Дали можам на бебо место на пример 60мл млеко на 3 часа, да му давам 70мл на 3.5часа, во смисла вкупната количина на млеко во денот да остане иста, а растојание малку поголемо? Кај и да е за 2-3 недели од Пренан ќе не префрлат на обично адаптирано, а тоа гледам е на 4 саати, па се мислев како некој период на транзиција да му направам, место 8, да има 7 оброци во денот.
Kaко би направила 70мл? треба 90 мл да направиш и 20 да фрлаш. Не мислам дека е поволно. Ама ако сакаш може и така зошто да не не мислам дека е нешто проблем.
Како и да е фрлам/ќе фрлам, јадеше по 40, 50 мл., сега 60мл. (подготвено, значи 60мл вода плус прав му доаѓа 70мл, па пак фрлам 10) на кујнска вага мерам.. во денот околу 150-160мл. на кг. тежина, и зголемувам по неколку мл. на неколку дена по препорака на неонатологот, да му се стабилизира мешко. Да не му дојде многу нагло од хранење на 3 саати, на хранење на 4, затоа се мислев со "транзицијава".. или да не го тупам многу, бебе ќе си се навикне брзо тогаш ?
Ќе се навикне мислам. Јас моево пр од 90 на 120 дирекно преминав немаше мака. Ако му е вишок ќе си бљуцне. Педијатар ти кажа на 4ч да го храниш? Чудно ми е.
Фала на искуство. На 3 часа се раниме сеуште не ни смениле и се раниме по формула ~150-160мл на кг. тежина, ама рекоа уште малку да качиме и ќе се префрламе на обично Нан, а таму во упатство мислам пишува 5-6 оброци на ден, затоа прашував. Како и да е на 21ви сме на преглед, до тогаш мислев да зголемам растојание малку меѓу оброци, знаат докториве нагло, ај од утре вака ќе праите.
Јас би дала кога бебе ќе побара. Без да бројам часови. Новите формули не мора да бидат на 4часа по одредената доза. Може да пие кога сака и колку сака, ама да се запази целодната дневна доза. Сепа ќе видиш што ќе ти каже педијатар.
Не гледај што пишува на кутијата. Треба да јаде на 3 часа. Така пишува на кутијата бидејќи се смета дека бебе ќе спие навечер се повеќе врзани саати како што расте, како што беше во мојот случај. За 24 ч пр ако спие 8 часа остануваат 16. 16 делено на 3 часа е 5 еве ги тие 5 оброци. Кога е новороденче во 24ч јаде 8 оброци бидејќи секои 3 часа станува. Зависи од бебе до бебе сепак. Ќе си зборниш со доктор. Ручакјте си и уживајте
Ве молам за,совет: дали може да се направи поголема количина АД млеко и да се чува? Да не правам на секои 3-4 часа.
Не. И тоа што ќе го направиш треба да го испие максимум за половина час. За секој оброк се приготвува ново. Ако не го испие цело- фрлаш.
Додека го хранев поголемиот со адаптирано млеко, побарав совет од аптекарка. Таа ми рече дека направеното млеко може да стои максимум пола саат (во фрижидер). Ако не се испие во рок од пола саат, да се фрли.
Јас секогаш правам ладам и давам, за навечер греам вода пред да легнам и ја ставам во термус и така кога ќе побара а ретко ми бара навечер, го правам ладам и давам. Два месеца сме зависи некогаш пие 50 мл некогаш 70 па некогаш знае и 100 мл. Јас давам BEBA HA 1
Ради тоа се мислам. Дали некој дава, да сподели искуство. Ако ништо друго кога ќе почнеме со млечни каши можеби со него да спремам.