Многу паметен човек бил и многу напред во своите сваќања , нели некогаш генијалноста се граничи со лудост јас за овие експерименти прв пат слушнав http://www.wired.com/wiredscience/2012/05/st_darwinfaces/?pid=3709 Какви се тие докази може да ми посочиш извори ? Докази за Адам и Ева јас досега немам слушнато , јас мислам дека во таа приказна се крие сосем некоја друга метафора и многу би сакала да прочитам за такви докази и архиви доколку ги има ? Некој со трета опција за сваќање на потеклото наше има ли да слушнеме . Барем јас многу сакам Или пак метафората за Адам и Ева да ја објасни од свој аспект
Јас верувам дека сме настанати од Адам и Ева зошто пред се верувам во Бог,чудно е да се прифати дека сме настанати од едно ребро,но самата планета и универзум се едно мистично ,,место''..Па зашто би ми било чудно дека потекнувам само од двајца луѓе..
Човекот настанал од мајмун?? хонстли?? Кој верува во БОГ , верува и дека сме настанале од Адам и Ева , затоа што сите верници знаат колку е голем/силен/моќен БОГ . А ако сме настанале од мајмуни , тогаш зошто мајмуните не се развиваат сеуште во луѓе ха??
Ако потекнуваме само од двајца луѓе значи сите сме плод на инцест по таа логика А затоа зошто мајмуните не се развиваат сега во луѓе , прочитајте ја теоријата прво па после зборувајте да не се повторуваме тука по 100 пати или разлистајте ја темата . Јас верувам во Бога , но сметам дека приказната за Адам и Ева не е наменета да се сваќа буквално , како буквална или историски точна иако сум верник не можам да ја прифатам . Сметам дека со неа друго сака да се каже и е метафора .
Па нема потреба да ја разлистувам си кажувам мое мислење ти си имаш твое и задржи си го за себе,зошто никој не може да ме разубеди во тоа јас што верувам и на каков начин верувам па дали верувам метафорично или не е мој проблем,каде што нигде не го изјаснив или коментирав..Насловот е јасен Адам и Ева или еволуцијата,јас ги избирам Адам и Ева!И btw имам читано милион теории што и како настанало..
Колку погрешно сфаќање имате дека вербата во Бог се совпаѓа со начинот на кој сме настанале. Никој не го оспорува постоењето на Бог, не значи дека не си верник ако само го согледаш очигледниот факт. Како прво не сте ни информирани: мајмуните не еволуираат во луѓе затоа што не ни можат да еволуираат во луѓе! Ние не сме настанати од мајмуните, тие заедно со нас имаат заеднички предок, затоа има и толку сличности помеѓу овие два вида. Секој има право да верува во што сака, ама во ова време, по толку часови биологија, во вакво развиено општество - апсурдно е. Нема шанси бре да сум настанала од машко ребро! А знаете, земјата е во вид на плоча и одоздола има слон што ја држи. Штета што умствената еволуција кај некои луѓе е запрена...
Shortie за теоријата мислев за други што поставуваат демек иронични досетки зошто мајмуните не се развиваат во луѓе :geek: прво да ја сватите теоријата за еволуција после па ќе видите дека досетките немаат баш смисла . Денешниот мајмун и човекот имаат само заеднички предок . Не се однесуваше ова за тебе бидејки ти ништо не спомна Јас тебе те прашав ако Адам и Ева биле првите луѓе тогаш ние сме плод на инцест по таа логика , тоа да ми објасниш а во што веруваш си е тотално твое право
Да излага така дека е инцест,а тоа тотално оди контра библијата..Но некогаш мора да кажеш да јас верувам во тоа зошто ако почнеш да објаснуваш за самото твое верување ќе навлезеш во мнооогу....долги дискусии кои набрзо ќе станат доста заплеткани и ќе се изгуби смислата на прашањето и одговорот..И верувај ми многу убаво знам во што ВЕРУВАМ..толку од мене.. И zarah ако тоа последното се однесуваше на мене,имав 5ка по Биологија..ама некогаш биологијата и науката не се доволни да го одплеткаат Бог.
Толку пати е објаснето дека човекот не настанал од мајмун, туку дека човекот и "мајмунот" потекнуваат од заеднички предок, само некако не ви се чита на сите.
Според библијата прво настанале Адам и Ева, но јас не се сложувам со тоа, бидејќи ние не можеме да веруваме во тоа. Се прашувата како неможеме кога на училиште не научиле дека човекот настанал од Адам и Ева, но кој може да го докаже тоа? Дали има факти за ова? Сепак јас потполно го подржувам Чарлс Дарвин и неговата теорија дека човекот настанал од мајмун.
Еленче тоа за Адам и Ева не е теорија. Тоа е напишано во Библијата. А Библијата не ја напишал еден човек или двајца во 3 години. Таа се пишувала со векови според факти и фрагменти од најстарите предци како Адам и Ева. Тоа што викаш никој не може да го докаже е исто како да кажеш дека никој не може да докаже дека се случило војна во 845 година. Тоа е напишано некаде дека се случило и како се случило за идните генерации да знаат. Е сега, тоа дали и како е вистина незнам. Јас навистина незнам во што верувам. Можеби во еволуција а можеби и во Адам и Ева. Но и двете теории ми се прифатливи.
Верувам во Господ и во други натприродни работи.Но,настанувањето на човекот од Адам и Ева искрено ми е нелогична.Можеби е метафора и во тој случај би била поприфатлива. Во врска со еволуцијата не знам многу и затоа не можам ни нејзе да ја изберам,не сум сигурна.Иако,таа теорија ми е повеќе за верување и пологична.
Ич не ми е логична научната. да бе мајмунот трчајки по банани човек ке стани дуни буни.. неможе. исправувајки се ке се исправат 15 мајмуни да. ама тоа е модификација. не се наследува на нивното потомство. не е мутација. а и да е мутација од кај би дошла ? треба некое влијание надворешно за да дојде до мутација. а оваа религиозното по реално изгледа. оти хомо сапиенс има еднакво ребра од двете страни а кај човекот кај мажот од едната страна фалело .. така да наукава не држи вода ...
Ме насмеа ама рече цврсто „ не може“ Не е Адам и Ева, не е ни еволуција, тогаш ванземјанци според телевизијана history...трето нема.Иако, пак и тие се смешни со нивните вонземјанци, па да беа барем некои стручњаци, да речеш, ама вака, јок, не долази у обзир нивното мислење
Зошто да не, нивните теории за вонземјаните имаат поголема логика за разлика од некои други бесмислени теории
Кои други бесмислени теории? Инаку, тука секој си кажува мислење, не теорија Веќе е општопознато за двајцава Адам и ева, и религијата.Па немаат баш логика, гледаат нешта, каде никаде ги нема и секако дека ќе немаат логика.
Па секако дека си кажуваме наше мислење кое до некаде се согласува или не со некоја теорија, сигурно не смислуваме нешто ново, не сме научници
Ами секако дека мислење си кажуваме.Не знам дали го имаш гледано тој канал, поточно таа емисија, тие кажуваат дека како ние луѓето сме потекнувале од вонземјани, што нема логика, зборат за нешто за кое ни самите не се сигурни, бидејки од едноставна причина, не биле присутни за време на создавањето на човекот.Работата е што толку сигурно тоа го демнострираат, порано ја подзагледував таа емисија, сега веќе не ја ни гледам, бидејки ми е бессмислено.Сега, сосем друго е ако вршат притисок врз луѓе, за да убедат некого, па толку да се сигурни во тоа што го зборуваат.