Кога учевме како настанал првиот човек, наставникот ни рече дека повеќе логика има во теоријата на Чарлс Дарвин. Првиот човек настанал од човеколики мајмун и со текот на вековите тој еволуирал во човек. Колку што ме држи меморијата, вака мислам дека беше, ако сум грешка нека ме поправи некој слободно. Инаку, не се замарам јас како настанал првиот човек. Не верувам ни во тоа што се збори за Адам и Ева, ниту во тоа дека сме настанале од мајмуни. Никој не може да потврди со доказ што се случувало во почетокот од нашата ера, непак пред нашата ера.
Си го променив мислењето и сакам да го избришам ова мислење, но не можам, кога не се брише нека си стои. Јас верувам дека сме настанале од Адам и Ева.
Jas mislam deka vo se ima pomalku vistina no golemata vistina e skriena od lugjeto. Mislam deka ja znaat nekoja grupa na luge i se prenesuva samo na odredena grupa lugje. Koj e toj arhitekt na univerzumot kaj masonite? Jas iskreno mislam deka sme naseleni ovde od drugo mesto vo kosmosot, zaradi toa sto vo isto vreme na planetata vo eden del ziveel homo sapiensot a vo drug del na evropa neandertalecot koj bil razvien od majmun a od ednas se pojavuva homosapiens koj podocna se mnozel so neandertalecot. Gledajte na yputube edna hrvatska emisija za dogonite pleme vo afrika koj nikogas ne ja procitale biblijata imaat legenda za postajokot na svetot kade sto adam i ava bile doneseni so ognena kocija na zemjata (vselenski brod)
Дарвиновата теорија нее доказ ниту пак факт ниту пак закон.Таа е само теорија или во превод фантазија или желба да е така или понижување на човекот за по лесна манипулација со него за понатака кога ке дојде време за тоа а евего тоа време си доага.Така да јас би оставил дарвиновите нека одат со мајмуните свињите и незнам што друго кај сакаат од своите прадедовци и предци а Адамовите со Творецот сеачот или големиот и вечен реактор на сили и љубов,креатор уметник научник или Бог како и да го представиваат и да не се караме на нив убаво на нас убаво се супер и во ред,тие со своите ние со своите може така ?
Не може да е доказ, затоа што теориите се базираат врз основа на докази. Теорија не може истовремено да биде и теорија и доказ. Научната дефиниција за теорија не е иста со употребата на зборот теорија во секојдневниот живот. Ми се допаѓа дефиницијата за теорија од Википедија, ги опфаќа сите аспекти што ја прават една теорија - теорија: Научна теорија е објаснување на некој аспект од природниот свет и универзумот кое постојано било/е тестирано и потврдено во согласност со научниот метод, користејќи прифатени протоколи на набљудување, мерење и проценка на резултати. Со други зборови, да речеме дека забележуваш некои податоци во природата. Тие податоци некако треба да ги обработиш, односно да создадеш објаснување/теорија која ги поврзува тие податоци. Потоа ја тестираш таа теорија, односно проверуваш дали тоа е „вистинското“ објаснување за поврзаноста на тие податоци. Колку повеќе пати и на колку повеќе начини тестираш, од различни аспекти и колку повеќе резултатите од тие испитувања се во склад со таа теорија, толку таа е поцврста, односно можеш да си посигурен дека е точна. Се разбира, теориите можат да се прошируваат, менуваат и отфрлаат, меѓутоа сето тоа се прави базирано на реални, забележани податоци, не на чувства/верувања. Оттука, еволуцијата како феномен е факт, односно тоа го покажуваат и го покажале реалните податоци од природата, иако не мора да значи дека сѐ ни е познато или дека не може во иднина да се појави подобра теорија (од Дарвиновата), т. е. објаснување кое ќе ги поврзе податоците. Секако, и покрај сѐ, пак човек може да си го задржи своето верување за Адам и Ева. Повеќе те цитирав заради омаловажувачкото гледиште кон теоријата само заради тоа што се нарекува теорија, иако значи друго од контекстот во кој најчесто го користиме зборот. Инаку, пред да се каже дека ете, теоријата е толкување, кое сепак може во иднина да се протолкува како погрешно, би рекла дека истото постојано се случува во религијата, па не гледам тоа да ја ослабнува верата на верниците. Честопати се вели дека треба „многу за да се сфати Библијата“, дека „некои толкувања што сме ги прифатиле како вакви“ сега велиме „а не, не важи повеќе тоа, всушност ова сака да каже Библијата“, па пак најчесто се одржува верата... Впрочем, во овој поглед, пристапот и на религијата и на науката е сличен. Само кога религијата „греши“, all is good, нема никаков проблем, ќе се прилагоди верникот, а кога науката се коригира себеси (!), се гледа како доказ дека правилно е да не се верува во неа. Тој двоен стандард и несфаќањето како всушност функционира науката, дека не вади работи туку така и од ракав, е тоа што најмногу ми смета во ваквите мислења. Го искористив твојот пост за да си искажам мислење, секако не ми беше целта да те преубедувам да мислиш вака или онака, затоа што скоро па невозможно е да смениш туѓо верување .
Дарвиновата теорија не е фикција,сите теории се засновани врз одредени докази и опсервации на реалниот свет така и неговата.Библијата и Коранот се фикции и приказни.Теориата на Дарвин во однос на еволуцијата е потврдена со докази.Имено геномот на сите мајмуни се состои од 24 хромозоми,секој хромозом на врвот има теломери како и на дното а на средина центромери.Ние луѓето имаме 23 и преку научно истражување е потврдено дека нашиот хромозом број 2 е фактички фузија на број 2 и број 3 хромозом на мајмуните,зошто е многу поголем од другите и на врвот има теломер па центромер па два теломери па центромер па на крај теломер,што јасно укажува на фузија.Инаку сите еволуциски грешки во нашата днк ги има на апсолутно истите места и кај мајмуните.Инаку хромозомите ти се носители на сите наследни својства кај живите организми тие ја формираат днк.
https://kupikniga.mk/product/mala-misterija-stvaranja/ Една добра книга што би ја препорачал на секој ја има и на нет може да се симне во pdf без разлика дали е религиозен или не да ја прочита и да се увери самиот околу настанокот на планетата дали било тоа пред 4 милјарди години како што тврдат еволуционистите и дека од од едноклеточни организми како бактерии настанале повеќеклеточни вклучително и ние луѓето или постои некаква виша сила бог креатор на земјата на космосот и сите живи организми
Mislam deka sme produkt na akselerirana evolucija, ili majmunite pocnale da jadat halucigeni pecurki pa im se zgolemuva kreativniot del na mozokot i se zgllemuva inteligencijata, ili pak nekoj ima vmetnato nesto vo DNA na majmunite i se ubrzuva toj proces. Zatoa sto sekoe zivotno na planetava pokazuva znakovi na odredena inteligencija sto koga bi se dalo dovolno vreme bi zavladeala so planetava. Momentalno nie ljugjeto sme go dostignale toj level, ali za zal nosime povekje steta otkolku dobro na samata planeta. Inace prikaznata za adam i eva ima dosta logika ako se protolkuva od naucen aspekt. Samo sto nas nine toa preneseno na najprost mozen nacin i dosta ilustrativno, kako se razviva tehnologijata ke vidime deka kako vo biolaboratorii nie momentalno mozeme da stvorime zivot. Taka i nas verovatno ne stvoril nekoj.
Моето убедување е дека сме создадени од Бог како први прародители Адам и Ева, соодветно и на мојата религиска припадност.
Сеуште (а мое убедување е дека никогаш) не може да се создаде живот која било биолабораторија. Живо настанува само од живо, основен постулат во науката.
Бог не настанал, постои одсекогаш и засекогаш. Бесконечно битие не ограничено со време и простор. Човекот е конечно битие, има почетна точка и затоа не може да ја сфати целосно бесконечноста. А се стреми кон вечен живот, зашто Аман и Ева (комплетно живиот свет на Земјата) се создадени да живеат вечно. (Тоа е веќе многу дрѕги теми за во други групи).
Основен постулат но сепак теоријата на еволуција се зема како непобитен факт и се изучува по училиштата. Не само што теоријата на еволуција е проблематична самата по себе проблематични се и други гранки во науката што датираат старост на универзумот од милјарди години. Истиот пример го имаш и во астрономијата https://spaceaustralia.com/news/one-way-speed-light Упорно се турка идејата дека брзината на светлината е апсолутна и изнесува 300 илјади километри во секунда а измерено е со одбивање т.е. во 2 правци никој никогаш не измерил колку изнесува таа брзина во една насока од точка А до точка Б ама и ова е земено како факт because the science says so... Можат да се набројат уште еден куп вакви недоследности и демагогии им нема крај ама кому да кажуваш кога народот преферира да верува на лажни авторитети без да се преиспита и провери дали нештото е навистина така или не
Јас никогаш не сум се замарала да верувам во некоја теорија ама кога учев на факс анатомија, уствари човековото тело треба да има 12 ребра а машките тела се со 11 ребра (12тото им е као нецелосно) . Според тоа многу е релевантна теоријата дека мажот е создаден од Бог а од неговото ребро е создадена жената.
па така ни објаснуваа. Дури и на лешеви ни покажуваа 12тото ребро било нецелосно уствари кога ќе се сетам и на некој документарец слично нешто имам слушнато така да.... Ко у шта биле нека верује