За духовна приказна, поставена тема со погрешен наслов! Адам и Ева е приказна за самиот човек раскажана од различни погледи од периодите на човекот. Рајската градина со дрва со плодови се емоциите и чуствата, некој слатки, а други горки. Отпочнете од бебе до тинеџер да ги менувате погледите кон светот,внатрешниот свет, може да ја видите приказната. А тоа што е во микрокосмос истот е и во макрокосмос.
Мене најверодостојни ми се научните експерименти и докажувања за еволуција на човекот. Адам и Ева се приказна создадени од луѓето кои не можеле да објаснат одредени појави, па се свртеле кон нешто поголемо. Сепак секоја религија различни гледишта има. Ако стварно сме настанати од Адам и Ева, тогаш постои само еден Господ, нема Исус, Алах, Муахмед, Кришна итн. Плус, според таа теорија би требало да сме сите инцест..
Научни експерименти за еволуција нема и не може да има. Ако имаше, немаше да биде теорија, па има и многу проблематични непремостливи пречки. Секоја религија односно континент ја има приказаната за општата катаклизма, потопот која се пренесувала од колено на колена па и по формата на копното може да се види дека некогаш били едно копно, а тоа е јасно опишано во Библијата. Има еден Бог, а Христос како метеријален приказ на тој исти Бог. И само во христијанството (само Христос е воскреснат и ја има победено смртта) за разлика од другите религии. Според вториот закон на термодинамиката, ентропијата системите одат од совршени кон деструктивни, во согласност со тоа пто го гледаме околу нас, а во спротивност со еволуцијата и текот на природните процеси. Адам и Ева како совршени и први луѓе имале и совршени и здрави гени. Кај првите поколенинја кои потекниваат од нив поради падот во грев и промената на природните услови постепено почнале да се појавуваат и здравствени проблеми и грешки и во генетскиот материјал. Поради тоа во одреден момент Господ го воведува принципот инцест кој до тој момент не било проблем зашто првите поколенија имале здрави гени и немало опасност од проблеми во раѓањето на новите поколенија. Библијата не е во спротивност со науката, треба само внимателно да се размисли и да се има отворен ум без предрасуди.
https://www.facebook.com/share/r/1Ab4hBjLxz/ Човеков добро објаснува,само целиот поткаст треба да се види, ова е кратко видео.
Не постои докажана теорија во науката, се е теорија, дури и теоријата за гравитацијата, не постои факт за гравитацијата затоа што има многу дополнителни непознати фактори кои влегуваат во нејзе. Во однос на еволуцијата, не морам да верувам во феноменот на преобразба и подобрување низ генерациите, кога можам истото да го реплицирам со нижи организми како мушички или бактерии евентуално. Прифатливи ли се мушичките за доказ за еволуција? Еве мене најпрост пример сега што ми текна е дека можеш да одгледуваш неколку генерации мушички изложени на ниски концентрации на пестицид, зависно каков е, не сите имаат веднаш летално дејство, или пак летално дејство кај сите единки. Поотпорните ќе произведат потомство, кое по не знам 5-10 генерации може и целосно да е имуно на пестицидот. Затоа мораме да правиме нови формулации.
Ако има некој некое прашање тука сум Се зезам, Адам првиот човек името го добил по Tak-adama човек-магаре, а Еви имало повеќе...ако судиме по митохондријална ДНК.
Адам и Ева ги доживувам како фолклор, древен мит, народна приказна, Шенка и Ѓорѓи у ботаничка градина со змија која им збори.
Sure Jan, има биста во ману каде што се молиме на мајмуни. Теорија во наука ≠ теорија во религија. Мислам, ако вака размислува мнозинството ништо чудно што со едукација во земјава сме таму каде што сме. Сакам да мислам дека не е така. Иначе има луѓе што се декларираат ко верници или нешто така, па не веруваат буквално во митолошки приказни. Поради нив имам надеж дека сепак има религиозни луѓе кои се до некоја мера рационални.
Гледам дека си начитана, ме интересира твоето мислење за хромозомот 2 и FOXP2 кои практично се појавуваат у исто време.