Неспоредливо. Нашево е како чај. И со ладна вода ќе го раствориш. Една голема кутија од 600гр е околу 11 евра, не ме фаќај на збор земаме пакет. Еве го
Ова не ви е германско. И на аглиски е опаковката. Јас до сеа само таква опаковка сум земала ма германски што пишува
Јас и давам Аптамил, а за еден месец ќе можат да ми донесат и од Германија, ама сега ја читам Кукла со Хип, па ме интересира искуство кое би ми го препорачале? @danichap можеби?
Терај си со што си почнала ако ти одговара. Јас дека хип давав со тоа споредував, а и веќе зборевме со @eli.karameli за тоа. Искрено бев скептична дека прават друго млеко за наши деца..
Убаво реков јас пред некој ден и за млекото на бејби лав од дм затоа е и толку евтино се што не чини тука се носи
Баш со тебе го правевме муабетот дека сум скептична. Чим за детска храна е вака, што останува за другото?!
Дури не осетиш на своја кожа не ти се верува. Ама за жал, вистина е. Козметиката, прашоците за перење, храната...ништо не е исто.
Ние веќе месец сме во МК и ми се потроши ад млеко од Австирја и морав да купам од овде. Катастрофа ништо не е исто ни боја ни мирис ни вкус. Ова од овде прави многу пења и шишето го плакнам со вода и е исто како мијано, а од австриското АД шишето ако не го измијам со сјај и четка остава бели траги. Бебе ќе мора да пие од овде млеко 20 тина дена. Незнам како да си порачам. Од мк нема автобус- комбиња до градот каде што живееме и мм не може да ми прати.
@orhideea кое млеко го користите? Читам и не ми се верува, како е можно вакви работи да се прават со бебешка храна. Ние сме на Аптамил и вака коа ве читам, се мислам што да правам. Немам некој вио Германија или Австрија кој би можел контнуирано да ми праќа. Па незнам дали некој има искуство со АД од Грција. Ако и таму е поквалитетно од таму да си купувам...
Ние сме на Хип комбиотик. Нека пише некоја членка како порачува ад од Германија. Јас мислам дека можи преку овие што возат мали комбиња спринтери за Германија, има многу огласи на ФБ по групи дека може и пратки да се праќаат по нив па можеби и може да се порача по нив. Инаку јас Хип 2 ја купував од ДМ за 8.55 € а Хип 1 8.95 € За ад од грција незнам какво е, доколку имаш можност земи една кутија и спореди.
Јас срцка купив аптамил и од Турција и од Грција . ОД Грција моментално користам исто е како нашето во Мк. А и од Турското не видов некоја разлика на подобро.. позз