Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адам и Ева или еволуцијата?

Дискусија во 'Религија' започната од LoVeR, 2 јули 2011.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.596
    Допаѓања:
    39.036
    Пол:
    Женски
    Хм, гените сами по себе не се никаков доказ.Така би требало секој исказ да биде точен сам по себе, a тоа не е случај како што знаеме.
    Кога ќе сум во можност ќе го догледам ова што си го пратила, интересно ми изгледа.
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Нема да речам дека грешиш, туку дека човекот секојдневно истражува и докажува најразлични недокажани работи од областа на вселена, медицина, потекло, физиката, биологија, хемија итн итн, зашто пред се тоа им е и работа на научниците. Ако видиш дека до пред 4 века човекот сметал дека земјата е рамна плоча, сонцето се врти околу земјата, не знаеле за гравитација, исчезнати животински видови и еден тон други работи за кои црквата палела на клада извонредни научници. Библијата, Куранот, Тората се прекрасни книги кој секој би требало да ги прочита и да ги извлече најпоучните нешта за живото, но да оставиме и на научниците да си ја заработат платата.
    Веројатно знаеш дека дека науката во последните 10 години докажа дека има поголема брзина од брзината на светлината, дека се докажаа гравитациските бранови (ајнштајн), дека се изврши телепортација на атом, дека се докажа постоењето на црната материја од која е составена 90посто од вселената.
     
  3. _Schmetterling_

    _Schmetterling_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2020
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    И зарем сето ова треба да го исклучи постоењето на семоќен и исклучително интелигентен Творец?
     
    На Sahlene и turist им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Хемиски реакции се, базирани на физички закони.

    И тоа се учи во основно.
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  5. _Schmetterling_

    _Schmetterling_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2020
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Па не е ни чудно што се' се учи во основно (како дел од атеистички образовен систем), почнувајќи од теоријата на еволуцијата. Знаеш, буквално ништо, во период од милијарди и милијарди години, може да еволуира во човек. Човек што има свест и интелигенција. Важи.
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Јас не исклучувам ништо ниту се борам да докажам дека нешто непостои.
    Борбата е да се докажува дека постои, не обратно. Никој нема корист од побивање, ама човештвото има корист од докази за постоење.
    Не ги спорам ниту Исус ниту Мухамед, ниту Авраам.
    Настанокот на живите битија сигурно не е само од себе од оваа планета.
    Во многу народни култури се гледа на тоа и дека земјата и човекот се настанати, не од Бог, туку од вонземни суштества дојдени од други галаксии. Докази (материјални, плочи, резби, хиероглифи) за ова има и кај Сумерите, и во пирамидите на древните Египјани.
    Значи темата е многу поширока од Адам и Ева или Еволуцијата.
    Еволуцијата е непобитен факт кој и ден денес се случува. Има премногу примери за доказ на еволуцијата, еве два од нив.
    1. Човек од машки пол пред само 1000 години имал многу поголеми дланки, мускули, стапала. Ова е пред се поради начинот на живот, војни, земјоделие, потреба од огромна физичка активност како држење на штит, мач, копје која денес е ретка и се приметува само кај земјоделците или нивните наследници.
    2. Во Јапонија постојат редок вид на бабуни кои до пред 1970 год не е забележано да гњурат под вода. Да, не постои друг примат освен човекот кој гњури под вода. Но под притисок на посилна група примати тие вршат миграција кон северниот дел на Јапонија каде се населуваат на ладни места со врели извори. Таму се приспособуваат да живеат и се документирани дека гњурат под вода.
    Совет, не се обидувај да ја побиваш еволуцијата ако не ја знаеш во темел.
    Бори се за тоа што го знаеш да го докажеш ама не и да го побиеш тоа што површно го познаваш.
     
    На Kitten, Angie1432, Semirr и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Значи, според тебе:
    Се' што работеле стотици илјади научници, е еден гоооооооолем светски заговор, кој се провлекува со милениуми?

    Зошто би лажеле сите тие луѓе, толку долго време?
     
    На Kitten и Semirr им се допаѓа ова.
  8. _Schmetterling_

    _Schmetterling_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2020
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    За полесна манипулација на човештвото.

    Никаде не напишав дека се' што работеле научниците е заговор. Зборувам за настанувањето на Земјата и за теоријата на еволуцијата. Нормално дека научниците, кои се еволуционисти, ќе работат во прилог на таа теорија. Ама пребарај, ќе видиш дека некои од најголемите светски научници биле креационисти. За жал, тоа не се учи во основно. А причината за тоа е спомената во мојата прва реченица од овој пост.
     
  9. Semirr

    Semirr Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    48
    Некои од најголемите научници велиш? Мислиш оние 0.1%?
    12348A77-ABA7-4136-8ABF-120164F5D284.jpeg
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ама, за сето што до сега е научно докажано, ако е лага, тогаш мора сите научници низ вековите да лажеле намерно, за да бидат дел од таа 'манипулација'.

    Не е малку far fetched Аристотел (кој живеел пред повеќе од 2000 години) да бил дел од истиот заговор со Ајншатјн (кој живеел во минатиот век) ?
     
    На Kitten и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.596
    Допаѓања:
    39.036
    Пол:
    Женски
    Е и двете се учат во основно, како не се учат.
    Инаку секако дека и еволуцијата не е совршен модел и има некои се уште необјаснети работи, но постојат убедливи докази кои одат во нејзин прилог. Да бидам искрена, моето знаење за нејзе не е на многу длабоко ниво, така што не би можела да дискутирам за секој можен дел.
    Но, ме интересира колку ти всушност знаеш за нејзе, за волку лесно да ја порекнуваш?
     
    На Sahlene и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  12. _Schmetterling_

    _Schmetterling_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2020
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Ама релевантен извор што постира, Wikipedia. :D:D:D
    Еве да не се мачиш: Исак Њутн, Мајкл Фарадеј, Луј Пастер, Грегор Мендел итн.
     
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки

    Абе пак ти се дрзнуваш да ги препишуваш твоите лични рамноземски убедувања на Библијата и да ги збунуваш оние кои недоволно ја познаваат Библијата, па на тој начин да ги прелажеш дека стварно таму пишува такви работи, па да им се згади од истата?

    Бидејќи излегувам сега, ќе те прашам само да ни посочиш каде тоа во Библијата пишува дека Сонцето и Месечината се со иста големина и дека се локални и дека не се на милијарди километри?

    Бај д веј, науката не вели милијарди, туку Сонцето е 150 милиони километри оддалечено, а Месечината 384 илјади километри. Ама ајде, пиши ни каде се вели во Библијата тоа, во која книга, која глава и кој стих :)

    п.с. И не ми се верува дека уште не си се отрезнил од рамноземската заблуда. Неколку познаници што забегаа по тоа, уште од пред некоја година се отрезнаа од тоа.
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Неможеш во ист кош да ги ставиш сите научници и квази научници исто како што неможеш во ист кош да ги ставиш сите религии
    Што е со будизмот, хиндуизмот, зороастраизмот, таоизмот, па некои дури и конфучијанизмот го сметаат за религија.
    Е сега, ајде правиме поделба кај христијанството и исламот.
    Кој е во право?
    Католиците, протестантите, евангелистите, методисти, протестанти или сунити, шиити, суфисти?
    Сите имаат позитивни гледишта со различни правци кон начинот на живот.
    Но сите се противат на различноста на Бог во друга религија.
    Неможе туку така да кажеш Бог.
    ОК, Бог, но по чие движење или религија?
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  15. _Schmetterling_

    _Schmetterling_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2020
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Атеист ли си? Доколку си, нема смисла да ти одговарам на прашањето.
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Оти?

    Нели поентата на објаснувањето е да го информираш некој што не знае?
     
    На Sahlene, Star_dust и Angie1432 им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Еве една скромна листа од над 1000 научници, академици, универзитетски професори, доктори на науки, биолози, хемичари, биохемичари, микробиолози, медицински доктори итн. кои не ја веруваат теоријата на еволуција.

    https://dissentfromdarwin.org/

    Листата секако дека не е целосна, бидејќи јас само во Македонија знам 4 универзитетски професори (доктори на наука) кои се немаат потпишано на оваа петиција, а не ја веруваат еволуцијата. Едниот дури и напиша цела книга против еволуцијата.
     
    Последна измена: 12 септември 2020
    На turist и _Schmetterling_ им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.596
    Допаѓања:
    39.036
    Пол:
    Женски
    Не сум, а каква врска има тоа со моето прашање?
    Јасно те прашав, колку си информирана?Затоа што за да зборуваш/ дискутираш за нешто треба прво убаво да си запознаен за проблемот, а не само површински, а особено за ваков topic што е инаку многу комплексен и опширен.
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Ау, човеку, го предизвикуваш ни помалку ни повеќе Исак Њутн?!?!
    Ајде, од каде да почнеме за него.
    Закон за Гравитација!
    Најголемиот физички закон во целата вселена!
    Бујрум, релевантен научник, професор, верски лидер или незнам кој што може да го побие и кој што ќе го натера цело човештво да престане со изучување на ово закон.
    Што имаш учено, читано низ живот?
    Инаку во неколку манастири во Македонија има фантастични монаси-физичари, кои верувај се повеќе научници отколку рамноземци. Да тие веруваат во Бог, исто како и јас, но Бог не е човек со бела брада.
    Убаво би било некогаш доколку си во можност да прочиташ за Богомилите.
    Тие се првите протестанти во светот уште во 9-10 век. Се појавуваат во Македонија и го следат патот на Исус. Таму нема рамна земја, Бог со бела брада, таму природата е Бог, се околу нас, борба против монархии кои наметнуваат власт, борба против црква која сака да владее со народот.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Вака, дарвинизмот е само една основа на која и ден денес се надградува теоријата на еволуција. Далеку од тоа дека Дарвин бил 100посто точен во тоа што го тврдел, Но дал одлична основа за неколку нови гранки во науката, како еволуција, Антропологија, Етнологија и неколку подгрупи на науки.
    Еволуцијата постоела, постои и ќе постои, тоа не е нешто магично, тоа е прилагодување на живото битие кон одредена животна средина или негово исчезнување или мутирање( што е нешто сосем ново како наука но на основ на еволуцијата, бидејќи да не е докажана еволуцијата никогаш нема да е докажана мутацијата како нешто паралелно на еволуцијата, со прости зборови)
    И конечно, барем на Пмф, се учат многу теории и теореми на настанок на земјата и животинските видови, но сите теории од други научници од 18 и 19 век се смешни од денешна гледна точка и се пробиени и освен таа на Дарвин која и ден денес се надградува и изучува во демократски општества. Ако не Дарвин, тогаш кој да го изучуваме?
    Кој друг научник има подобра теорија од Дарвин?
    Еве јас не знам
     
    На candy.cane и Kitten им се допаѓа ова.