Тие што се прва година ви предлагам да ја отвотрите книгата по биологија и ги разлистате последните две теми. Еволуцијата е многу убаво објаснета и потполно има смисла.
Еволуцијата зошто е поткрепено со факти и навистина се случило. Адам и Ева... перење мозок. Колку биле попрости луѓето, понеписмени толку повеќе верувале и се покорувале на црквата. Ретко денес да знам некој успешен да има големи верувања или да е кој знае колку побожен или секоја Недела во црква да оди, како да не. Еволуцијата дефинитивно
Не бе шо зборуваш, то со Адам и Ева и ребрата и Џизс е поверно, шо мислиш оти мајмунине в золошка не се претвора во лујџе
Многу ми е смешно кога се поставуваат банални прашања како: а зашто сега мајмуниве не стануваат луѓе? Или ако затвориш мајмун 5 години во кафез ќе стане човек? Па земи информирај се на темата прво, за да можат да те сфатат сериозно кога влегуваш во дискусија. Кога јас можам да бидам информирана за религија, иако не сум верник, можеш и ти да читнеш малку биологија за осмо одделение
Искрено, не верував (или не сакав да верувам) дека дебата од овој тип сеуште постои. Мислам дека најглавен проблем е зборот теорија во Теорија на еволуцијата, кој имплицира дека се работи за нешто што сеуште не е докажано. Ама, немојте тоа да ве залажува - еволуцијата е докажана, таа е факт, исто како и Теоријата на релативитетот и Теоријата на хелиоцентричното движење на Земјата. Доказите во корист на еволуцијата се многубројни и неоспорни. А инаку, не, еволуцијата не тврди дека сме настанале од мајмуни, туку дека мајмуните и луѓето имаат заеднички предок (како и всушност целиот жив свет на Земјата). И не, денешниве мајмуни не можат да „станат“ луѓе, барем не пред ваши очи - бидејќи еволуцијата е бавен и долготраен процес (воглавно). Впрочем, католичката црква (која за жал е малце повеќе во тек со научните откритија, за разлика од нашата) ја признава еволуцијата. Додека пак, за приказната за Адам и Ева тврди дека е токму тоа - поучна приказна, која не треба да се сфаќа буквално, туку метфорички. И многу верници ја прифаќаат теоријата на еволуцијата како факт (речиси сите, освен креационистите). Единствената разлика е што верниците сметаат дека позади настанувањето на животот и неговата еволуција стои Бог, а атеистите - не.
Чекајте го Адам, ке се врати од мртвите и ке ви лупне учебник по биологија во глава. Почитувам секакви мислења, ама кога милион факти ке ти се пред нос и ти сеуште веруваш дека Адам ти е дедо а Ева баба не можам да сфатам.
Сите сме потомци на адам и ева . Еве и зошто теоријата на дарвин дека сме настанати од мајмун нема никаква врска што некои научници го имаат и докажано. Второ теоријата дека планетата настанала откако некоја честичка се раздвижила но како се раздвижила што ја раздвижило уште една теорија отиде во вода
Јас сепак верувам во Адам и Ева. Ако човекот настанеше од мајмун, сите мајмуни досега луѓе ќе беа и мајмуни немаше да постојат, сите ќе беа еволуирани. Секој со свое сфаќање.
ЕВОЛУЦИЈА и точка. Стварно не знам како некој толку наивно да верува во Адам и Ева, а не во еволуција. И постојано со тоа дека како и денес има мајмуни. Значи мајмуните и човекот имаат исти предок, Ок е сега? Освен тоа со овие денес мајмуни денес не знаеме што ќе биде за едно 100 000 години и повеќе. Еволуцијата не се неколку години во прашање. Потребни биле милиони години за од микроорганизми да станеме она што сме денес. Нека ме извинат тие што веруваат во Адам и Ева, ама тоа ми е ептен уназадено и прмитивно. Имав сретнато во една друга тема од некоја членка, дека еволуцијата можеме да ја споредиме со развитокот на плодот во мајката. Од две клетки, за неколку месеци се оформува бебе. Што значи постепен развиток, а не создадено наеднаш. За еволуцијата се пронајдени и голем број палеонтолошки докази. На пример на многу места пронајдени биле човечки скелети, но кои биле поинакви од денешните луѓе. Помала глава, подлабока карлица итн. А за адам и ева ништо, само верување. Или пак јас така мислам....
мислам дека сме настанати од адам и ева. Професорката по историја прашуваше кој во која теорија веруваме еден соученик рече во дарвиновата дека сме настанати од мајмун професорката му рече а тогаш кој го создал мајмунот.
Со самото прашање професорката сака да наметни мислење. Ако твоето верување го засноваш на тоа што вратила професорката, немој. Размисли сам. И нагоре е добро објаснато. Мислам најреално во учебници по биологија за основно пишува дека човекот настанал од мајмун, кога реално имаат заеднички предок. Тој предок можи не е ни мајмун, ни човек ама како шо пример има различни видови и подвидови, како што има неколку видови на мајмуни, тоа суштество се развило во човек и во мајмун. Ова најпросто објаснато. И најдобро објаснато на темава е на @Tan4ence со плодот во мајката. ----- Шо ми било од секогаш нелогично за Адам и Ева е ... тие беа првите луѓе, и имаа два сина, едниот го уби другиот и ете да речиме другиот син имал жена. Од каде таа жена? Од каде сите други луѓе? Дали беа луѓето крвно поврзани? Дали тогаш беше дозволен инцест? Дали имаа различен генетички код па инцестот не резултирал со аномалии? Дали после Господ создал повеќе луѓе за Адам и Ева да не бидат сами? Ама како приказна од Стариот Завет, земена со преносна смисла е добра, ама дека буквално така било, дефинитивно не.
Да, практикувале инцест, but that's okay. Објаснувањето на денешните теолози е следно - Адам и Ева биле совршени, се до моментот на првобитниот грев, кога станале грешни и Бог ги проколнал Адам, Ева и земјата. Од тој момент, почнале да се јавуваат несовршености во клетките на организмот на овие двајца, но тоа бил постепен и бавен процес, така што Адам успеал да доживее длабока старост и умрел на возраст од 930 години. У меѓувреме, нивните деца можеле слободно да имаат секс и да се репродуцираат меѓу себе, бидејќи нивниот генетски код бил речсиси совршен, што значи - нивните потомци биле здрави. Со текот на времето, гените на луѓето мутирале, организмите им слабееле, се појавувале повеќе заболувања итн. (а причина за ова бил секако, гревот), и дури по големиот потоп, Бог му рекол на Мојсеј ( Левит 18 ) дека женењето на луѓе во блиско сродство не е океј. Образложението денеска за оваа забрана на Бог е затоа што веќе се акумулирале премногу дефекти во гените на луѓето и ваквото потомство страдало од генетски болести. Нормално, ако веруваш во такви работи.
Имаше еден виц за тоа скоро. Дете на верничка и атеист во конфузија ја прашува повторно мајката како тоа тато вели дека човечкиот род му го должи своето постоење на човеколикиот мајмун? И мајката му одговара=Тоа татко ти нека си збори за од кај неговата фамилија.
Незнам како може некој да верува дека сме настанале од Адам и Ева,навистина следете ги фактите, порационални се... За еволуцијата,да,ако морам да бирам,повеќе верувам дека сме еволуирале од заеднички предок со мајмуните и дека светот настанал од Големата Експлозија, зошто нели,пологично е...но еве има докажани факти кои и малку ме разубедуваат во сето ова. Докажано е дека човечката ДНК има послична ДНК со бананите, отколку со мајмуните...чудно,зар не? (не,не викам дека сме еволуирале од банани) Исто така имам гледано многу документарци за тоа дека предок на диносаурусите не биле рептилите туку птиците.(знам дека темата е за човекот, но сакам да се земе во обзир дека производ 2+2 може да биде и 5). Такоџе има најдено повеќе черепи стари 200 000 години развиени на исто ниво како денешните. Сакам да кажам дека ако морам да бирам помеѓу Адам и Ева и Теоријата за еволуцијата, секако би ја избрала еволуцијата. Но што навистина мислам е дека 200 000 години еволуција на планета стара 3/4 милијарди години во универзум стар 13 милијарди години е исто така апсурдно да го отфрлиме фактот дека можеби сме експериментални глувци "посеани" на планетата од некоја виша интелегенција,или можеби сосем нешто трето.