Мајки чии бебиња нејќеле аптамил и хипп, кое следно да го купам? Може и до бебе е , ама таман почна по малку да влече од шише млеката ги плука , фаци праи ко нешто најгрозно да е
Јас на мојата не и давам веќе и вака кога читам ме фаќа паника, да не не сака да пие кога "ќе треба".. и се си викам бар 1но шишенце за мезе да и давам. Секако она малку пиеше 60-70мл макс.
Најпаметно ти е тоа... давај да не имаш мака потоа....ама ова моево одеднаш ми престана со шише, само со медела калма пиеше тогаш на почеток, потоа авент и почна повеќе да цица , вода не сакаше и така ни излезе шишето скроз од шема кога помина целосно на доење. Нудев шише , не сакаше и сега незнае да пие Незнам што ќе правиме набрзо почнувам со работа... меѓу доручек и ручек цица по еднаш убаво и еднаш за мезе @mariz едит И до тоа ни е маката , ама маж ми запнал до млекото било! Еве имаме авент, мам, чико две врсти, томи типи, нук.... само од томи типи повлекува по 2,3 пати и тоа е успех за мене
А да пробаш со клунче чашка? Но да не е и таа силикон цуцла, туку пластично клунче... мислам вака така сите ад млека се слични, само мајчиното е различно... на пријателка не и прифати ни едно Адаптирано.. Ај ако можеш одмолзи бар 20мл (со рака, со пумпа пробај некако), aко ти ги пие значи е до млекото, ако не, значи е до шишето
@mariz три со клунче купив (чико,мам,томи типи) си ги чешка непцата со нив @wannaBeMomma пробано Првиот пат сакаше потоа плукаше Ама тоа ќе биде изгледа
Иста мака имав и јас,никое не го сакаше се мрштеше и плукаше. Со рака ми покажуваше како стискам со пумпата,мое млеко си бараше и на цела мака смешно ни беше.Почна аптамил да пие од шише лансинох,ама отворот на цуцлата е за 0+ и не му доаѓаше друг вкус нагло и се навикна. Во денот еднаш пие аптамил,не пробира.
Епа ми личи тогаш дека е до млекото, ама ке види нема цице, ке мора да пие а може и нема.. ама не е страшно, ке даваш цице навечер или сабајле, полека ке внесува и други млечни производи, ад млекце во кашите и тоа е тоа без грижи и да не фати да пие, има решение како да внесува млекце..
Ели мислам не е до млекото, горе доле сите се исти, а нималку вкус како мајчиното. Кај другарка во ваква ситуација и повлече од шише со каучок цуцла. Пробај
До млекото е мајка... не го сака... двајца ги имам дома... големиот што дека до 6 месеци беше на дохрана со ад млеко, преку ноќ буквално го откажа и си остана само на цице. Ама и шишето го откажа тогаш, а малово не прифати да пие млеко континуирано, еднаш или два пати ако се напи. И јас бев со тој ум, ќе му даваат ад млеко додека сум на работа, ама не бидна ништо. И без ад млеко порасна.
Мојава од сите пие, а имам авент, чико, томи типи, бејбилов од Дм и две што као за чајче ги купив на бејбинова, ама и за млеко ги користам... од сите си пие без мака а и од сите се лигави... незнам зашто така пие, ама од страна на устето испушта млекце..
Мајкички колку време може да стои подготвено ад млеко? Тоа што останува го фрлам веднаш,но прашувам за млеко подготвено без да има бебе пиено од него.
Имав постирано погоре линк од сајковски. Вика може во фрижидер да се стави. Мислам и @wannaBeMomma кажуваше дека става во фрижидер.