Не сум атеист. Агностик сум. Имам кажано сто пати по форумов. Инцест не е во ред според мене и точка. Ај сега ти, кажи ми зошто ти е флексибилен моралот? У ствари, јас ќе ти кажам оти... Оти во Догма, нема логика. Затоа тука правиш ментални гимнастики, во обид да објасниш нешто што не се објаснува.
Па природна смрт е умирање од старост по дефиниција, не да те убие некој. А и можеби зашто со текот на стареењето се помируваат луѓето дека времето им минало и дека полека смртта доаѓа, за разлика од акутна ситуација при која и патем не сакаш да умреш зашто имаш уште многу да направиш во животот. Природно е и паразит да те убие ама земаш лекови/правиш операција или што и да е за да се излечиш.
Секако дека е неморално да се јаде месо. Не само лгбт пропагаторите, сите се морално неконзистентни кога јадат место. Не знаев дека треба да се потенцира дека фактот што луѓето не го почитуваат моралот не значи дека моралот се менува во согласност со тоа што го прават. Па тоа ти викам човече. Буквално и ти се препелкаш и си неконзистентен во своите оправдувања и изговори за тоа дали и кога инцестот е морален. Тоа препелкање уствари многу логична работа што секогаш треба да се прави, а не слепо да прифатиш некое правило бидејќи авторитетот така налага. А глава сечам дека Адам да имаше ебено свиња во Библијата пак ќе успееше да го оправдаш. Баш убаво што кажа дека е нерелевантен бидејќи ти си тој што користи таков reasoning, а баш тоа и го потенцирав во претходниот пост, ама не успеа да го зграпчиш. Бог така наредил има исто толкава аргументативна тежина колку и бљак. Двете се апсолутности што нема како да се се куешчнираат. Тоа веројатно го веруваат твоите измислени атеисти. Моралот е точно определив, ама не е апсолутен бидејќи просто не може да биде, затоа што нешто што за еден е морално (полезно), за друг не е. Тоа е целата субјективност во приказната. А не денес ми текнало дека ова е морално а утре не е. И отсега не давај погрешни изјави за тоа во што веруваат атеистите. Misrepresentation fallacy е. За разлика од верниците мене ич не ме боли дали имало инцест кај моите предци. Не ти пали ова. Што се однесува до моралното прашање, веќе реков инцестот сам по себе не припаѓа на моралната сфера доколу е консензуален. Ако мене ми се гади, тоа е мој личен проблем. Единствен начин кога би бил неморален е ако произлезат деформирани деца од него, така би било неморално кон децата. Токму ист став како што изнесе ти во твоето Адам-Ева објаснување.
До која генерација п.н.е инцестов е оправдан? Да знам до кога било нормално а од кога грев. За другарка прашувам.
Мене ме интересира за што ако бевме бесмртни. Бог имаше испланирано резервни планети за да го премести човештвото ко ќе се намножи, пошто еве сега како смртни сепак ја пренаселивме нашава планета. Убави приказни има за бесмртноста. Некои и стварно би сакале да се бесмртни. Само што смртта е биолошки процес и колку и да се регенерираат клетките тоа не можи да го прават вечно. Ништо не е вечно.
@orevokrsacka @EvAngelos не сте во право дека никој не сака да умре. Секој се плаши не само од смрт туку од се непознато, тоа е дел од човечката психологија. Но кај некој стравот од смрт е преголем и се лесни за манипулација за разлика од научно освестените за кој смрта е завршна фаза од животот и енде.
Луѓето се помируваат дека порано или подоцна ќе умрат, ама и на 90 години дедо викаше „како ќе се остава оваа убавина“, (светот), иако поминал и исполнил многу работи. Не му се умираше, со годините му растеше и стравот од смртта. А на 20 години не ни помислувал на смрт. Контрадикторно нели? ЗНачи едно е да прифатиш нешто како неминовен факт, а друго е дали се плашиш од тоа или со радост го дочекуваш „природниот“ крај. Зошто се плашиме од смртта?
Е да знаеш колку вакви „научно освестени“ и на сто години не сакаат да се сретнат со завршнава фаза, па даваат и шаком и капом за да поживеат барем уште стотина години. И на нив не им се умира златна, се плашат и тие, иако нема непознатица за нив: нели умираш, те закопуваат, ќе скапеш во земја, и повеќе не суштествуваш, не се мачиш, не постоиш. Ама сепак грутка имаат пред умирачка, а не знаат зошто. Па и многу често и совеста интензивно ги ровари, се преслушуваат, евоцираат спомени, жалат за работи кои ги направиле или не ги направиле, ги гризе нешто па бараат прошка од некого, неретко со солзи... За мене овие искуства од луѓе атеисти се феномени за кои сакам објаснување. Онака научно поткрепено.
А оние и научно па и ненаучно освестените кои знаат дека или сидата или ракот ќе ги покоси па своеволно бираат еутаназија? Шу правиме со тие а?
Бидејќи не е реткост да не го живееме животот како што сакаме, затоа се каат. Дали поради општествени стеги, дали поради сопствени психолошки кочници, многу често не го правиме она што го сакаме во животот. И кога сфаќаме дека сме ги пропуштиле шансите и доаѓа крајот, сосема природно е да се каеме за она што (не) сме го направиле. Смртта е сосема природен, нормален и неизбежен процес. Никој никогаш не бил бесмртен бидејќи не е ни возможно такво нешто. Сѐ што живее мора да умри еден ден, за да направи простор за генерациите после него. Природни закони.
Страв од непознато. Ама не можиш да кажиш дека кај неприродната смрт (предизвикана од други фактори, што пред време го скратуваат животот) стравот е ист со природната смрт (од старост). Повеќето и сега сме помирени дека еден ден ќе нѐ нема. Ама сите се плашиме на пример да не загиниме во сообраќајка или од болест. И онака сме пренаселени, што ќе правевме да бевме бесмртни?
Просто е, никој не е 100 проценти сигурен што нѐ чека.И тој што тврди дека душата оди во рај/пекол и тој што тврди дека се реинкарнира и тој што не верува дека постои душа не може да знае дали точно претпоставува. Престануваш да постоиш и тоа е непознато ,страшно, непоимливо...се збогуваш си сите, жалиш за работите што не си ги направил...
Ako site se pomireni so smrta togas zosto cela industriska imperija e izgradena vrz principot na mladosta? Ako site se plasat od smrta samo poradi toa sto mislat deka ne go proziveale zivotot kako sto treba togas zosto bogatite i slavnite frlaat milioni dolari na razubavuvanje,podmladuvanje,skapa hrana i taka natamu?Ete tie proziveale,nadziveale,imale buren zivot(sto i da znaci toa) a sepak ne se pomiruvaat so toa deka treba da umrat. Ako toj ateisticki svet znae deka nema Bog stvoritel,raj/pekol,zadgroben zivot i svesni se deka smrta e del od evolutivniot del na planetata i mora da se umre togas zosto frlaat milijardi i milijardi dolari na medicina za da go prodolzat zivotniot vek?I pritoa sekoj den citaat deka planetata e prenaselena i treba mesto za drugi generacii da ziveat vo komoditet.Sto sekako e totalna glupost i edna obicna laga.Vo svetot mozat slobodno da ziveat 50 milijardi bez nikakov problem.Vo Makedonija moze bez problem da ziveat 12 milioni najadeni luge.
Инцест не е во ред и според мене. Моралот не ми е флексибилен. Едноставно немало инцест на почетокот на човештвото. Инцест има само и САМО онаму каде што има мутирани гени. Кој не ги прифаќа ова, тој/таа не прифаќа биологија, генетика, не прифаќа здрав разум, логика и наука. Со такви не ни праам муабет и точка.
Аман бе само 12 милиони и најадени велиш? А богативе тоа што го прават го прават од помодарство и зошто им се може, ама со парите ретко ќе ја поткупат смртта. Нема бесмртност, не режирајте филмови тука за страдна раја за бесмртност. Кој егоцентрик и саможивник треба да си да фантазираш дека си толку посебен со безгрешни гени вечно да си жив
Оти е крај на се' што знаеш. Не е баш апстрактна појава стравот од промени. А поголема промена од смртта, има ли?
Страв од стареење и страв од смрт не мора да имаат поврзаност. Јас на пример од смртта не се плашам, ама помисла на стареење ме ужаснува. Ова во контекст на муабетот зошто во Холивуд ги фрлаат парите на подмладување.
Болест, болка, разделба? Токму христијанинот не треба да се плаши од смртта зашто Бог му ветува вечен живот. Но, доколку е некој тврдокорен грешник, а притоа знае што мисли Бог за таквите... Ти ја разбирам поентата, во христијанството умирањето и стареењето се всушност казна, но исто според христијанството овој свет е минлив и како таков не треба да биде причина за грижи и стравови.