Со муабетиве сте како вмро и сдсм тајфи. Да му е срам на човек да отвори форум. Дали е необично човек да биде верник? Дали ако си верник, автоматски значи дека си глуп? Дали ако си верник, автоматски значи дека си паметен? Дали секој човек кој верува, автоматски верува дека жената од ребро е направена? Дали ако си научник автоматски значи дека си неверник? Дали ако си верник, не можеш да бидеш научник? Дали вие како луѓе имате одговор на секое прашање и објаснување за секој феномен? https://www.famousscientists.org/25-famous-scientists-who-believed-in-god/ Нормално дека верувале, религиозноста била порта кон писменоста. Денес никому не му треба писменост, на сите се им е јасно. Останува уште некој да направи патент на сонцето, се друго е решено.
Предметите одат надолу бидејќи се потешки од воздухот, се што е полесно оди нагоре, на пример хелиум. Доколку учеше физика која не исклучува етер ќе ти беа многу јасни некои работи и во пракса и како експеримент а не само физички формули. Хартија трпи се. Си имам Библија и верувам во божји збор кој вели дека Земјата не е топка која шиба низ бесконечен простор, така да нема потреба да ме цитираш бидејќи имам тотално поразлични ставови. А и во холивудско студио и јас можам да лебдам не е проблем. Студирам ИТ така да со сигурност ти кажувам дека 90% од комуникациите се одвиваат преку кабли. Само најбанално нешто во кое верувате и нема логика ниту е поткрепено со нешто друго освен бројки и форумули на хартија е тоа што верувате дека атмосфера и безвоздушен простор може да се одвојат без физичка бариера. Физички немогуче. Али за ова во друга тема или лп, за да не ја полниме со глупости оваа. Би те замолил да не ме цитираш повеќе тука.
Тоа не е еволуција, туку адаптација во животната средина. Прост пример ти е кога се сончаш. Се активираат меланоцитите и ти потемнува кожата за да те заштити од сончевите зраци. Со тоа се адаптираш, не еволуираш. Тоа е нивен механизам за адаптација на животната средина и преживување. А, ние ако продолжиме да се храниме со антибиотици и дрмаме по 2-3 дози сумамед 'превентивно', ќе се вратиме во предантибиотска ера и ќе испоцркаме од нормалната флора. Си слушнала за нулта гравитација? Јас скрос верувам во гравитација. Ама што мислиш за исхраната на растенијата, спротивно од гравитацијата? Што мислиш за твојот крвоток спротивно од гравитацијата? Да ми си жива.
Болдов, а после него доаѓа пишаното, така? Според тебе не си противречат? Не си противречиш? Си бил присутен кога е пишувана Библијата? Знаеш оти е пишана според Бог? Знаеш дека тоа што е пишано е вистина? СеЗ ху?
Откако се најдени оригиналните списи не трпеле ниту една измена или реформа. Сакам да кажам дека оригинал како оригинал може да се најде и чита, но некои секти си ја менуваат според свои потреби, или исфрлаат одредени книги и списи од неа, ја преведуваат погрешно и слично. Најпрост пример е тоа дека нам како христијани дозволено ни е да пиеме алкохол. Доколку се чита на оригинал тоес хебрејски и се преведува воопшто не е така.
Коковчево што ми седи до лаптоп ви е типичен пример за еволуција. Во нивната природна околина постои само една единствена боја и шара затоа што таа е најмалку препознатлива. Не дека никогаш не успеале да се родат други, единствено не успеале да преживеат. А еден ген, само еден ген одредува дали основната боја ќе биде жолта или бела. Кај домашните птици успешно се задржала мутацијата само затоа што немаат предатори и не им е потребно да се совпаѓаат со околината. 1+1=2, ништо поедноставно.
Теорија*** Ако јас земам жена од Азија и ако имаме бебе тоа ќе биде производ на вкрстување или мелез што би се рекло. Никаква еволуција.
Никаде во дивина не постојат папагали во друга боја освен зелени (жолта база). Бела база е производ на грешка при делба, мутација, која во природата не би можела никако да опстои. Не можеш да одобруваш дел од еволуцијата, а да негираш друг Витали. Многу едноставно е. Особини кои се битни за опстанокот или напредокот се задржале додека оние кои не биле од значење се изгубиле.
Какви списи? Од каде знаеш што пишува на нив? Од каде знаеш дека тоа што го пишува е вистина? Од каде знаеш според кој се напишани, и кој реално ги напишал? Си бил присутен кога се пишувале? Бидејќи нема друг начин со сигурност да се дојде до приказаниве, колку навистина се вистинити. Не се формули за да се потврдат или отфрлат, а само (измислени) стории. Која основа ја имаш за да негираш цела наука, од која и самиот зимаш информации за да си објасниш ствари, и мешаш баби и жаби? Освен желбата да веруваш во тоа што сакаш да веруваш.
А ФАКТ е дека сме настанати од Адам и Ева? Ако пишува во некоја книга дека тоа е така, не значи дека е вистина. И Снежана легна мртва, принцот со бакнеж ја оживеа. Факт, вистина или лага? Барем научниците се дрзнуваат да говорат за теорија, за разлика од теисти кои слепо веруваат во една пишана книга.
Исто е и со еволуцијата која впрочем е само теорија, како и биг бенг и слични глупости. Не само што се теорија туку некои од нив доаѓаат директно од хиндуизмот, тоест сатанизмот. Така да џабе е да спориме и да се навредуваме кој е поглуп а кој попаметен. Бркај работа бидејќи работава е кој во што е по уверен. И не заборавај дека има многу научници креационисти така да не се крсти во науката како нешто контра на Библијата. Библијата и она што е напишано во неа не е ништо што не може да се докаже научно или да се побие еволуцијата, тоест теоријата на еволуција. Мислиш ли дека во она што со илјадници години се верувало и останао неизменето сега ти си најпаметна од сите и ќе го негираш тоа? Не си попаметна туку само веруваш во нешта кои се анти библијски и сатанистички со намера. Незнам зошто не си ја проверувате информацијата дека биг бенг е хиндуистичко верување. Имаш милиони предавања од теолози и креационисти научници кои зборуваат за автентичноста на Библијата така да нема да должам.. За кого како. Тоа и јас го велам. Не е ни вакт дека сме еволуирале од ич ништо. Да ги ставиш на вага нештата и да проанализираш се е јасно. Просто веруваат дека сме настанале од ич ништо од експлозија и сме еволуирале до ова што сме денес. Значи некои суштества застраниле па станале растенија, некои инсекти некои мајмуни а некои луѓе. Вака сложено и комплексно суштество како човек значи од ич ништо настанало само од себе за мислијарди години... Проблемот е што Библијата денес се сервира како бајка и нешто неточно, под дифолт така оди. Никој неможе да оспори дека Библијата може научно да се докаже. Пример ако математички се пресмета растот на популацијата на Земјата и се оди наназад, се доаѓа точно до Големиот потоп. Што е факт дека нема никаква еволуција. Има вакви нешта многу многу но да не должам. Така да не веруваат СЛЕПО не го мантрајте тоа. Еден куп научници има креационисти. Според вас се е грешка и мутација. Не заборавај дека и еволуцијата е теорија. Работава е кој во што е поубеден. Јас не негирам еден дел од еволуција само, цела ја негирам бидејќи и нејзиниот креатор вели тоа е само теорија. Јас неможам да сметам дека еволуцијата е веродостојна кога имаше случки каде беше пронајден заб и на основа на тој заб правено е модел на праисториски човек, најпосле се испостави дека тој заб е свински.
Како еволуцијата е само теорија? Или ти си амеба можеби? Во библијата, СИТЕ истории научно се побиваат, да. Или ти пиеш вода и мислиш дека е вино, и јадеш камења место леб? Како изгледа тоа, слободно сподели. П.С. Само затоа што постои некакво верување, скроз небитно колку долго постои, не означува дека уште некој е должен да продолжи да верува во истото. Особено кога работите се нереални. Воедно да отговорам на твојата точна претпоставка, јас сум најпаметна.
Во тоа е и целата работа што вие сметате дека сте најпаметни а другите се амеби. Исус вели на безбожник и мртви да му станат од гроб тој пак нема да верува така да ништо неможам да направам јас тука, може само свое мислење и став да искажеме и да подискутираме, но тоа секогаш од ваша страна завршува со омаловажување и навреди што покажува колку навистина сте паметни...
Па докажи ми дека грешам. Според последното што си го напишал, еве тоа да го земеме за пример, јас не сум видела никој мртов да отиде некаде. Ти си видел? Каде? Какво е искуството? Каменчињата инаку вкусни се? Сподели и за нив.
А, како дошло да од Адам и Ева настанете ти како бел човек, таа азијатката со коси очи, Абориџините и Ацтеките?