Зошто да нема логика? Мислам, ако така ги гледаме работите, никој не присуствувал на создавањето па да ни каже како точно било. Мене лично теоријата и не ми е лоша, за тоа дека вонземјаните ни ја дале интелигенцијата, бидејќи согледувајќи ја напредноста на самиот почеток, невозможно е истата луѓето да ја имале на самиот почеток на развојот на нивниот мозок. Ако одиме според религиозните, тие се крајно измешани, бидејќи Бог ги создал Адам и Ева, а кој го пак него создал?
Ми нема логика, дека не верувам во вонземјани...Отидоа до таму, што рекоа дека Бог бил вонземјанец, Исус, Богородица, биле вонземјани.Оф леле Значи, не можам да кажам со сигурност како сме настанале, но тие се сигурни за ова.Види, ако гледаме од сите аспекти, секој си има своја теорија за настанокот, може само да се претпоставува, но не и да се биде сигурен во тоа.
Јајцето А така, бидејќи гледам не си ни за една теорија, според тебе, валјда имаш некој став или барем некоја минимална фантазија, како според тебе бил настанокот? Just out of curiosity
Зборот ми беше, секако дека имам свој став, но не можам да бидам сигурна дали е така или не, може да ми е врз основа на верувањето, имам пишувано низ темава, доколку стварно те интересират сврти поназад, можеби ќе имаш време за пребарување чисто да видиш дали си стојам на своето мислење Ами а според тебе? Гледам ептен ме прашуваш.
Ех ептен те прашувам Па те прашав сега, и баш затоа што ги пролистав мислењата наназад, да видам дали имаш некое конкретно мислење, лично видување за настанокот, што ти мислиш како било, а да е без тоа "никој не знае точно или пак не може да се биде сигурен", што јас мислам дека општо се подразбира во сите мислења
Се изнасмеа мор Имам спомнато и плус други работи, можеби на почетокот некаде на темава или на друга слична тема, само не си пребарала доволно Ок, не е важно што мислам, ај може ќе откријат некогаш и нема да се натегаме вака
Па, ова е лесно бар за верниците. Нели, според креационизмот, на петтиот ден Бог ги создал птиците и морските животинки? ----- Самата католичка црква веќе 60+ год. дава некој вид слобода на верниците дали ќе веруваат во креирањето за 7 дена или долгорочно еволуирање, сѐ додека веруваат дека и зад двете стои Бог. Него, чекајте малце другари. Само Дарвин го сретнав овде, и освен од книгите по биологија, чисто се сомневам дека повеќе е прочитано, ноу офенс. Ајде нека е и одвеан Дарвин, ама постојат теории и пред него. Џејмс Хатон, Џон Реј и Томас Малдас се само тројца од теоретичарите за еволуцијата, чии истражувања биле поттик Дарвин да размислува и истражува во тој правец. На денешно време пак да не збориме колку трудови се достапни за оној кој сака да чита. Од денешниве доволно е само Ричард Докинс да се прочита. Општо, тоа се испитани научни трудови што не може туку-така да бидат објавени само зашто некому му текнало дека така сака. Ама некој да го побива сето тоа, со најјак аргумент дека е глупост да сме еволуирале од мајмун? Е, глупост е. Глупост е да се чуе/прочита, а да не се дочуе/допрочита. Летс агри ту дисагри, нема да е интересно сите да сме со исти убедувања, ама ме нервира она слепо следење на неистражено. Поарно со цитати од Библија/свети книги/што и да е нека се води, бар да знам дека има позадина за верувањето, отколку на слепо да се оди пошто „Бог и средината така налагаат, а јас не сакам да сум еретик што ќе оди во пеколот“. И ај да занемариме тоа што логиката налага дека сме плодови на инцест на протерани и осудени грешници (мореј, кршење божји правила од старт), туку, кога точно Бог ги создал Адам и Ева? Пред колку време бил тој 6ти ден? 6000 години, ко што креационистите се сложуваат? Или повеќе? Со тоа пак се доведува до знак прашалник она околу слободата што ја дава католичката црква за вербата што ја спомнав погоре, пошто смешно е да се верува дека за 6000 години се возможни толкави промени, додека вербата во долгорочната еволуција под раководство на Бог, во поим би го убила сето напишано со својата контрадикторност. И настрана да ја тргнеме таа експресна еволуција, што правиме ако еве, хипотетички земјата навистина е само околу 6000 години стара? Кај се губат тие 3900+ години до раѓањето на спасителот Исус? Чуму толку чекање? Не знам, може постои објаснување некаде. Ко воли, нек изволи. Овие претходно сираци биле, па Бог не бил милостив да создаде некој што ќе умре за нивните гревови или може дотогаш самите луѓе плаќале за гревот на Адам и Ева?
после исчистуването на земјата се створени сите видови животни. После го створил Адама и му дал работа да им даде имиња на животните. но као шта сви имали пар решил и нему да му даде "жена" .. . .Мааа многу е долго...Едно е точно - Адам и Ева.
Зошто сите упорно бараат мајмуните у ЗОО - Скопје да еволуираат во луѓе. Еволуцијата е процес кој трае милиони години. Луѓето и Мајмуните имаат ист предок, што значи дека ние луѓето или Homo Sapiens Sapiens, и приматите све врв на еволуција на тој пра-предок. Дарвиновата теорија е премногу логична, само треба да се разбере правилно.
Е не, бог направил глинена фигура и дувнал у неа, а после од мажот извадил ребро и ја направил жената.. http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D0% ... 0%BE%D1%82
А каде го спомнав Бог? Може да ми кажеш, каде го виде Бог во моето мислење? Или ги прочита моите мислења претходни во темава па за да имаш некаква си „ слика“ за мојот став околу ова? И те прашав заради тоа што рече, не те прашав за Бог, одма контра да се одело „ Е не Бог“.И бидејки гледам те интересира, прво и основно, да појаснам, не сум толку цврсто убедена дека Бог дувнал у глина.Впрочем како што никој не може да биде сигурен дека човекот настанал од мајмун, уствари онака како што рече, не за друго, никој не бил сведок, за сигурен да биде.И, нема потреба од иронија.
Јас мислам дека сепак е еволуција, некако ова со Адам и Ева ми е како приказна за мали деца. Недојаснотија има околку ова прашање и нема конкретен одговор за ова тема. Овај празен простор остава место за многу теории и различни дебати.
Јас повеќе сакам да верувам дека сме плод на еволуција, отколку на инцест. Ако одиме по теоријата дека се почнало од Адам, и Ева, тогаш сите ние сме плод на инцест, кој и ден денес трае, бидејки сите потекнуваме од едни исти предци. Ако потекнуваме од едни исти претци како тогаш денес тврдиме дека со инцест се рагаат деца со аномалии и слични недостатоци? Малку сме контраверзни нели? Затоа јас повеке сум склона да верувам во онаа теорија која вели дека сме плод на еволуција која и ден денес трае. Погледнете ги сликите од нашите предци како изгледале пред 50 години па погледнете не нас сега, а да не зборуваме за оне пред 1000 години, или како ќе изгледаат нашите правнуци. Еволуцијата се случува секојдневно, секој миг, секој час.... Исто како што нам ни се чини дека ништо не се менува кај нас гледајки се секојдневно во огледало, а всушност промените се случуваат секојдневно.