видови преку природна селекција. Тие наводни несовпаѓања во оваа теорија главно произлегуваат од теоретичари на заговор, и ко што гледаме, досега не биле доволно убедителни за да го променат научниот свет.

    Така де. Ама интуитивните човечки сознанија се покажале како многу ограничени и штури. Токму затоа митот се прифаќа и разгледува како уметничко достигнување на човечката имагинација, а не како тврдење кое се зема a priori.
     
    На Someonespecial, KateKane, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. KateKane

    KateKane Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    11.442
    Пол:
    Женски
    Какво е тоа лабаво потврдување на факти?

    Имаш научни експерименти и имаш теории потврдени од тие научни експерименти. Пример теоријата за електромагнетизам која Гилберт ја проучувал и докажал. Јас ниту еднаш не сум видела експеримент лабаво да потврди нешто - или дава позитивни резултати или грешка. Исто и со антибиотици - најреволуционерното нешто во тогашната медицина - лек прорив инфективни болести. Тоа што сега се помалку се ефективни е пошто сме говеда од луѓе кои не знааат да ги користат па се ствара резистентност. Не значи оти антибиотиците лабаво ги убиваат бактериите.

    И какво е тоа верување на митови создадени илјадници години назад, какво е тоа сериозно сфаќање? Сериозно да се сфати дека има дедо горе на небото кој со пенкало у рака мава цртки кој треба да иде у рај а кој у пекол? Или поделени се со Алах и Буда, па уз ракија едниов рекол ај јас ќе ги направам бели со крупни очи а другиов ај јас со закосени, да се разликуваат. Во таков мит да верувам пред научни експерименти кои ја потврдуваат еволуцијата?
     
    На Amellie13, theowndemon, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.