Како тоа дека теоријата зе еволуцијата стана факт кога не е докажана со релевантни докази? Фактот за потомци од Адам и Ева и рационален според нивниот создател како совршени единки и цнепостојната можност да се поклопат исти грешки во гените бидејќи на почетокот биле совршени. Па и самото човештво и според Библијата и во реалноста гледаме дека оди од совршенство во деградација, како и се во природата. Тоа го докажуваат физичките закони и хемиските реакции спротивно на она што се смета дека од некаков хаос, експлозија настанало совршен систем
Да не беше еволуцијата, сега ќе одеше на четири нозе и ќе живееше на некоја гранка и наместо да чукаш на тастатура, ќе чукаше со камења да направиш оган. А и онака последните два пара ребра не се круцијални за живот, можел четири жени да создаде и повеќе ми имало логика, него со една. Дали е објаснета генетиката во Библијата? Или само пишува дека биле совршени?! Тоа доволно е за тебе да поверуваш?
Доволно е. Да немаше творец немаше ни светот ни животот да постои. Природата неможе да создаде информации (и тоа така со таков ред). Може да настанат само во ум на интелигентно битие.
Адам е создаден од земја. Како доказ на тоа е тоа што сите елементи кои ги има во човечкото тело ги содржи и земјата. Ева е создадена од неговото ребро. Како доказ за тоа пример е тоа што научници денес од матички клетки создаваат цели органи за трансплантација, така да за Бог кој е семоќен не е проблем исто од ребро кое содржи матични клетки да создаде човек.
Маж и жена заедно може да создадат бебе. А живот не. Животот тоест душата ја дава Бог. Може рецепт како се создава живот? Секој според своите убедувања. Поголема фантастика од биг бенг и теорија на еволуција нема. Ич не ги прашувај, се гордеат со тоа.
Сите елементи што ги има човекот, земјата итн. се создадени со нуклеарна фузија во ѕвездите. Ѕвездите се вистинските богови.
Следно што е? Дека од ништо од една честица цел универзум настанал? Хиндуистичко верување, ама кој да провери информацијата во која верува. Штом маса се пали на тоа и верува значи е вистина, нема гајле. Ова е исто како да речеш дека телефонот кој го носиш во џеб нема творец, туку настанал сам така милијарди години еволуирал од парче пластика и метал.
Ти треба една матка прво па во неа да израсне тој нов живот Пенисот коски нема, ама коси крши. Т.е. јазикот беше
Не ми треба матка, жена ми е потребна за да создадеме бебе, а духот на тоа бебе го дава Бог. И едуцирајсе што е живот а што тело. Најдобронамерен совет. И незнам што спомнуваш пениси овде. Те тера на агресија кога читаш луѓе со поразлични ставови нели?
Девојко, медицина си завршила, а немаш поим што е еволуција, на чија основа и медицината и фармацијата и генетиката се базирани. Теоријата на еволуција не тврди дека од мајмун настанал човек девојко, туку дека дека имаат заеднички предци...еволуцијата е процес на прилагодување и адаптирање на живите организми на околината со цел да преживеат. И не е тоа процес што се случува за 2 саати, туку во текот на илјадници генерации, а не ко ти што си замишљаш легнал мајмун и се разбудил човек. Инаку еве ти еден многу прост пример за еволуција - се повеќе луѓе се раѓаат без умници. Зошто? Зошто исхраната на модерниот човек се променила и веќе нема потреба од тие заби, кои не само што веќе немаат функција туку често прават и компликации. Или ти мислиш дека на Господ му снемува материјал па чат пат штанца луѓе без умници? И те молам објасни ми како медицинско лице дали мажите имаат едно ребро помалку од жените, нели Ева од ребро била создадена?
Боже мили па еволуцијата е само теорија и не ја притерувајте секаде. Има научници креационисти кои исто така студираме медицина и слично..