Со Кимберли го пишуваа на враќање од литургија. Леле и антиваксер бил...сигурно верува и во рамна земја.
Ова со Нанулакот е сепак поразлично од советските научници на времето пошто ова е природно. Природно му се менува околината и према новите создадени услови животните се прилагодуваат. Гризлито ќе преживеј, ама поларната мечка нема да преживеј. Ама секој вид има нагон да преживеј, плодењето спаѓа под нагон на преживување и за себе и за својот вид во целост. Шо значи, поларната мечка се плоди со друг вид, за дел од неа, оние силните делови од неа - да преживеат и продолжат во некој нов вид макар. Тоа е причина зошто и ова спаѓа под еволуција. И многу видови кои постојат денес се настанати на овој начин, не е само со постепено менвање на еден вид, туку и спојка од други. Не сите хибриди „функционираат“, ама некои дефинитивно преживеале со причина.
@Kimberly11 еве го дејчево кај мене в раце плаче оти не му вервате дека од мајмун сне праени. Одвај некако ја смирив со шејчер и војца. Илала имало Господ. За верувањево, секој има право да верува во што сака. Како што ти веруваш во еволуција и професија.
@Vitaly а кога ќе програмираш генетски алгоритам ќе чекаш Господ да ти го создаде или ќе моделираш еволуција? Патем, да. Научник сум. Така ми вика дипломата, јбг.
Ти можеш и во гравитација да не веруваш ама ако паднеш од седми спрат ќе се сплескаш ко питулица..така да фактите си се факти, без разлика на твоите или било чии верувања. Науката не оперира со верувања.
Ок... Како некои бактерии во текот на последниве 100 години станале резистентни на некои антибиотици? Или дошол госпО, ги земал тие послабите и на нивно место скришно ставил други?
Сериозно ова? Ако имам диплома ќе бидам научник? Кој кажа тоа? Успут фала шо ме мотивира да се запишам факултет. Е тука барем, права си.
Тоа Аспарагус да ја прашаш. Таа се бави со еволуција, медицина, физика, биохемија, хемија, гравотација, и незнам др шо.
И комшијата има диплома за програмер па не е програмер. Наличие на диплома не ве прави тоа што таму пишува. Не се занимавам со програмирање такви ствари и ниту ќе се занимавам во иднина. Тотално небитно. Да, бидејќи јас имам поголема маса од воздухот. Се што е полесно оди нагоре, се што е потешко оди надолу. Никаква сила не влече никакви глупости. Башка тоа што човекот кој ја измислил гравитацијата како математичка формула умрел бидејќи се напил жива, дегенерик на нивоу e тоа. Од таков човек ли да учам??
Не се секирај, си знам јас и јас се бавам со ствариве. Ама вас ве прашувам, може ете моето е погрешно
Ахм, зборуваме за генетски алгоритми. Апсолутно никаква врска немаат со Њутн, кој патем не ја измислил гравитацијата, само ја открил. Ама ја измислил математичката дисциплина калкулус, која глава сечам дека си ја учел. Јбг, сепак си учел нешто што го измислил "лудакот".
Зошто ќе лебдиш во некоја вселенска станица? Слабееш таму или што? Зошто на Месечината паѓаш поспоро?
Чекај, чекај ти и во гравитација не веруваш? Ахахах и зошто одат надолу предметите ако нема гравитација? Плима и осека, кружењето на планетите околу сонцето, кружењето на сателитите...која е причината за тоа ако нема гравитација? Зошто во бестежинска состојба, односно во нулта гравитација предметите лебдат? Искрено не можам да поверувам дека го праам муабетов.
Нема што мене да ме прашува, не ја негирам јас еволуцијата, туку вие, па бујрум објаснете. Дали бактериите мутирале поради нездрав начин на живот, или и ова ќе се сведе на "Господ така сакал", како и секогаш кога се нема одговор?
Јас не негирам ништо. Барам да ми се објасни. Според мојот став. Така било пишано Трајанчо во некој период да нема услови за да води здрав живот. Господ така сакал.