Периодот по венчавката и преселувањето во нов дом носи со себе бројни емоционални и психолошки предизвици, особено кога станува збор за жената која се наоѓа во нова средина, со нови улоги и обврски. Промената на семејната динамика, која подразбира соочување со нови односи во рамките на партнерството, па ете некои и со свекрва/свекор/золва/девер, може да предизвика мешавина на чувства, од адаптација до носталгија за родителскиот дом. Во овие моменти, се јавуваат прашања поврзани со личниот простор, одговорностите во новото семејство, како и балансот помеѓу задоволувањето на сопствени потреби и почитувањето на традициите и вредностите на партнеровото и семејството. Како го поминавте тој процес на адаптација? Како се чувствувавте и како вашите лични чувства ви влијаеја на процесот на адаптација? Дали разговаравте со некој за тоа? Колку долго ви траеше тој период?
Затоа што живееме во модерно време. Паровите повеќе живеат заедно пред брак, не чекаат венчавка за да почнат заеднички живот. Многу е ретко и живеење со родителите на возрасна единка, па директ кај други родители и маж. Можеби јас сум поинаку порасната, како и моите блиски во опкружувањето, но скоро сите на 18 почнавме да живееме сами, со цимери и имавме тука битен дел од животот кога учиме како да се живее со други и како да се снајдеш со своите лични обврски и средства. Учиш карактери и начини на справување со куп ситуации. Свејрва ти е 0 за 1200 луѓе у еден дом или скеој месец нов дечко на цимерка. После живееш со дечкото и сфаќаш каков човек и дали е човекот со кој сакаш да се омажиш. Сите можни предизивици ги имаш тогаш, освен дете. Живеење у еден стан со свекор и свекрва не знам дали толку често постои како пред десетина, дваесет години, најчесто се различни спратови и посебни домаќинства. Вистинското прашање е дали е спремна жената со сите предизвици во животот, како работа, домаќинство и одгледување дете, ако самата била дете до мажење и станала туѓо дете по мажење. Обично тука настанува проблемот, кога детето станува жена од која новата мајка очекува поинакво однесување. Мислам дека сме над овие ситуации, и моментот на черешна се од корен корнеше, мома се од мајка делеше, па после вика, досега сум мајка слушала, одсега ќе слушам свекрва, а јас сум безгласна буква.
Сите што доаѓаат од други градови да студираат во Скопје, да, живеат сами на 18години. Но, тоа е редок случај студент од Скопје на 18 години да живее сам. Исто така и за живеење во заедница, далеку сме од тоа дека веќе нема заедници. Можеби истото важи за другите градови каде цената на стан/ плац што и да е е многу помала од Скопје, па може да си дозволат повеќето млади. Студентите парови од други градови имаат прилика да живеат заедно пред брак, додека за младите од Скопје тоа е потешко. Обично млади брачни парови заедно инвестираат во заеднички дом, стан.
И сега сакаш да кажеш дека тие од страна се поотпорни, а од Скопје не? Па и Скопје сам по себе им нуди опции, ако немале можност да истераат студентски живот сигурно пропратно си научиле како. Не ја разбирам потребата од темата.
Затоа што многу што ги познавам од страна, живеат заедно со партнери под кирија во Скопје која им ја плаќаат родителите за да студираат во Скопје.
Многу си грешка во однос на ова. Да, родителите плаќаат дел од трошоците, но студентите паралелно и работат (зборувам за оние отстрана). Скоро никоја не оди да живее и дели трошоци со дечко туку тоа е или во студентските домови или под кирија со свои другарки или познанички на другарките. Тешко тој филм дека некоја отстрана туку-така ќе ја пуштат да седи со дечко, зашто се знае зошто се оди т.е школување. Ќе се јаде пинџур четири зими, ама мора да се заврши и нема лабаво. Разликата помеѓу личности што не искусиле студентски и оние кои искусиле е што вторите сфатиле дека треба да се прилагодуваат, борат, да туркаат напред и најбитното: сумираат убаво од грешките на другите кои пропратно ги запознаваат. Живеењето и адаптацијата секаде (не само во конкретниов случај) треба да е вештина на секоја индивидуа. Како некоја свесно одлучила да планира семејство, стапи во брак, а притоа да не знае да се носи со тоа после? Не велам дека не е ново искуство, но во најмала мера е смешно да се зборува како да се стекне искуство. Еве лично многу работи знам од повозрасните пријателки, па и баби. Ама сум сакала да знам, да слушнам, да видам со што се соочиле. Ко пита не скита, никогаш не знае кога и каде ќе му се најде. Макар тоа било и вишок работи.
Сериозно? Ако студирала и се оделила како што викаш рано, не родила на 18, сигурно знае домаќинство и сама дете да си чува многу повеќе од сите претходни генерации што солат памет на "новата мајка". И јас мислев дека сме далеку од турските серии, да ги ставаме на тест, дали се спремни, па да видиме колку се домаќинќи овие што стапуваат во брак ама ете уште има вакви мислења.
Апсолутно дека нуди опции Скопје, не е дека само тие што дошле како студенти се поотпорни, туку оние кои се одвоиле од родителите и живееле со цимери/сами/со дечко, и тоа не е ограничено само на периодот на студии. Многу често се вработуваат и не си одат, туку сеуште седат со родителите, до мажење. Ако научиле како да се снајдат со различни карактери и да живеаеат со поинакви заедници, нема да го имаат проблемот од навикнување во нова средина кога же се омажат. Ни јас. Возрасен човек не треба да има тешкотија од живеење у брак. Кога студираат. А кога работат, не им плаќа никој, сами плаќаат. Не е во домаќинлук, ниту темата е тоа, туку дали се психички способни да го издржат периодот од дете на мама и дете на свекрва. Ако е самостојна личност, нема да има никаков проблмем со ова. Ако е зависна, ќе има. Многу често во патријархална заедница одат жени кои доаќаат од таква. Самостојна жена која живела сама, оди натерај ја со свекрва да се бања у иста када.
Не знам каде си пораснала и каде живееш ти ама во Македонија, па и на Балканот многу мал број на луѓе се осамостојуваат и почнуваат да живеат сами. Не зборуваме за живеење со цимери, туку за заеднички живот на млад брачен пар. И нека е тоа еве и сами, не мора да се со родители на мажот или жената, пак е и тоа процес на адаптација кој треба да се помине и сите различно реагираат на тоа.
Не мора темава буквално да се сфати по венчавката, туку општо со започнување на заедничкиот живот со партенрот и вклопување во неговото семејство. Но, не можам да кажам дека е апсолутно ретко да се започне со живеење заедно по склучување на бракот. Посотјат такви случаи. Особено ако двајцата партнери живеат со родителите, дали поради тоа што живеалиштето им се поклопувало со местото на студии или едноставно после студии се вратиле назад во родното место, а притоа немаат услови да започнат самостоен заеднички живот. Па додека да создадат услови, дошол бракот. А, во однос на студентите и тоа како живеат партнери заедно, особено генерациите од 2000та натака, уште во прва година на студии заеднички живот со партнерот почнуваат. И да, семејствата им плаќаат се', од кирија, трошоци за студии, и останати потреби. Од тие што работат само дел сами се издржуваат или помагаат во издршката, другите работат само за плус џепарлак.
Живеење со родители (ете не мора и да е заедница) е итекако реалност во Македонија. Не само поради финансиската немоќ на младите од старт да си обезбедат сопствен дом туку поради тоа што се уште преовладува феноменот куќа на два спрата со спрат за синот и снаата. Е сега, многу наши мажи се со убедувањето, зошто да плаќам кирија или рата за кредит кога веќе имам јас куќа. Многу често тој и самиот има учествувано во изградбата на куќата а средувањето на спратот се прави со младата невеста в куќи, вложуваат големи пари, се земаат и кредити и за жал нема кој да им даде совет да не го прават тоа оти ќе се покајат набрзо. Е после кратко време, ќе и текне на свекрвата дека сепак таа е главна в куќи па ќе си се умисли дека има право да ровари во секој еден ќош во истата, вклучувајќи ја и фиоката со долна облека на снаата... и така почнуваат низата проблеми во заедничкото живеење...
Абе и студентскиот живот е исто така животна промена за која треба адаптација, и е процес кој и те како знае да биде стресен. Да, најголем дел од студентите не ги заработуваат парите сами, но ете се принудени да си водат сметка за тоа колку, каде и на што трошат спрема буџетот со кој располагаат. Тоа е еден чекор кон прилагодување на целосно осомостојување. Без разлика дали е брак или е заедница во прашање, исто е.
@Alm. едно е преселба сами во стан, друго е преселба во заедница. За првата ситуација прилагодување е кон партнерот и увидување дали одговараат партнерите еден со друг. Ако е модерна врска со сите салтанати тогаш и мажот и жената подеднакво се прилагодуваат на новите улоги. Верувај буквално треба да се договориш кој за што е задолжен во домот. Сум го поминала овој процес и добро го знам. Се венчавме после живеење заедно. Бракот како брак не смени буквално ништо. Детето кога се роди пак се адаптиравме на нова реалност. Секоја промена во животот бара прилагодување. Сосема поинаква е ситуацијата ако некој оди да живее во заедница. Јас лично на ова не би се нафатила, освен ако претходно знам дека е многу привремено и имаме план кога ќе се осамостоиме.
Па а ако се сами, се навикнуваат поинаку. Двајца луѓе, едно веце, се делат активности околу домот и тоа е тоа. Ако има љубов, како предуслов за добра воља, и сте компатибилни со карактери и навики, нема некои предизвици. Со повеќе луѓе, да треба да влезеш како делче во поголема слагалица, каде останатите делчиња се претходна константа- не знам, звучи тешко.
Секоја промена бара прилагодување некакво. Јас кога отидов да живеам сама прв пат под кирија ми беше многу чудно, особено првиот месец, мислев дека нема да успеам. Не го поминав тој студенски живот бидејќи останав да патувам во градот во близина за на факултет, па "на старост" почнав да си бркам работи сама и сама да се снаоѓам, кога ја најдов и првата работа во друг град. Според мене многу е потешко да одиш да живееш во цело друго семејство, отколку само со партнер. Само со партнер во денешно време е и те како потребно да поживееш пред брак, за да видиш дали би се поднесувале. Под кирија макар. Различни луѓе, имаат различни навики. Но кога живеел човек сам, со цимери и/или со партнер многу добро знае какви очекувања да има и е далеку поприлагодлив од тие што само преминуваат од едно во друго семејство. Некој имаше искоментирано погоре, на пример жена која живеела сама нема шанси да ја убедиш дека со свекрва ќе ѝ е подобро. Знаеме дека во мкд финансиските можности не се најдобри за осамостојување, и многу од синовите си се научени во спрат да си вложуваат за да "не даваат пари на кирии" па и невестата сакаат да ја земат со нив. Секој си знае за себе, овие муабети се прават уште во врска, само според мене заедница не е најдобар избор, крај краева треба да е привремен избор додека не се најде нешто друго. Партнерите си се посебно семејство после склучување брак, и најдобро е кога си ја имаш слободата.