Поголема веројатност на појавување, или со други зборови поголема ранливост на веќе повреденото место не е доказ дека се работи за мутација генерирана од случаен настан освен кога се работи за негативна мутација за која веројатно и би можело да се докаже дека е случајна односно резултат на надворешни влијанија.
Ќе се убијам бе. Муабетот вака некако одеше: Брајар: Еволуцијата е резултат на природна селекција од случајни мутации. Комп: Случајни викаш а? Да бе обавезно, за вас случајно настануваат работи. Имаш ли доказ дека било случајно? Брајар: Тоа што мутациите се случајни генетски комбинации не ја прави природната селекција, а со тоа и еволуцијата, случајна. Случајноста во еволуцијата не е спорно прашање па да се бараат докази за неа. (Многу просто и очигледно.) Комп: Ха! Немаш доказ. Checkmate atheists. Тоа што ти, а и други верници, не можат да го компрехендираат фактот дека случајно не е еднакво на магично/волшебно/на тепка/од газ извадено, итн. апсолутно не е наш проблем. Работава е како да играме карти со Комп, влечам 4 случајни карти, ми се паѓаат сите четири кецови и Комп паѓа во несвест и вика ОМГГГГ НЕ Е МОЖНО ДОКАЖИ ДЕКА СЛУЧАЈНО ГИ ВЛЕЧЕШЕ.
Што не е објективно во тоа што го кажав? Молим те, десет мислења напиша, а во ниту едно не приложи конкретна суштина зошто всушност еволуцијата не е точната теорија, каде и' се наводните дупки, која е *другата опција* итн. Не е дискусија твоево, само обиколување од high horse e.
Како настануваат мутации? А што мислиш, ќе го губев ли времето на форум ако знаев како настануваат мутации. Во секој случај немам материјалистички поглед на работите па претпоставувам дека настануваат како резултат на нешто друго а не како случајни комбинации на материјата.
Не сум јас виновен што сакаш да се претставиш како голем научен авторитет! Ти тврдиш дека еволуцијата е точна теорија и треба тоа да го докажеш. Јас тврдев дека некои претпоставки не се докажани и тоа е очигледно. Значи?
A sto ako Vozemjanite od Mars gi stvorile covekolikite majmuni Adam i Eva...i sto ako Adam i Eva ako zgresile i go zemale jabolkovo bile ZIVOTINSKI majmuni koj OBICNA GRESKA NAPRAVILE???Zarem i na zivotnive ako NAPRAVAT GRESKA I ZEMAT I SE HRANAT OD DRVAVA kje se racuna za glup grev,a????Ne mie jasna Biblljava znaci uff...
A sto ako sme nastanale od Bakterii? Ni od voda ni od kal ni od majmuni ni od atomi ni od rebra...a sto mislite za taa idea?Zatoa sme sekad puni vajda so POZITIVNI BAKTERII spored Medicinava....
Па од еден аспект и сме од бактерии настанати зашто првите организми биле прокариотски клетки како поедноставни.
Исто така и атомите од кои сме составени некогаш биле дел од ѕвезди, така да на некој начин ние сме потомци на ѕвездите, деца на космосот. И еден ден ќе се вратиме таму.
Според мене иако ни едната ни другата теорија не држат нешто вода. Ама таа за Адам и Ева пак ич. Еднаш се сеќавам велеа дека е забранета за религијата, но ете, религиска е. Тие 2ца родиле деца кои меѓу себе правеле деца (инцест)нема смисла стварно незнам. Има нешто што на нас не ни е познато и понекогаш љубопитноста ни прави беспотребна главоболка (зошто пак нема да го решиме проблемот) затоа некој работи да ги прифатиме такви како што си се
Ова е филозофско верување космизам. Дека ние сме микрокосмос во макрокосмосот и се движиме од темница кон светлина. Навистина е интересно.
Има многу докази за еволуцијата, не е дали држи вода или не, не му текнало на некој во сон и си направил приказна па сега ние се потпираме на тоа.
Ко го спомнав ова еден верник ми имаше речено дека Адам и Ева и нивните деца имале "совршени гени" и инцестот не претставувал проблем, во смисла не можат да родат фалични деца. Ама секако дека нема ич смисла. Не е биолошки возможно да постојат такви гени. Инцестот е инцест, и се знае до што води. Ни малку не е за оправдување.
Зошто нема смисла? Еве и јас ќе ти го спомнам истото. Инцесот се појавува поради поклопување на мутирани гени кај блиски роднини. На пример ако и братот и сестрата имаат мутиран MC1R ген кој не може да го синтетизира протеинот melanocortin 1 receptor, кој пак е неопходен за пигментот меланин, тогаш децата нивни ќе бидат без тој пигмент т.е. албино. Или на пример мутација во BCL11A генот доведува до погрешно синтетизирање на хемоглобинот, што довоедува до српеста анемија. Но Адам и Ева немале мутирани гени, па логично е дека не може да има ни поклопување на (непостоечките) мутрани гени. И затоа нема научна причина луѓе кои немаат мутации да имаат деца со инцест. Подоцна, откако човештвото паднало во грев и почнал процесот на распаѓање (а со тоа и мутации во гените), почнале да се акумулираат се повеќе мутации во гените на луѓето и затоа нивниот животен век драстично се намалил и затоа во 3та Мојсеева книга е забранет однос меѓу блиски роднини.