Ovde pisuvaa da se stavalo u frizider.Kako ke go dades ladno mlekoto togas?!Ad ne se gree.Nikogas ne nudev posle.Sto ispie,drugoto frlam.Kaj mnogu dr bevme,deka prematurce mi e malata,i site bez da prasam po nekolku pati mi go napomenaa istoto.So ne ispie frlaj
Може да се чува 24часа во фрижидер. На повеќе места го прочитав ова. Ама ако е цело шишето, 50гр сигурно нема да чувам. Се топли под млаз топла вода. Исто како да го ладиш.
На нанот пишува да не се чува тоа што нема да се испие и одма да се фрли. Во фрижидер никогаш не сум чувала ад, си правам тазе.
Мајки ако дадам еднаш АД млеко само пред заспивање дали има шанси да ми се одбир од цицање.Може глупости прашувам не ми фаќајте кусур ама морам така зошто неможам да измолзам ни 60мл а на свадби две сум викендов и од 7 до полноќ да му дадат бар една доза...Ова ми е само за викендов потоа си тераме со цицање...Викендов бев излезена и малце му дошле тие 60мл.и верувам дека тој влече многу повеќе.Иначе заспиваме накај 22ч.цицаме 21ч.(од прилика се саативе) и спие до 03-04ч.ама цица и пред бањање на кратко... И кое АД го препорачувате? Читам има и Хумана сто е разликата од хипп,аптамил? Не ми треба најскапото зошто ми е за кратка употреба(вонредно).Ова на своја рака го правам зошто дека добро напредува бебе не ми дава педијатарот ад да му давам а јас на молзење солзи ми навираат кога не тече ко што треба...а кога цица го осеќам влече голта ко смокче
Нема да се одбие, ама големи се шансите да не го пие ад млекото. Измолзувај се секој ден до свадбите да ти се собере доволна количина млеко што ќе ја замрзнеш за тие денови.
Цената е разлика ( фирма ) сите се исти , хумана е 500 ова е 1000ка ( не е точна сумата ,варира зависи грамажа ,ама отприлика таа е разликата измеѓу ) и хипп не е лош ако ти е за кратко . А си давала преедходно Ад , оти може и да не го пие ,многу што се на доење не прифаќаат Ад ,мораш првен да пробаш не оставај на ризик .. Бебе е на прво место
Да да ќе пробам утре сабајлечки да видам дали ќе го пие и недај боже некои нус појави да не пројави ќе го следам.Пиеше само 4дена додека бевме во болница кога ср роди после тоа сме само на доење и јас се мислам дека ќе ми се мршти нема да го сака но мора да пробам...или на крај ќе се молзам но тешко искача што се не пробав...
Мајка ние сме со еден ад оброк веќе месец дена и прпблем за цице не направил никогаш. Ама како што ти пишале пробај, да не не ти го сака.
Мајки ние ќе се префрламе на НАН1, да се дотроши ПреНанот, и гледам во кесички е плус лажичката така во кутијата пикната. Можам кесичката да ја ставам во нешто, пример конзервата од ПреНан, и лажичката да ја измијам и како? Шубе ми е така фрлена у кутија. Ептен сум нуб, вака со конзерва топ ми беше.
Јас од хип сите ги имам стерилизирано. Еве и сега има 3 во стерилизаторот затоа што ги користам ко мерилици за храна.
Жени,и стерилизираната вода пак ја зовривате кога го подготвувате млекото,или само ја затоплувате и го додавате прашакот ?
Значи сепак и купечката стерилизирана вода се преврива.А колку долго смее да се користи веќе отвореното пакетче ? Овде пишува 3 недели,а мене скоро цело ми стои,бидејќи давам еднаш до два пати во денот.