Си викам скок да не е.. некако се најадува за брзо и после со сила и додавам уште малку, ама на крај почнува да бута шише и да се гади а си пиеше 150, секое сабајле дури и 180мл, а сабајлево од 150 ми остави 40мл.. од тие 120 нешто и на лигавче има, како влече така и плука
Na strana lezi? I na mojava mislam pola mleko i ostanuva na tetrata Ne se nerviraj koa ke e gladna ke jade
За млеко се загрева нормално. Со ладна не можеш да го направиш. Ако е отворена повеќе од 48часа пишува да се врие.
Пие со 0+ на Авент и на Бејбилов. Ставив за поголема возраст, повеќе дупчиња се дави, тече бетер. Сега за сега најасално пие со Бејбилов со цуцлите што доаѓаат со шишињата, 0+ се ваљда. И свекрва ми кога и дава си ги бара Бејбилов шишињата дека најубаво и пиела од тие Инаку имам докупено 3ка на Авент, 3 дупчиња гледам има на тие... од тие ептен се дави. А овие од кој пие имаат 2 дупчиња. Уствари и не се 0+ така? Тие цуцли со две дупчиња се со шишињата што доаѓаат..
Мојава за некој ден 4 месеци дури сега почна по 120 да пие на секој оброк. И пак некогаш остава 30 мл. Ама па на 3 саати бара шише а ако и направам повеќе го остава. Значи од прилика 7-8 шишиња по 120мл дневно сосе ноќните оброци. Вака убаво си расте машала, ќе ја носиме на мерење наредна недела. Сакам од 4.5 да почнам да воведувам и храничка ама ќе чекам педијатар што ќе каже. Мојава рече после 6м ама ако почнам тогаш да воведувам додека почне да јаде 7 ќе фатат.
Моето пие 180мл на 3-4 саати. Со две дупчиња на Авент се 2ка. Од тие пие кај мене, пишува на цуцлата бројка.
Мојава пиеше помалку кога беше на цуцлата од 2м што е. Како ја сменив на 4+ цело 120 пие. Може не е репер количината бидејќи пие еднаш на ден, а некогаш и тоа не и го давам, ама па и тоа едно беше многу помалку со цуцла со помал проток. Се засркнуваше ептен мало бебе кога беше, веќе не.
Мојава со 3ка Авент се засркнува, а и тече млеко и од 2ка цуцла Уствари најасално пие од цуцла со едно дупче..
Нека пие колку што си сака се додека напредува, мене ми рекоа со сила да не форсирам да јаде повеќе кога не сака, макар што тоа не се случило, ако не напредува прашај педијатар да воведеш ли оброк уште еден каша, или нешто за апетит, не знам. Пред спиење 210мл, некаде кај 5-6ч во текот на ноќта 180мл, сабајле кога станува кај 10ч 150мл, и кај 19ч 150мл, значи вкупно 690мл во денот, порано пиеше 990мл ама ни рекоа да намалиме на 500мл дневно кога ќе има 2 оброка, сега има еден, ама никогаш не остава, 500мл да му направам ќе пукне ама ќе ги испие
Хахаха сонце бе, нека си пие Еве мадам сега од 150 направени остави 60мл а јадеше во 9ч кашичка. Наредна недела ке ја мериме, вака мене убаво ми изгледа...
Па за 3 саати после кашата нормално е да не е толку гладна веројатно, јас на подолги периоди му давам да јаде, на 4 или 5 саати. А бе не се секирај, манекенка ќе биде таа, штом ти изгледа убаво, таман си е, башка второ ти е, сигурно од искуство си знаеш од прилика, иако сите деца се различни
Батко на цице беше само, побуцко беше.. со него веќе не ја споредувам, врска си немаат во ништо еден со друг, освен за спиењето се исти, спанковци А каша си лапка машала.. вие после колку време од каша давате млеко? Јас денес по 3ипол часа, но знам и за два часа да и дадам, зашто како да не ја држи баш...