Утре правиме месец, ја дојам и плус и давам по малце ад Nan. Ми фати бебе запек неможе да се искака плаче стенка.. помагајте што да и дадам
Убав пробиотик е тој добар е за меше, ама конкретно за какање не верувам дека ќе помогне. Давај му чајче меѓу оброците од сладок анасон, распредели 100 мл за цел ден на пр по 30тина мл 3 пати во денот.
Мајки кои користите ар формула, кога се вративте на нормалната формула дали менавте постепено или дирекно. И дали самоволно сменавте или по препорака на педијатар?
За антирефлукс претпоставувам прашуваш Прашај си педијатар ама сепак ќе треба полека да пробуваш, ако пак почне да враќа ќе си се вратиш на старото млеко. Колку е старо бебето? Мојава повраќаше обемно ама само првите 1-2 недели и не го сменивме овичниот аптамил со АР си помина, не беше на секое пиење. А ни го препорачаа одма. Еве ја сега 3 м веќе нема никаков проблем.
@duffi @EuHenIa На антируфлекс формула сме против повраќање. На 3 и пол месеци почнав да и давам по препорака на педијатар, меѓутоа сега сакам да сменам на хумана2 затоа што ова не ја заситва. Веќе си има три цврсти оброка 9 месеци е.
Ми плачи на скоро два сати и само со млеко се смирува, а и навечер еден период си спиеше целс ноќ, а сега станува два пати и додека не и дадам јадење не се смирува.
Не е гладна, се буди од друга причина. Исто како бебињата на доење, се смирува со млеко, како да си и дала да цица. Период е мајка, ќе помине, иако знае да зачести околу годината. Инаку мислам дека ар формулата може да престанеш да ја користиш, обично повраќањето/бљуцкањето се средува некаде околу 6тиот месец, кога бебето веќе има еден цврст оброк, односно кога веќе почнува да седи. А твоето е поголемо веќе, со три цврсти оброци. И моиве двајца бљуцкаа, па не сум давала ар формула (големиот пиеше ад млеко, обична формула).
Мaмички,стaри сме 1 неделa a тежиме 2.500..кoгa дoјдoвме дoмa пoчнaвме сo хип oргaник кoмбиoтик ,нo пoследниве двa,три денoви кaкa пo еднaш нa ден и тoa кaкo семки,тврдo,ситничкo.Вие штo сте нa oвa млекo,кaкo сте сo мешињaтa?
Мајки на кој начин го подготвувате млекото, поточно ме интересира за водата. Ја заврувате па чекате да се олади или ја правите млака па го растварате прашокот?
Ако е вода за бебиња од аптека се стоплува само. За секоја друга прво се врие, па се лади за да може бебето да пие.
Не. Вода за бебиња се преврива по одреден период конкретно за бебелан по 48часа. Значи ако во период од 48часа не се потроши, остатокот се преврива.
Оваа прв пат ја гледам. На Хипп водата така пишуваше. Во секој случај по отварање на вода таа е веќе изложена и мислам дека не е проблем да се преврива, секако е побезбедно. Сепак кој како мисли.
Мајки синко за неколку дена полни 8 м. Денес бевме кај матичната и кажав дека сме уште на Хип 1 и ме искара. Ми рече никако 1 или 2 до година, само Пре. Ама бебево мое беше на Пре одприлика месец ипол и имаше мака со какањето и купив 1 и од тогаш сме немале мака. Ми рече дека 1 има многу шеќери а пак 2 уште повеќе. Сега незнам што да правам дали да купам Пре или да си продолжиме со 1. Дали во МК некој педијатар ви го рекол ова?