Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адам и Ева или еволуцијата?

Дискусија во 'Религија' започната од LoVeR, 2 јули 2011.

  1. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Никаде не била. Значи стварно шириш пропаганда и лаги за неинформирани. Библијата а особено Стариот Завет не е канонизирана вчера или завчета од католици и православни. Тоа е Свето Писмо на Бог, а Тој е моќен да тоа што е важно за спасение да биде во тоа писмо. И не поистоветувај Свето Писмо со католицизам, православие и протестантизам. Таа книга што ти ја спомнуваш никогаш не била во канонот на Светото Писмо и никој не ја спомнал во него.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Точно, не е канонизирана од страна на православието и католицизмот бидејќи не им одговарало што пишува таму. Има и многу други книги инаку, не е само таа. Пропаганда не вршам само објаснувам во што верувам јас. Јас не терам некого да верува во она што го кажувам.
    На пример луѓето се чудат од каде се ископуваат скелети од луѓе од по 4+ метри кои се уништуваат намерни и имаш докази за тоа по интернет. А во Еноховата книга ти пишува дека имало човеколики џиновски суштества и од која причина тие постоеле. Уште на почетокот на Библијата објаснет е изгледод на Земјата ама сепак луѓето веруваат во нешто кое потекнува од хиндуизмот тоест сатанизмот.
     
  3. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Секој што читал Свето Писмо и при тоа малку размислувал и истражувал знае дека претпотопните луѓе биле поголеми од денешниот човек, потоа зборува и за големи луѓе, (Нефили) и после потопот, за големи луѓе во ветената земја каде биле вратени израелците. Не е тоа само во Еноховата книга. И што ако знаеме дека имало џинови или не, и ако знаеме дека земјата е рамна или сферна, дали од тоа ни зависи спасението? Што има во таа книга толку важно од што може да ни зависи нашето спасение? Зар навистина мислиш дека ако била толку важна и требало да биде во Светото Писмо Бог не би водел свои луѓе со Свети Дух тоа да го остварат?!
     
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.636
    Пол:
    Женски
    Во 21 век луѓе уште се расправаат дали навистина во книга од пред 2000 години има и дел каде пишува дека Земјата е рамна и имало џинови и врагови, или валидно е само тоа дека Бог од земја створил цел комплексен организам и од неговото ребро женка... не бе, не сте реални човече :D

    [​IMG]
     
    На Lella, GrimTheReaper, neno0o и 6 други им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    @turist дискусијава со Vitaly гледано од страна навистина изгледа бетер и од дискусија со овие од лгбти центаров. Едностано не ни доликува да дебатираме во 2020 за тоа дали Земјата е рамна. SpaceX се подготвуваат да одат до Месечината во 2022 (за неполни 2 години!), а во 2024 и на Марс, а ние овде ќе дебатираме дали Земјата е рамна плоча :D
    Остави го, нека си верува, нека си биде посебен и уникатен со своите специфични верувања, ако тоа го исполнува да биде уникатен и поразличен од другите. Единствено ќе треба да го корегираме кога ќе манипулира со термините, како ова со неговата „Енох-Библија“, за да не ги заблуди некои неупатени кои би помислиле дека стварно на Библијата мисли, бидејќи го користи истиот збор - Библија.
     
  6. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Друже, оди дели флаери и пропагирај што кажал Мартин...
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Теорија во науката се потврдува со обсервација, експерименти, калкулации и научни докази.

    Една 'проста' финта:
    Колку подалеку во универзумот гледаш, толку поназад во времето гледаш.

    Никој не би паничел ако теоријата за Биг Бенгот испадне недокажлива.
    Тоа е разликата меѓу догма и наука.
     
    На Asparagus, candy.cane, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Не се сложувам. А одговорите ти се дадени на тацна, само треба да сакаш да побараш. Еве ти примери на животниска еволуција кои преминувале од еден вид во друг, па дури и од една класа (што е систематски повисока категорија) во друга:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Исто така многу важна алка за докажување на еволуцијата се ембрионите, кои кај скоро сите животни изгледаат исто.
    [​IMG]

    Па една моја професорка пред неколку години откри нов вид на полжавче во Охридското езеро кој до тогаш не бил никогаш детерминиран на планетава.

    А меѓу другото... Некој ја прочитал ли книгата Потекло на видовите, или освен Библијата не постои друга литература? :^)
     
    Последна измена: 14 септември 2020
    На theowndemon, GrimTheReaper, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    За такви книги треба мислење.

    Религиозните книги и разните толкувања на истите се полесни, затоа што се со веќе 'готови одговори'.
    Нема математика, нема физика, нема хемија, нема биологија....
    Универзумот е буквално 'посаден' од волшебство, и нема што да се обидувате да ги разберете 'патиштата Божји' (а.к.а. нема што да мислиш ти, не е тоа за тебе)
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    39.011
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам, и религиозните книги(општо) треба да се толкуваат и да се размислува.Без разлика дали одиме со мислата дека е точно или не.Ти и кога читаш книга што има готови научни сознанија, ги прифаќаш како точни, не размислуваш за науката позади нив, всушност не мораш ни да ја знаеш - зборам за оние што се понудени за поширока популација, не за стручни книги.Овие вториве, што се порелевантни, реално ги читаат само оние кои го учат тоа и се директно инволвирани во областа.
     
    На turist, doubleg и EvAngelos им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Размислувам за науката позади нив.
    Секогаш.
     
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Ова е познатата ткн. „Измама на Хекел“ (Haeckel’s Fraud), една од најголемите измами во науката која и на почетокот го засилила ширењето на Дарвинизмот. Хекел земал еден ембрион и го пресликал (речиси со copy-paste) и потоа под секој од тие ембриони напишал различни имиња на животни, со цел да си ја докаже својата замислена поента :) И овие лажирани цртежи се нашле речиси во сите учебници по биологија
    Докази за оваа измама имаш насекаде :(
    https://www.newscientist.com/articl...d-embryo-illustrations-led-to-drawn-out-lies/
    http://home.uchicago.edu/~rjr6/articles/Haeckel--fraud not proven.pdf
    https://evolutionnews.org/2015/04/haeckels_fraudu/

    Еве има дури и цела книга напишано за оваа измама: https://www.amazon.com/Haeckels-Embryos-Images-Evolution-Fraud/dp/022604694X

    Да, ја имам прочитано, дома ми е. Читам и други книги, од поширок спектар. Не дозволувам да бидам индоктриниран само од одредена пропаганда, туку објективно ја истражувам научната вистина. Позз.
     
    На doubleg му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Напротив, многу научници, многу основоположници на науките, тврделе дека баш верата во Бог и верата во интелигентен дизајн зад творбите во Универзумот им било инспирација и мотив за нивното истражување.
    Доколку се е случајно и хаотично настанато (како што тврди атеизмот), тогаш се губи и самата смисла на барање на некаков дизајн зад тие творби. Но, ако претпоставиш дека Некој го создат тоа горе и поставил ред и дизајн во него, тогаш има смисла и да го бараш тој дизајн. Истото важи и за живите организми. Идејата дека сме создадени со план, дизајн и дека нашите органи имаат целисходност, тоа ги мотивирало и научниците да ја бараат и функцијата на тие органи, за разлика од еволуционистите кои често пати се откажувале во таа потрага под изговор „можеби ова е закржлавен орган од еволуцијата“. И додека ваквите мрзливи научници лесно се откажувале, научниците верници им ја пронашле функцијата на стотина ткн. „закржлавени органи“ во човечкото тело (пример за ова тие ткн „слепо црево“).

    „Колку што повеќе ја проучувам природата, толку повеќе Му се восхитувам на делото на Создателот." (Луј Пастер)
    „Науката ги доближува луѓето до Бог“ (исто така Луј Пастер)
    „Сите мои откритија беа резултат на молитва“ (Исак Њутн)
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Има научници кои се побожни.
    Тоа не значи дека има доказ дека Бог постои.
     
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Не можеш да кажеш „има“ за некои кои се убедливо мнозинство :) Можеш да кажеш „има, или тук-таму се наоѓа по некој научник-атеист“ и дека постоењето на таквите научници не е доказ дека Бог не постои ;)
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Абе и сите да се, пак нема доказ дека Бог постои.
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Едно нешто никогаш не ми било јасно: Зошто богот христијански не сакал човекот да јаде од дрвото на сознанието? Што е знаењето што го добил што било толку опасно и резервирано само за бог?
    Еден филозофски роман што скоро го читав за прв пат ми даде одговор што може да го прифатам и ми е сосема разумен, додека ни еден христијанин досега не ми го понудил истиот. Ме интересира, @EvAngelos што според тебе е опасното знаење со кое се здобил човекот?
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  18. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Докази за постоењето на Бог има насекаде околу нас. Само што чевекот не сака да и види, ги препиѓува на некоја натприродна сила, или на природата, или на случајноста...само заради големата суетност не сака да признае постоење на личност посупериорна во секој поглед од него.
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Тоа не се докази дека постои Бог
     
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Не се работи ниту за суета, ниту за его. Туку рационално објаснување. Доказ за постоење на Бог нема, доказите се само усмени теории. Јас верувам во она кое што ќе го искусам со своите сетила. Додека доказот за еволуција е факт.
    Човековата и животинската раса секој ден еволуира. Доволен доказ е самата морфологија на џвакалниот систем и органи кои се рудиментирани поради разни промени, исхрана, клима, итн.
    Самиот момент дека Адам и Ева имале свои потомци, кои подоцна меѓу себе создавале потомци е конфузен. Науката и биологијата докажале дека од инцест не е возможно да се роди нормална единка. А кај повеќето мутации има и стерилност, што значи дека не би постоело човештвото доколку потекнуваме од инцест. Во Библијата целосно го занемариле тој факт, поткрепен со огромни студии.