Адам и Ева или еволуцијата?

Discussion in 'Религија' started by LoVeR, Jul 2, 2011.

  1. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Joined:
    Feb 26, 2016
    Messages:
    1,322
    Likes Received:
    11,338
    Gender:
    Male
    Ама до вчера незнаевме ни за црна материја, еве се докажа. Незнаевме ништо за планетата Марс, еве се пратија ровери кои секојдневно испраќаат фотографии, докази, се вршат истражувања.
    На крајот, човекот е едно од многуте суштества на планетава кое постоело, незначи дека се ќе открие и дознае.
    За споредба диносаурусите постоеле повеќе од 160 милиони години со драстични промени од почетокот кон крајот, на крај ги уништил метеор и тектонски нестабилна планета.
    Докази за најстар предок на човек се 9милиони години (човекот од Чад), и кој гарантира дека после сите овие војни, вируси, земјотреси, урагани, човекот ќе опстане на планетава подолго од диносаурусите. Јас велам уште 200год, не повеќе... За жал
     
    Angie1432 likes this.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,245
    Gender:
    Male
    Можеби јас и ти не сме толку далеку во разбирањето на еволуцијата. Јас воопшто не оспорувам мутации, наследување и природна селекција (прилагодување). На магистерски сум биоинформатика и имам предмети како молекуларна биологија, генетика, протеомика, омилени ми се овие. Она што јас... ок не сум битен јас, она што илјадници научници (кои не ја веруваат еволуцијата) оспоруваат е тоа дека мутациите можат да создадат нови комплексни органи и со тоа нови животински видови. Молекуларниот биолог Д-р Мајкл Бехе многу добро ја поби оваа теорија преку методот на „нередуцирачка комплексност“ (irreducible complexity), каде што покажа дека многу органи (на макро и микро ниво) се всушност составени од многу комплексни и зависни органи и за да тој орган функционира, би морало сите негови делчиња да биле едновремено настанати... што е еквивалент на МАГИЈА како тоа сите тие корисни и делотворни мутации настанале едновремено и на исто место.
    А и фосилниот запис, за кој врвни еволуционисти признаваат дека не покажува градуална еволуција, директно ја побива тезата дека животните постепено преминувале од еден вид во друг. Впрочем и затоа потребата на нови верзии на теоријата (како онаа за „прекината рамнотежа“), токму поради тоа несогласување на фосилниот запис со теоријата.

    Теоријата на Дарвин се проби затоа што е единствено бесконкурентно натуралистичко (природно, материјалистичко, безбожно) објаснување за тоа како би можел да настане животинскиот биодиверзитет (и човекот) без присуство на Бог. И нормално, кога внесуваш едно чоколадо, во земја која не видела друго чоколадо, нормално дека тоа ќе и биде најубаво и сите обожаватели на благо ќе го купуваат и консумираат :)
    Но за теистите, кои не се ограничени во натурализмот, таа не е единственото објаснување. Ако Бог постои и ако тој одлучил да ги создаде животинските видови со директна интервензија, тогаш тој чин воопшто не е ненаучен. Напротив, целата медицина е втемелена на идејата дека органите имаат свој дизајн, своја функција, па затоа и научната дејност се основа на тоа да се открие функцијата на одреден орган или систем, зависноста негова со другите системи, а потоа и да се корегираат нефункционалните системи. Ако се е хаотично, случајно, бесцелно, тогаш и целата наука ја губи самата смисла.

    А и Дарвин нема што да се изучува. Теоријата на Дарвин е убава приказна, убави цртежи, но таа на никој начин не помага во ниту една практична научна дејност. Теоријата на Дарвин се учи неколку саати и толку. Дури и да е вистина, знаењето што настанало од што, не помага никако во пракса, освен онака информативно, да ти се најде во некој квиз или крстозбор :)

    Па ја би рекол секој друг чии теории се докажани. Башка Дарвин е застарен, еве ти нови cutting edge врвни научници како овој Џејмс Тур, со еден куп практични пронајдоци и патенти. На ова видео зборуваат баш за генеолошките Адам и Ева, ако имаш време ќе ти се допадне сигурно
     
    Роберт 7 likes this.
  3. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Joined:
    Feb 26, 2016
    Messages:
    1,322
    Likes Received:
    11,338
    Gender:
    Male
    Ти благодарам на исцрпниот одговор на основа на теории и факти.
    Сега ме натера да се вратам 15 години назад и да повторам Биолошка Антропологија за да можам да ти дадам конкретен одговор:D
     
    EvAngelos likes this.
  4. turist

    turist Истакнат член

    Joined:
    Sep 26, 2015
    Messages:
    207
    Likes Received:
    443
    Gender:
    Male
    Тие физички закони во природата некој ги воспоставил. Некој кој бил пред Биг Бенг (иако тоа е само теорија, која исто и голем број научници ја негираат) и после се, кој е бесконечен.
     
    Sahlene likes this.
  5. turist

    turist Истакнат член

    Joined:
    Sep 26, 2015
    Messages:
    207
    Likes Received:
    443
    Gender:
    Male
    Настанокот на живите битија сигурно не е само од себе од оваа планета.
    Во многу народни култури се гледа на тоа и дека земјата и човекот се настанати, не од Бог, туку од вонземни суштества дојдени од други галаксии. Докази (материјални, плочи, резби, хиероглифи) за ова има и кај Сумерите, и во пирамидите на древните Египјани.

    Да претпоставиме дека е така, иако не е тоа тема на прашањето, како и кој ги создал тие вонземни суштества, и кога конечно ќе ни се претстават. Оставиле ли некои подетални информации што можат да состават една логична целина?

    Еволуцијата е непобитен факт кој и ден денес се случува. Има премногу примери за доказ на еволуцијата, еве два од нив.
    1. Човек од машки пол пред само 1000 години имал многу поголеми дланки, мускули, стапала. Ова е пред се поради начинот на живот, војни, земјоделие, потреба од огромна физичка активност како држење на штит, мач, копје која денес е ретка и се приметува само кај земјоделците или нивните наследници.
    2. Во Јапонија постојат редок вид на бабуни кои до пред 1970 год не е забележано да гњурат под вода. Да, не постои друг примат освен човекот кој гњури под вода. Но под притисок на посилна група примати тие вршат миграција кон северниот дел на Јапонија каде се населуваат на ладни места со врели извори. Таму се приспособуваат да живеат и се документирани дека гњурат под вода.
    Совет, не се обидувај да ја побиваш еволуцијата ако не ја знаеш во темел.
    Бори се за тоа што го знаеш да го докажеш ама не и да го побиеш тоа што површно го познаваш.

    Еволуцијата постои, да. Но рволуција во својот вид и род. Преминување од еден во друг вид, од еден род во друг ниту имало, ниту ќе има. За сите обиди такво нешто да се воспостави се наоѓа одговор. Сеуште се седи на гранката која ја накалемил Дарвин на кој нешто му текнало кога науката не била толку развиена и упорно се турка да се одржи таа теорија, само заради суетата на човекот што не може и не сака да прифати нека има нешто "поголемо" од него.

    Сепак да се вратиме на темата или ова да го распишеме во друга соодветна тема.
     
  6. turist

    turist Истакнат член

    Joined:
    Sep 26, 2015
    Messages:
    207
    Likes Received:
    443
    Gender:
    Male

    Во сите религии само еден се дал себе си како жртва за спасување на сите оние кои ги создал и од сите религии само во една религија има СПАСИТЕЛ кој ВОСКРЕСНАЛ. Ама тоа е за во друга тема и не се објаснува со неколку реченици.
     
  7. turist

    turist Истакнат член

    Joined:
    Sep 26, 2015
    Messages:
    207
    Likes Received:
    443
    Gender:
    Male
    Нежива материја. Може да функционира само со соединување во жива материја (клетка).
     
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Joined:
    Jul 26, 2016
    Messages:
    2,593
    Likes Received:
    4,652
    Gender:
    Male
    Енохова книга друже, овај поклонувачу на Мартин Лутер Кинг...И таа книга е дел од Библијата и никој нема право да исфрла и додава книги бидејќи со одредени нешта не се сложува. Библијата е една...
     
    Kimberly11 likes this.
  9. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Joined:
    Nov 10, 2015
    Messages:
    910
    Likes Received:
    1,221
    Gender:
    Female
    Аκо хомо хомо сапиенсот е следбениκ на хомосапиенс κаκо може неандеρталецот да не е пρетходниκ на хомо хомо сапиенсот? @Роберт 7

    Во училиштето сите се атеисти :D :D
    Ти знаеш ли неκој побожен учениκ..пρиρода е тоа...:)

    Епа тоа е виша сила.. и јас лично ги сметам за една неубава енеρгија.
    Тие што ја подρжуваат еволуцијата на Чаρлс Даρвин и медицината се повеќе пρеоρиентиρани и посветени на пρиρодно-математичκите науκи.
    Додеκа оние κоишто сметаат деκа Бог ги создал луѓето повеќе ги саκаат општествено-хуманистичκите науκи. И во двата случаеви станува збоρ за нејзинито височество науκата...:) :D :D
     
    Last edited: Sep 13, 2020
  10. turist

    turist Истакнат член

    Joined:
    Sep 26, 2015
    Messages:
    207
    Likes Received:
    443
    Gender:
    Male
    Господ не настанал, Тој постои одсекогаш. Без почеток и без крај. Човекот затоа што е конечно (и ограничено) суштество не може целосно да си ја објасни и сфати бесконечноста.
     
  11. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Joined:
    Jul 26, 2016
    Messages:
    2,593
    Likes Received:
    4,652
    Gender:
    Male
    И уште 1000 пати да им го кажеш ова пак ќе го добиваш истото прашање бидејќи во нивните глави Бог претставува стар дедо кој ги чека умрените и ги праќа во пекол и рај.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,309
    Научна теорија. Со потврдени факти.

    Чекам и Бог да стане научна теорија.
     
    Sahlene likes this.
  13. turist

    turist Истакнат член

    Joined:
    Sep 26, 2015
    Messages:
    207
    Likes Received:
    443
    Gender:
    Male
    Колку и да се нарекува научна, нема експериментална можност да се потврди ниту историска трага. Се е на темел на претпоставка. Од "почетокот" низ сите тие милијарди години се само претпоставки какви би можеле да бидат условите и хемиските процеси. Еден лавиринт во кот тешко дека може да се добие точен потврден заклучок.
     
    _Schmetterling_ likes this.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,245
    Gender:
    Male
    Друже, во ниту една Библија во светот ја нема таа книга на Енох. Затоа МАНИПУЛАЦИЈА и ЛАГА е да велиш „Библијата вели вака, Библијата вели така...“, а притоа да мислиш на книгата на Енох. Манипулација е бидејќи некој ќе си помисли дека навистина во Библијата ги пишува тие глупости (со извинение).
    За вакви лаги и манипулации би бил и баниран на некој сериозен форум.
     
    Alisa22, Роберт 7 and turist like this.
  15. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Joined:
    Jul 26, 2016
    Messages:
    2,593
    Likes Received:
    4,652
    Gender:
    Male
    Ајј па уште и за банирања кажуваш ти а вршиш протестантска пропаганда овде и плукаш воглавно по православието. Друже, твојата црква, твоите свештеници и воѓи ја исфрлаат таа книга како и многу други бидејќи напишаното внатре НЕ ИМ одговара. Истото важи и за католичката и православната црква.
     
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,728
    Likes Received:
    10,245
    Gender:
    Male
    1. Лажеше дека си на теолошки факултет, а те фатив како не знаеш најелементарни работи од Библијата.
    2. Лажеше дека Исус и апостолите не пиеле вино. Откако ти покажав дека пиеле, немаше достоинство ни да се извиниш (не на мене, туку на луѓево од форумов кои ги манипулираш).
    3. Сега лажеш дека рамноземските глупости ги пишува во Библијата, ама кога налета на некој што солидно ја познава Библијата и кого не можеш да го манипулираш, одма ја смени изјавата дека всушност тие се од книгата на Енох - книга која не е дел од ниту една Библијата во светот, ниту пак дел од еврејскиот канон на стариот завет. И како можеш да кажеш дека ја исфрлиле, кога книгата на Енох никогаш не ни била дел од ниту една Библијата во светот?
    4. Плус ме клеветиш

    Секој човек што верува дека Земјата е рамна плоча треба да посети психијатар, ама ти треба да посетиш и поради ноторно лажење.
     
  17. turist

    turist Истакнат член

    Joined:
    Sep 26, 2015
    Messages:
    207
    Likes Received:
    443
    Gender:
    Male
    Никогаш не ни била во канонските книги па да биде исфрлена. А кога ја составувале Библијата не биле собрани "јас, тате и бате". Имало "здрави" луѓе. И ако били битно тилку многу зар Бог не е моќен да го води тоа дело.
     
    EvAngelos likes this.
  18. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Joined:
    Nov 10, 2015
    Messages:
    910
    Likes Received:
    1,221
    Gender:
    Female
    ^Сите сме гости на овој свет. @turist
     
  19. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Joined:
    Jul 26, 2016
    Messages:
    2,593
    Likes Received:
    4,652
    Gender:
    Male
    Докажи дека лажам буразеру. Да не сакаш идентитет да ти откријам на анонимен форум? Мало сутра што вика зајко. Пиеле вино може во твојата библија преведена од грчки на бугарски па српски па ерменски па македонски и на крај да не заборавам реформирана од некој револтиран човек и ајде тоа е вистинатааа. Да не заборавам дека и целибат не е ок за вас, а самиот Исус живеел така. Не туку трескај зелни туку ајде флаерите под рака и од врата на врата.
    Секој човек кој е упорен до тој степен што оди од врата на врата да пропагира што рекол некој Мартин, и не се разбира од збор кога ќе му кажат дека не се заинтересирани а тој пак им нуди флаери и се тоа поради лични интереси не е добар ментално и треба да се лечи и санкционира. Секој кој бизнис прави во име на Бога е болен. Туку има кој да суди. И да не заборавам дека секој кој верува на слики направени во фотошоп од група на луѓе кои велат дека тоа мора да биде фотошопирано а маса верува е тие се испрани мозоци друже.
     
    Sahlene likes this.
  20. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Joined:
    Jul 26, 2016
    Messages:
    2,593
    Likes Received:
    4,652
    Gender:
    Male
    Не била во католицизмот православито и други ограноци кои воглавно настанале од причини меѓу кои контрола над народот и слично. Католиците веруваат и во чистилиште па во Библијата нема никакво чистилиште, а сите знаеме дека се најбројни меѓу христијаните нели? Значи според нив колку платат твоите толку ќе ти бидат простени гревовите кога ќе заминеш од овој свет. Фарма за пари.
     
    Роберт 7 likes this.