Јас комплетно го заменив едното млеко со каша, прво пробував тоа да биде од сабајле, ама никако уста за каша не отвараше, и си ја наместив кашата за ручек, па втор оброк каша кога ќе му воведам ќе пробам да биде за доручек, може тогаш ќе прифати. доручек е млеко во 10-10:30ч ручек каша во 15-15:30ч па млеко во 19-19:30ч па заспива кај 10-10:30ч и се буди за млеко во 12ч некаде и за уше едно во 5-6 сабајле и доспива одма до 10-10:30.
Мајки, кога преминувам на ад млеко од 1 на 2, дали треба да обрнам на нешто внимание или директно си продолжувам со вообичаените дози и дали да очекувам некои промени во столицата или сл.?
Ништо не се случи. Бебе не ни забележа. Си пиеше ко дотогаш и си какаше ко дотогаш. Преминав наеднаш, значи ми се потроши единицата ја отворив двојката и почнав. Ја пие истата количина ко со единицата.
Аптамилот е во ептен практична кутија, место за да се закачи дозерката си има и место да се израмни прашакот. Но и во кеса да купувам (се има случено да купам), не го префрлам, таму си стои. Мојава утре прави 6м, имам за уште 2,3 дена од 1ца.. па ке се префрлиме на 2ка
@eli.karameli ако не се лажам ти земаше млеко хип во германија. Зедов јас во австрија Ќе го тестирам наскоро
Скоро од почеток го чувам во стаклена тегла, ја купив за таа намена, многу непрактично ми е во кесите, нон стоп ми се истураше по малку.
Правам посебно во шишенце 60мл, две дозерки.. додавам во каша и блендирам, ако остане тоа го фрлам, 30мл ми е малку, а 60 многу и ми останува некои 10-20мл. Правам во мало шише од 120мл.
А дали може да мешам со АД само за тие млечни каши иако не сме пиеле до сега? Освен 3дена во болница?
Има млечни каши во кои има ад млеко и само со вода се приготвуваат, а за тие што нема ад може да, не би и сметало ваљда.. Инаку не купувам од тие инстант каши што се прават со млеко, додавам чат пат по потреба ако е густо ад млеко во варено, печено овошје и житарки (варени процедени просо, киноа, ориз)
До која возраст дававте адаптирано млеко? Бебе цицаше до годинка, после преминавме на ад, сега е година и 5месеци, незнам до кога да давам......млеко пие само за вечерното заспивање,преку ден непие, па дали не е веќе време да се учиме некако да заспиваме без млеко..