Па тврдиш дека е добра водата од некој филтер, па прашувам дали си ги мерела квалитетот? Што е тука спорно? Кажав искуство од моја околина. Чешма, филтер бокал во однос на флаширана, води флаширана.
@kukla21 @TeddyGrey да не е една у чудни шишиња? Вчера ја пофатив. @wannaBeMomma Јана ли земаш? Детска или обична?
Оваа од зегин не е соодветна за мали бебиња и деца, има висока количина на натриум, дури и таа што е во детска амбалажа.
Да јана. И син ми пиеше од неа до година и нешто. Направивме пауза со бокал па сега шак пие пд неа покрај малата. Од обичната јана. Пиеше од бејби се додека не се дозна дека е истата у различно пакување. Значи обичнава јана е 1.5л и е 28мкд а јана бејби е 1л и е 40 мкд. А иста вода Најнискп ниво на натриум има, а и мене ми е највкусна
И детската и обичната Јана е иста, имаше нели и едно време низ социјалниве мрежи дека само амбалажата е различна, тоа беше кажано од страна на самите производители, па како се најавуваа тужби за превара, иста вода со поскапа цена демек наменета за деца.
Бејби јана не постои. Истата е само пакувана различно Имаше некоја афера пред некое време дека ги донеле во заблуда купувачите..
Добро, нека е и така, ама Кукла ти звучеше како сите ние да правиме дома испитувања на квалитет на вода. Ниту сум еколог ниту микробиолог, едноставно сум решила да верувам на сите тие сертификати што ги има тој филтер и сите работи што ги знам за него, како ти што веруваш на пријателот што испитувал. И јас ете кажувам искуство од долгогодишна работа на човек што е упатен во филтриве. Има и онлајн сѐ што е поврзано со тие филтри, кој сака може да истражува и прочита, јас сега немам време да барам и постирам, но за ова со флаширанава ќе седнам еден ден подетално да прочитам, не го оспорувам квалитетот. Но многу важен момент е и амбалажата, да не ја занемаруваме. Јас дури се опседнав еден период кога беше бебе ќерка ми и детално ги читав ознаките на сите лажички и чинивчиња пластични што ги имавме, па некои и завршија во канта.
Немам ни јас мерач Споделив искуство од познати кое баш скоро го споделија со нас. Ако фатиш да гледаш во денешно време нема ништо ко што треба.
Мајки да прашам, дали може место бебелан вода да користам јана вода кога подготвувам ад млеко. Бебе е скоро 6 месеци. Бебелан чини 65 денри и ми оди скоро шише дневно. Колку е јана од 1,5 л и дали се преврива или не? Дали може и друга вода да се користи за бебе а да не се преврива? Сум слушнала дека може власинска роса, точно ли е?
Јас од раѓање користам превриена вода од чешма. Си превривам околу 1 литар и си ја чувам во стаклено шише и само притоплувам.
Да споделам дека пробав ад (нан) со бисквити и испи 150мл како за прв пат, дека советот од @Black girl успеа резултат беше и само еднаш се разбуди ноќеска не стануваше на секој саат како вообичаено.