Да, баш тоа сакам да го кажам, а ти и твојата неписменост комбинирана со глупостите што ги тресеш на темиве се доказ за тоа.
Еве јас сум верник ама не верувам дека сме настанале од Адам и Ева пошто ми е нелогично исто како што и тоа со еволуцијата. Сепак верувам дека сме создадени. Обично атеистите веруваат во еволуција најчесто изоставајќи го фактот од неукост дека и еволуцијата и науката не го негираат создавањето. И да сме еволуирале од нешто сепак тоа нешто е создадено. Инаку на тие часови по еволуција не те учат ништо туку само ти сервираат тоа што им сервирале на нив. Пишува во учебникот дека сме настанале од пра мајмун, залепиле слика од суштество која е производ и лага на некој паметњак и готово ако не мислиш така тогаш си неписмен. Барем така ги етикетираше еден член погоре тие што веруваат во Адам и Ева... Тоа со бананата е логично до некаде. Ако имаме 50% иста ДНК значи логично е да имаме некој заеднички предок, нели таков е случајот и со мајмуните.
Ако се за тебе тоа глупости за одреден дел на луѓе не се затоа почитувај поразлично мислење и став од твоето и не шири расизам. Ова всушност покажува колку си неписмен.
Да знам, ти знаеш? Неможев соодветен збор да најдам па пишав расизам бидејќи тоа што го вели тој е идентично со расизам. Дискриминира и навредува одредена група на луѓе.
Од нежива материја не се прави жива. Законот за биогенеза. Одма тука се побива Библијата. Значи логично е. Ако нема сонце, нема да има растенија, фотосинтеза, кидлород... Што значи, ќе нема никаков жив свет. Еволуцијата го објаснува преминот на видовите од еден во друг. И не само на човекот, ами на целиот жив свет кој се адаптирал на процесите за добивање енергија. Човекот е само дел од екосистемот и балансот во природата. Не мешајте религија и наука. П.С. Мене штркот ме донесе. Така мајка ми ми кажуваше кога бев мала. Сега знам дека во училиште се беше теорија на заговор. Мајките не лажат. Мала шала.
Ниту едно . Ако потекнуваме од Адам и Ева , тогаш човештвото е резултат на инцест на нивните деца . Од друга страна , ниту теоријата за еволуцијата не ми е нешто сигурна . П . С . Јас ко мала ја прашував мајка ми , зошто немаме штрафови како Пинокио , како не направиле без штрафови и како ни се држат екстремитетите без нив .
Науката нема одговор за тоа како настанал животот, туку само хипотези. Најпознатата од нив е абиогенезата, но сепак, за неа, за разлика од еволуцијата, немаме никакви цврсти докази. Еволуцијата од друга страна, и покрај тоа што многумина милуваат да стават акцент на она теорија, е факт. Но она што многумина не го разбираат е дека еволуцијата не го негира постоењето на создател или Бог - таа воопшто не се занимава со тоа како настанал животот. Поентата ми е, изборот не е и не мора да биде еволуција или религија. Да, така е. Ама, има голема разлика помеѓу „човекот и бананата имаат заеднички предок“ и „човекот настанал од банана“ - исто како и за човекот и мајмунот, де. Човекот има одреден процент на иста ДНК со сите организми кои постојат денес (да, и со растенијата), но тоа не значи дека настанал од ниту еден од нив. Едноставно значи дека целиот жив свет на Земјата има заеднички предок.
Ако Адам и Ева имале син и ќерка, значи брат и сестра правеле деца? Не сме настанати ниту на едниот, ниту на другиот начин. Туку на некој трет, што никој не го знае. Ниту некогаш ќе го знае.
Ова е Професор на Канадски Универзитет по МОЛЕКУЛАРНА БИОЛОГИЈА . По потекло е србин, додека студирал тој бил атеист бидејки не верувал во бог но како научник дошол до други заклучоци. Па бидејќи си многу начитан ти препорачувам да одвоиш само 1 час и 14 мин ништо повеќе за да го изгледаш излагањето на професоров.. Прв и последен одговор кон тебе позз и се најдобро.
Ако сме настанале од Адам и Ева, тогаш тие од што настанале?Повеќе верувам во теоријата на Дарвин за еволуцијата, затоа што со создавањето на светот прво се формирале едноклеточни, па повеќеклеточни организми и така натаму. А тоа со Адам и Ева според мене е измислено затоа што двајца се потребни за создавање нов живот, а ова е само приказна од денешен аспект.Сите ќе бевме во сродство доколку сме создадени од 2ца луѓе.
Адам и Ева се создадени од Господ. Адам бил создаден од земен прав. Дали воопшто знаеш дека телото на мртов човек по некое време се претвора буквално во прав. Исто така и елементите од кои е се состои човекот можат да се најдат во земјата. За еволуцијата нема многу докази. Ние само физички личиме на денешните мајмуни кои според еволуцијата ние луѓето имаме заеднички предок со нив. Дали знаеш дека освен човекот и пчелата користи комуникација со писмо тогаш зошто никој не рече дека сме настанале од пчела?
Создадени од Господ.. пак е тоа нереално и повеќе може да се докаже другата теорија, иако е само теорија и еден доказ е дека поразвиените форми на живот се развиле од понеразвиените.И никој не кажува дека сме настанале од пчела затоа што некогаш на човекот не му било потребно писмо, и не е важен фактор за негов опстанок, нема врска писмото со создавањето и опстанокот.
Го споменав тоа бидејќи на тој начин сме слични со пчелата и секако дека има врска, бидејќи со тоа може да ги бараме и сличностите со другите суштества и да видиме дали навистина сме создадени или сме еволуирани од мајмун. Сметам дека не е доволен доказ на еволуцијата дека сме настанале од мајмун само затоа што само физички личиме на мајмун. Како луѓе, единствени не прави тоа што користиме јазик, човекот одсекогаш користел знаци за комуникација. Но тоа го прави и пчелата и таа користи јазик додека мајмунот не. Дали знаеш кое друго суштество војува помеѓу својот вид како што тоа го прави човекот? Тоа е мравка, таа војува помеѓу својот вид како и човекот додека мајмунот не. Дали знаеш дека исто така мравката одгледува домашни животни како и човекот? Да звучи смешно но вистинито, мравката одгледува вошки од кои молзе сок како што тоа го прави човекот од кравите козите и слично. Додека мајмунот не го прави тоа. Па зошто тогаш своето потекло не го бараме помеѓу инсектите?
Никој не го споредува човекот со инсектите затоа што не личат меѓусебно, можеби ти со твојата теорија ќе докажеш нешто и ќе бидеш во право
Па ги споредив бидејќи имаат сличности. Еволуцијата вели дека од мајмун сме настанале а всушност ние имаме поголеми сличнности со инсектите а не со мајмунот. Јас воопшто не верува дека сме настанале од инсекти, само пробувам да ти објаснам дека теорија на еволуцијата на дарвин е воопшто неточна и нелогична.