1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адам и Ева

Дискусија во 'Религија' започната од mimiiiii, 8 септември 2013.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Приказната сите ја знаеме , предмет на изучување и дискусија на многу теолози ,верници , научници ... Но што мислите вие за неа ?

    Интересно е дека оваа приказна се провејува низ многу религии и кај многу народи, само во различни форми , па така во исламот ја има, но во неа Господ им простил на Адам и Ева после 40 дневно лутање на земјата и покајание , и ги поканил сите ангели да им се поклонат , а еден ангел одбил од гордост и Бог го казнил и според нив така настанал ѓаволот .
    Некои веруваат дека поуката од оваа приказна е дека всушност егото е најголем непријател на човекот

    Во еврејскиот фолклор пак се забележува дека првата жена на Адам била Лилит , со која не се согласувале , и таа го напуштила Адам, а подоцна Бог ја создал Ева како дел од него за да му биде послушна, а Лилит се сокрила на бреговите на црвеното море , и симболизира како демон и убиец на бебиња а некои веруваат дека Лилит е всушност змијата која ја прелажала Ева ..

    Многу дискутираат дека впрочем во Библијата има две различни приказни , во едната Бог ги создал заедно мажот и жената според неговиот лик , а во другата приказна дека Бог ја создал жената од реброто на Адам .
    Едно објаснување најдов дека всушност во едниот дел се работи за сублимат за настанокот на светот , а во другиот дел дека детално е објаснето настанакот на човекот .
    А друго објаснување дека Адам и Ева не се првите луѓе или не се единствените луѓе создадени од Бог и поради тоа приказните не се поклопуваат и дека тоа е разумното објаснување од каде дошла жена му на Каин и дека човечката раса не е плод на инцест.
    За ова случајно прочитав па ме интересираат коментари и цитати ..

    Еве и интересна статија http://jungla.mk/pronajdeni-genetskite-adam-i-eva/#

    Како ја гледате вие оваа библиска приказна , дали ја гледате како точен историски настан или метафора ? Дали од религиозен аспект треба да се гледа на неа како метафора или буквално ?
    Што преставува таа за вас ? Доколку е со алегориско значење што преставува нејзиното значење за вас ? Што преставува за вас дрвото на знаењето на доброто и злото ?

    Знам дека има тема во другата наука за Адам и Ева или еволуцијата , но овде би сакала да дискутираме за интерпретација на приказната и двоумици околу неа .
     
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.432
    Допаѓања:
    8.444
    Јас верувам дека Адам и Ева се родоначалници на целокупното човештво. Доколку имало и други луѓе кои Бог ги создал независно од нив, тогаш првородениот грев не би паднал и на нив, туку само на потомците на Адам и Ева. А факт е дека сите сме смртни, нели? (А смртта е последица на гревот).
    Е сега што се однесува до дрвото на познавање на доброто и злото, верувам дека со забраната за нејадење од неговите плодови Бог ја испитувал послушноста на човекот, дали и колку биле спремни нашите предци да се повинат на едната единствена забрана од својот Творец која ја имале во тогашниот Земјен Рај: се им било дозволено, само јадењето од тој плод им било забрането, а притоа Бог му напоменал на Адама дека „во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш“ (Битие, 2,17)
    Е арно ама, ѓаолот ни ора ни копа, туку веднаш отрчал кај Ева, и ја убедил дека никако нема да умрат ако јадат од плодот, туку дека ќе станат „како богови“. Всушност, тука лукавиот сакал да се изруга со човекот кој е Образ Божји, дека ете, како тој што се погордеал дека може да го замени Бога па затоа отпаднал од Него, така и човекот не би одолеал на искушението да постане „бог“, и со тоа да падне во грев, односно во смрт.
    Понатаму знаеме, Ева вкусила, го понудила и Адам, и тој вкусил, Бог го гледа тоа, и место да се покајат за стореното, тие си ја префрлале вината еден на друг: мене Ева ме натера, мене па змијата ме прелажа, и така уште подлабоко тонеле во гревот. Бог ги проколнал и Адам, и Ева и змијата. Змијата ја проколнува „да се влече на земја и да јаде прав“. Порано ми беше чудно што би значело тоа за змијата, бидејќи и онака се влече на земја, но гледав еден документарец каде биолози објаснуваа дека змијата порано имала нозе, но во одреден историски период ги губи, отфрла и станува влекач.
    Ете јас вака гледам на работите.
    П.С. Сте се запрашале ли некогаш што би сториле вие на местото на Ева? Би паднале на испитот „како круша“ или......
     
    На Orthophill, hermosa и EvAngelos им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Оваа легенда (приказна) настанува некаде во 8-10 век кај суеверните евреи кои повеќе сакале да си измислуваат прикаски и преданија, отколку да ја читаат Тората (која претставува Закон за секој вистински Јудеец). Тората пак, за споредба, е напишана некаде 15ти век пред Христос. Тоа се првите 5 Мојсееви книги од Библијата.

    Добро објаснување си дала. Во првото поглавје на Битие Бог дава една хронолошка наратива за редоследот на создавањето, а во второто поглавје се осврнува детално на шестиот ден, поточно на создавањето на човекот. Да, значи тоа не се две приказни за создавање на два пара луѓе.
    Научен доказ дека сите луѓе поттекнуваат од еден маж и една жена е денешната генетика која го докажата тоа преку проектите Научниот Адам (Scientific Adam) и Митохондриската Ева (Mitochondrial Eve).
    А Библиски доказ дека сите луѓе поттекнуваат од еден маж и една жена, покрај извештајнот на првото поглавје од Битие се следниве цитати:

    „Човекот и го даде името Ева на својата жена, зашто таа стана мајка на сите живи. “ (Битие 3:20, Библијата)
    „Тој, исто, направи целиот човечки род да потекнува од еден човек и да се насели по лицето на целата земја“ (Дела 17:26, Библијата)

    Како што видовме погоре, ова толкување не произлегува од Библијата и го измислија оние што не им се допаѓа тоа што сите ние сме настанати од еден маж и од една жена. Но проблемот на оние што веруваат во оваа приказна, е што таа не е научна, бидејќи генетиката докажа дека сите луѓе поттекнуваат од еден маж и една жена.
    Свесен сум дека тоа на денешниот човек му звучи како „леле абе ако е така, тоа значи дека сите сме плод на инцест“. Епа не е така. Ако ја веруваме Дарвиновата еволуција, тогаш излегува дека сите сме плод на инцест.
    Но ако веруваме во Библискиот модел на создавање, тогаш го немаме инцест проблемот. Дозволете ми да ви објаснам зошто:

    Денес не е дозволено, со закон, стапување во брак на брат или сестра (и на полубрат и полусестра, итн.), бидејќи постои недозволено висок ризик нивните деца да се родат со деформитети. Колку поблиску се родителите по роднинска линија, толку поверојатно е дека некој од потомството ќе биде со деформитети.

    Постои многу оправдана и лесно разбирлива генетска прична за таквиот закон. Секој човек има две групи на гени, со приближно 130000 парови кои ја одредуваат неговата градба и функција. Секој човек наследува по еден ген за секој пар од едниот родител. За жал, гените денес содржат многу грешки (поради гревот и смрттната казна на човекот), и овие генетски грешки резултираат со најразлични аномајлии (деформитети) кај луѓето.

    Колку се родителите подалечни роднини, поверојатно е дека децата ќе имаат различни грешки во своите гени. Тие наследувајќи по една група гени од секој родител, веројатно ќе имаат по еден пар гени што ќе содржат најмногу по еден неправилен ген во секој пар. Добриот (доминантен) ген во парот има тенденција да го потисне или надомести деформираниот (рецесивниот) ген така што деформитетот нема да се пројави.

    Меѓутоа, доколку брачните сопружници се поблиски роднини, многу поверојатно е дека тие ќе имаат слични грешки во своите гени, бидејќи се наследени од исти родители. Затоа, брат и сестра најверојатно ќе имаат слични грешки во своите гени. Децата од брачна заедница меѓу брат и сестра можат да ги наследат истите лоши гени на истиот генетски пар од двата родитела, што ќе доведе до две лоши копии на гените и до помали или поголеми аномалии.

    Меѓутоа, Адам и Ева немале акумулирано генетски грешки!
    Кога биле создадени првите две човечки битија, тие биле физички совршени. Се што создал Бог било "многу добро" (Битие 1:31, Библијата), така што нивните гени биле совршени - без мутации, без деформитети т.е. без грешки. (Ваква генетска совршеност не постои кај Дарвиновата хипотеза и затоа тие имаат проблем со почетокот на човештвото!)
    Но кога гревот навлегол во светот, Бог го казнил светот, по што совршеното создание почнало да се деформира, односно да страда со деформирање, болести, стареење, умирање и распаѓање. Ова е потврдено во: (Римјаните 8:22, Библијата)

    Во текот на илјада години, оваа деформација произвела најразлични генетски грешки во живите битија.
    Каин бил од првата генерација деца што се родиле на Земјата. Тој примил гени од Адам или од Ева практично без грешки, бидејќи ефектот од гревот и Казната во почетокот бил минимален и потребно било време за да се акумулираат овие грешки при копирањето на гените.

    Во таква ситуација, браќа и сестри можеле да стапуваат во заедница со Божјо одобрение, без каква и да е потенцијална можност за создавање на деформирани потомци.
    Адам и Ева, бидејќи имале речиси совршена генетска структура, многу споро старееле и живееле околу 900 години. За Адам пишува дека живеел точно 930 години. Во текот на овој долг живот, тие имале многу синови и ќерки (Битие 5:4, Библијата), така што Каин си земал за жена една од нив. Ако нашите баби и дедовци имале по 8-9 деца за 50тина години брак, можете да замислите колку деца имале првите генерации луѓе што живееле по 800-900 години :) Тоа значи дека за време од само 4-5 генерации, тие веќе биле премногу, раселени по различни области и веќе немало потреба да се земаат брат со сестра или братучетка.

    Во времето на Мојсеј (неколку илјади години подоцна), дегенеративните грешки се акумулирале во таков обем што се јавила потреба Бог да ја забрани брачната заедница меѓу брат и сестра ( и поблиски сродници 3 Мојсеева 18:6-18)

    Ја гледам како точен историски настан за создавањето на човештвото, бидејќи така ја гледал и Исус и апостолите, а така ја потврдува и современата генетика.

    Не знам, не пишува и секој може само да нагаѓа. Она што пишува е дека тоа им било забрането дрво на Адам и Ева и дека поседувало некакво знаење за кое Адам и Ева немале капацитет да го носат, да го владеат и да го употребат. Како такво, за нив тоа знаење било деструктивно. А исто така се согласувам и со orevokrsacka дека можно е тоа дрво да било и тест за послушноста на Адам и Ева.
    Сепак со јадењето од плодот на тоа дрво Адам и Ева неправиле неколку гревови

    - Прво јасно искажале непослушност спрема Бог.
    - Го направиле Бог лажливец (бидејќи се согласиле со ѓаволот кој им рекла дека Бог ги лаже)
    - Му поверувале на ѓаволот
    - Посакале да станат „како Бог“.

    Сепак приказната не завршува тука. Ова е само почетокот на Библијата. Останатиот дел од Библијата раскажува како човекот пробувал со свои сили да излезе од живата кал на гревот, да биде праведен со сопствените сили и како сите негови обиди се безуспешни. Но Бог не го оставил своето чедо безмилосно да тоне во канџите на гревот, туку му испратил Спасител - Исус Христос кој се жртвувал за гревовите на луѓето и казната за истите ја платил на свој грб со смртта на Голготскиот крст. И така секој Кој ќе се покае за гревовите и ќе поверува во Исус, добива простување на гревовите и вечен живот во Божјото Царство.

    Се надевам имавте трпение и концентрација да го прочитате целиот овој текст :) Добра ноќ!
     
    На theowndemon, mimiiiii и hermosa им се допаѓа ова.
  4. Serpentina

    Serpentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    137
    Едно нешто не ми е јасно
    Адам и Ева имале дете нели...или кои и да се двајца што први настанале на светот ...па после нивните деца со кој се размножувале ваљда не правеле инцести :D :D :D :D :D :D
    е ова никад нема да ми биде јасно..
     
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ако сакаш, може да ти биде јасно уште вечерва. Прочитај го мојот претходен коментар. Таму го пишав одговорот баш на ова прашање. Тоа е оној најдолгиот дел од мојот пост, каде што ќе ја видиш задебелена реченицата: Адам и Ева немале акумулирано генетски грешки.
    Поздрав :)
     
  6. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    Браво за ова, и јас така мислев :)
     
  7. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Живееле 930 години, леле, како не им здосадило :D ?

    930 години, па што правеле :o ?

    Инаку мислам дека и не е битно толку дрвото на знаењето, во смисла какво е тоа знаење, туку побитно било послушанието кон Бог, респектот кон таа наредба.

    Па и ние денес љубопитно се прашуваме што може да има во тоа дрво, односно какво е тоа дрво, кои знаења ѓи содржи, заерем не?
    Некои автори сметаат дека Бог однапред знаел што ќе се случи.
    Исто така има коментари дека и Адам ја “утнал “ работата бидејќи ја обвинил Ева, а не застанал цврсто
    одговорно да стои пред Бога за своите постапки, односно како маж да си поднесе одговорност.
    Таа му рекла, но тој нели е глава на меѓусебната заедница, што ја послушал?
    Бог кога дошол прво му се обратил на Адам, а не на Ева, од него очекувал одговор.

    Ако сте приметиле често се употребува изразот Адамовиот пад, а не Евиниот пад.(добро се употребува и прародителскиот грев)
    Еве последно што прочитав во најновиот број на Премин, во текстот за старец Јосиф исихаст вели :
    цитирам “ Се извлече од местото на Адамовото прогонство“.
     
  8. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Е како тоа? :yawn:
     
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.052
    Допаѓања:
    76.052
    Пол:
    Женски
    Приказната за Адам и Ева не е само приказна. Од нив, со нив и заради нив ние сме сега овде и сме вакви какви што сме. Луѓе по божјиот лик и луѓе кои самите по својата природа, која ја повлекуваме од нив, сме грешни. Смислата и поврзаноста е премногу очигледна за да биде само една раскажана приказна.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Неодамнешните светски генетски истражувања (од популационата генетика) покажаа дека сите моментално живи луѓе на светов потекнуваат од една жена која ја нарекоа Митохондриска Ева (Mitochondrial Eve). Со слично истражување се покажа и дека сите тековно живи мажи, потекнуваат од еден маж кој го нарекоа Y-хромозомскиот Адам (Y-chromosomal Adam).
    http://channel.nationalgeographic.com/a-night-of-exploration/videos/scientific-adam-and-eve/

    Ова е силен научен аргумент во насока на библиското учење дека потекнуваме од еден човек и една жена.