@orhideea се согласувам со @wannaBeMomma и @Black girl . После 6 месеци треба да пие 2 и мене така ми кажаа на советувалиште.
@orhideea ги прашав двајцата наши педијатри а и во аптека. Никако ни 1 ни пре, мора 2. Она другото не му е хранливо не е соодветно со месеците. За кравјо млеко мислам прашуваше. Сајковски од Систина зборуваше до 2 год никако кравјо млеко. Еве што ископирав од фб- Денеска во 0м+ гостуваше Д-р. Александар Сајковски. Ова е фрагмент од интервјуто..,,Ако во текот на првата година мајката нема млеко, а детето се стави на кравјо млеко, тоа сигурно ќе добие анемија заради дефицит на железо и ќе добие слабост на коските односно рахитис. Ако се стави на козјо млеко ќе добие анемија поради дефицит на фолна киселина. Затоа најдобро е да се користат адаптирани формули во првата година, но и во втората година ...По препорака на Европската агенција за безбедност во исхраната, тоа е апсолутна препорака, децата во првата година не смеат да внесуваат кравјо млеко. Во текот на втората година добро е да внесуваат формули, тројки како адаптирани млека, а не кравјо млеко. Дури над втората година може да се вклучи кравјо млеко меѓутоа во многу мала количина. За разлика од тоа, многу порано пред втората година можат да почнат со внесување на метаболити од кравјо млеко, како што се сирење, јогурт, кисело млеко, ќефир и сл. Кај нас постои заблуда дека кравјото млеко има многу калциум и е потребно детето да го пие за да биде здраво и да има јаки коски. Точно е дека кравјото млеко има многу калциум, но тој е врзан со фосфор и џабе го давате кога не се ресорбира во цревото и се исфрла со столицата...
Мајки морам да воведам адаптирано ,синко до сега нема пиено освен првите два три дена кога се роди дури ми надојде убаво млеко му имам давано аптамил ,е сега пробав со нан ама не сака пишти вришти мислиш го коли некој ,кое друго да го земам да го пробам да му го давам дајте некој совет ?
Оф да се насмеам на маката 3 млека пробани пишти вришти плука, фацки прави. Уште нан сакав да пробав. Хумана аптамил и хипп испробани. Мислам да нема да пијат ад Месец и нешто се обидуваме. Нејќе ни со шприц. Му фали еден оброк измеѓу најверојатно ќе давам малку млечна каша, од тие ноќните, кисело млеко....
Дај боже да немате. Ние едвај јадиме со пиштење од мешето.. Таман поминаа пак се вратија. Или лош скок е
За нас знаеш. Дури направив пауза 3 дена не му давав мое пак имаше може не толку изразени. Мојов периоди во денот почна да одбива ад, а немам доволно мое. Ние 3 месеци се мачиме, малце е подобар ама уште има денови попцел ден плачки. Се надевам се ближи крајот на овие грчеви.
Прашував за да му воведам кравјо млеко, пример палентата наместо со вода да му ја направам со к. Млеко а не да заменам АД Мислев за 100 мл неделно а не повеќе. Ама ќе почекам. Ќе воведам урда домашно правена. А за АД овде не го вели тоа само нашата матична, прашав и други мајки исто им велат затоа не знаев што да правам Пред година само Пре. Многу се мислам.
Kaj zivees? Da bese taka 1 i 2 nemase da postojat. Pre e za prematurcinja koi go pijat do odredena vozrast. Kiselo mleko i kravjo mleko za pienje ne e isto. Slobodno davaj vo ishrwna kiselo ml
Австрија. Кисело млеко давам. А кравјо не, само прашував. Може ќе одговори некоја мајка што живее Германија дали им имаат така кажано.
Веројатно не е поради тоа. Грчеви се грчеви, ад не им влијае. Евентуално ако не им одговара па ствара тешкотии и гасови. Уште малку ќе помине и овој период. Некој бебиња ги имаат поизразени, некој минимално. Период е ќе помине.
Јас на годинка сакав да воведам кравјо ама и ствараше страшни грчеви и прекинав Пред годинка со ад или јогурт Пдијатар не препорачува овде кравјо пред годинка @orhideea
Ааа да,сеа се вратив една страна назад и прочитав До годинка 2ка,и тоа на секоја контрола ме потсетува дека 2ка е соодветна и повеќе хранлива за бебиња од 6м
Офф те прочитав баш исти се и моето несака никакво шише, само од чашка вода пие, чај сокови не сака. Си мислев некои од кашите д му ги правам со адаптирано малку од малку да се навикне на вкусот. Вчера во веро видов некое адаптирано бебемил до сега не сум чула за него кој знае дали е добро.