1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адам и Ева или еволуцијата?

Дискусија во 'Религија' започната од LoVeR, 2 јули 2011.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Тоа што си го прочитала е дека имаме 50% иста ДНК со бананите и тоа е нели изненадувачко. Само што со мајмуните делиме 96%.
    И диносаурусите не еволуирале од птици, туку птиците еволуирале од диносaурусите, односно тие биле едни од ретките видови кои го преживеале изумирањето тогаш.
    За третиот болд, не баш, животот на Земјата почнал пред 3.8 милијарди години и еволуира до ден денес. А тоа што универзумот е многу постар од Земјата, никој не е крив, едноставно тогаш се создала и готово. :)
     
    На 1209, theowndemon и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  2. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
  3. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Создадени сме од некоја ''интелигенција'', ''сила'', ''бог'' сигурно. Јас лично не верувам дека сме од Адам и Ева но пологично ми е тоа а не еволуција... Еволуцијата ми е смешна. Човекот како најпаметно суштество на Земјата зарем така од ништо е настанато? :rofl: Општо и сите живи суштества не само човекот.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.576
    Пол:
    Женски
    Имам кажано веќе на неколку наврати дека и порано кога уште бев понаклонета кон религијата, сум верувала во еволуција, всушност уште од кога првпат негде во 5 одд. учевме за двете теории – доказите ми се доволно издржани, додека другово ми е едноставно како приказна.
    Уште еднаш да повторам за тие што површно ја гледаат еволуцијата во стил da be od majmun sme nastanale, zbori si za sebe huehuehehe – Дарвиновата теорија не вели дека сме настанале од мајмуни, туку дека со нив имаме заеднички предок.


    Туку, дојдов да профилозофирам од друг аспект за Адам и Ева и the moral of that story.
    Некни на факултет, по книжевност во една поема имавме алузија на клетвата/казната на Адам и спомнавме ова, па ме натера на размислување.
    Значи, според Библијата, за гревот на Ева со змијата и јаболкото – тие биле казнети таа да раѓа (сосе болките што следат со пораѓањето), а тој да работи за да го издржува семејството. И тоа понатаму се продолжило со цело човештво, на мажите и жените соодветно.
    Ајде да ја тргнеме настрана поделбата и дека жената е само за да раѓа, факт е дека во цел свет, и во заедници без цивилизација и (христијанска) религија, поради нивото на свест, развиток на општеството и условите – тоа долги векови било реалност. Ама поентата ми е моментот со казната – значи дека уствари целото наше функционирање како такво, работата и раѓањето е резултат на казна.

    Па прашањето ми е, какво е вашето размислување и како се чувствувате во врска со тоа, посебно оние кои веруваат конкретно во теоријава?
    Мене лично, ми изгледа поприлично демотивирачки и песимистички.
     
    На Victorian, Bozica1980, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  5. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    14.433
    Пол:
    Женски
    Мислам дека и двете теории имаат одредена доза на исправност и одговори на дел од прашањата.Конкретно теоријата на Дарвин има логика,но секогаш тука фали една алка.Доколку човекот и мајмунот имаат заеднички предок,како се развил човекот? Веројатно е мајмунот е многу поблиску до заедничкиот предок.Тогаш,што се случило во одреден момент да почне да се развива човекот? Дали човекот е генетска мутација и како? Имаше некои теории дека неандреталецот живеел во исто време со поразвиените луѓе,па дека не бил човек туку човековото суштество...Од друга страна, теоријата за Адам и Ева истотака има логика во себе.Тие 7 дена се најверојатно метафора која се однесува на подолг временски период (дури гледав во еден документарец дека поимот за ден кој се содржи во оригиналните списи на библијата,во хебрејскиот јазик се толкува како мерило за еден временски период.Значи може да е ден,месец, година...) Мислам дека Адам и Ева,се симболично првите луѓе,така што сигурно многу подлабоко се крие одговорот,кој за нас е несфатлив преку метафора.Врз основа на ова сметам дека двете теории се поклопуваат (нели во 7 дена Бог го создавал светот од попрости организми што е еквивалентно на дарвиновата теорија).Така што можеби Бог стои зад еволутивниот процес,па од ништо се создава нешто.Како и да интересна тема за дискусија,и не толку едноставна колку што изгледа.Веројатно,идни генерации кои ќе бидат попаметни од нас,ќе можат да дадат одговор на ова прашање.
     
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Адам и Ева се реални, колку Прометеј, Пандора и Херкул.
     
  7. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    Се разбира господ бог не создал. А за тие што веруваат во еволуција ќе им порачам да најдат дефиниција за Теорија што значи самиот збор.
    Некој ќе каже за еволуцијата ама така не учеа на школо тоа што не учеле во школо благе везе нема со реалноста .
     
    На cresa-jagoda, carangigia, Vitaly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Денес ако си направиш сопствено истражување и престанеш да веруваш во она што го велат медиумите или она што е напишано во учебниците веднаш те прават ненормален.
    Не ми е јасно како може да сме настанале од човеколик мајмун кога исто така ние луѓето делиме и 50% иста ДНК со бананите.. Дали тоа значи дека сме настанале од банани? :rofl:
     
    На Rama, cresa-jagoda и carangigia им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.152
    Пол:
    Женски
    Темава ме потсети на еден виц што го имам прочитано одамна.

    - Мамо, како настанал човекот?
    - Господ го создал.
    - А зошто тате вика дека настанал од мајмун?
    - Татко ти си кажува за својата фамилија, јас си кажувам за мојата.
     
    На Lolo5, Victorian, P.S.love и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Според доказите мене Дарвин навистина ми изгледа дека настанал од мајмун.
     
  11. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    Види тие велат дека учеле во школо така им кажале и тука за нив престанува учењето и истражувањето на вистината, барањето на докази итн. Види нека не прават ненормални не е проблем а јас нив ги сметам за НЕНАЧИТАНИ.
    Теоријата на еволуција се занова на тоа дека од МРТВО Настанало Живо . Тие што веруваат во еболуција нека ми наведат еден таков пример слободно.
     
    На carangigia и Vitaly им се допаѓа ова.
  12. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    Одличен виц а воедно и објаснување :D
     
  13. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски
    Мене ми нема некако логика ни едното ни друго.. Еве ако Адам и Ева биле единствени и први луѓе еве имале две машки деца или женско машко небитно или можи не сум убо информирана како се проширило човештвово со инцест?! Другава теорија од мајмуни оти еве години поминале па немаме разбрано некој мајмун да станал човек што досега ако беше и таа теорија исправна ќе имаше уште таков процес... Така да мислам дека никогаш точната и вистинската верзија за нашиот настанок ниту ќе биди откриена ниту ќе ја знаеме..Така да и не се замарам како сме настанале битно еве не постоиме ( нормално дека ме интересира за нашиот почеток ама со оглед на тоа што само лаги ќе слушниме и на некој како што ќе му текни демек докажано вака така ќе ни ги перат мозоците со секакви " откритија“) Така да не се замарам :D
     
    На poi и Vitaly им се допаѓа ова.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    19.656
    Пол:
    Женски
    Еволуција, нормално. Концептот на истата никогаш не е отфрлен. Во "Потекло на видовите" се зборува за природна селекција и заеднички предок на човекот и мајмуните. Освен тоа, еволуцијата не се случува за еден ден.

    Порано бев верник. Ама пораснав и почнав многу да читам. :D
     
    На theowndemon, Kitten, Matotheja и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.576
    Пол:
    Женски
    А за Адам и Ева од друга страна, вие сами сте измислиле топла вода, така? И сте истражувале и нашле цврсти докази?
    Во училиште и во учебници и двете се спомнуваат како теории, и по историја и по биологија. Сам избираш на што ќе веруваш :)
     
    На Victorian, theowndemon, Tan4ence и 4 други им се допаѓа ова.
  16. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    Мајмун нема да стане човек, бидејќи човекот не настанал од таков мајмун, туку имале исти предци. Може ќе ти има логика ако уствари прочиташ за што се работи.
     
    На theowndemon, Kitten, Matotheja и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    А јас тебе ќе ти порачам да прогуглаш малку и да сфатиш дека терминот теорија во науката има многу поразлично значење отколку во секојдневната употреба.

    Ако ти треба помош при преведување ( а сигурно ќе ти треба, обично верување во Адам и Ева не оди заедно со познавање на странски јазици), слободно обрати се.
     
    На Someonespecial, Lella и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  18. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Верување во Адам и Ева не одело заедно со познавање странски јазици?? Сакаш да кажеш тие во тоа што веруваат неписмени се? Ајде ти оди таму обратисе кај некое стручно лице да ти помогне со проблемот што го имаш расистички во главата.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    Мене најмногу од све ми смета што еволуцијата се претставува како некаков атеистички пандан на верувањата на верниците за генезата на животот. Ова не само што воопшто не е точно, туку е и навредливо за милионите верници низ целиот свет, кои ја прифатиле еволуцијата како единственото научно издржано објаснување за диверзитетот на живиот свет.

    И иако аргументот на повеќемина е „На еволуција не’ учеле со сила у школо, затоа денес луѓе веруваат у неа“, аргументите од типот „Зашто денес од мајмуни не настануваат луѓе?“ или „Дали ако имаме 50% иста ДНК со бананите значи дека сме настанале од банана?“ покажуваат дека уствари не научиле ништо на тие часови за еволуцијата у школо. :D
     
    На Victorian, theowndemon, Sanjichka007 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Понекогаш и јас посакувам да се врати таа Југославија и комунизмот, само да не читам и не слушам веќе како овие цртани филмови за Адам и Ева се сериозно сфатени.

     
    Последна измена: 3 ноември 2017