уште ова да праѓам извинете она кога ќе потпорасне нема да се буди на 3 саати ке бара почесто тогаш ако да и давам?
Секој месец бебето ќе треба да пие адаптирано млеко во поголема количина. На син ми секој месец му ја зголемував дозата. Му давав млеко HIPP и таму пишува во кој месец колку млеко треба да се дава на бебето.
И кога ќе потпорасне се дава на три часа, само дозата ќе ја зголемиш соодветно на потребите на малото. Не се секирај, му се разработува дигестивниот систем, уште не знае колку му е доста, затоа може и бљуцка и повраќа.
да Forko и мојата бљуцкаше ми се чини до 5 месец ништо страшно и дозирај како што пишува на кутијата ни мање ни више па колу испие испие јас и давав по 90мл
Јас го спремам или со Хипп водичката ама и таа ја превривам, ма да пишува дека нема потреба ама ете, за секој случај, или пак со Горска, негазирана секако, ама убаво превриена.
моето пиеше по 90 мл па ке исповратеше и пак ке бараше и пак ке повратеше и тоа со млазови Пиеше млеко на секој пола саат.Јас им казав па докторите тие велат чим бара после повраќање не е страшно давај му колку и да бара дури да си го земи редотбидејќи моето се погоди лакомо хехех потоа нема да има проблем.еве сега неколку дена откако напрви 40 дена почнав да 2 саати да му го давам по 90мл до 120.и не повраќа ко што повраќаше порано значи нема толку вишок испиено.Ако се има прејадено тоа ке поврати а кога ке бара јадење давај му тоа само ке си го земе редот за јадење
zdr mamichki sakam da prasham dali dosega na nekoja od vas i se ima slucheno bebushot da dobie zapek i da kaka ednash na dva do tri dena od Aptamil-ot????
Јас овде би се навратила на оние постови со терапак млекото ќе ве молам тетрапак млеко не тоа е најобработеното млеко и најкоригираното дури и кога ќе потпорасне има свежи млека кои не се варат мадајас би ги варела овие се краткотрајно пастеризирани и јас вакво би и давала дури и самата си пијам такво не дека се идеални ама подобри се
Мамички ние пиеме хумана 2, е сега кога ја правев 1 во шишето се правеше пена и на шишето немаше ништо, е сега со 2 не ми се прави пена, и плус колку и да го мешам во шишето пак ми останува на него, онака ситни како прашина, се надевам ме разбравте вака треба да биди,или ?????
Најверојатно бидејќи е погусто млеко, направено е според потребите на поголемо бебе. Не би требало да има проблем, ама види малиот дали ќе го сака или не. Види и рокот дали е добар (а би требало да е). Може да е и произведувачот друг.
да погусто е, нее ситно како 1, а и рокот му е до 2014 год. синко многу повеке го пие дури се изненадив овие денови пие повеке млеко , еххе
Љубичица колку го земаш млекото на Хумана 2 и од колку гр. е ако сакаш да ми кажеш? Ние пиеме Хипп 1 и сега треба да почнеме со 2 арно ама никаде во Мк нема паковање од 800 гр. туку само од 300 гр. и е поскапо 320 ден.е 300 гр. а јас сега единицата ја земам 660 од 800 гр.
хумана 2 е 399 денари 500гр,и хумана3 исто пари а пробајте со хумана нокно 375 ден 500гр ,многу е убаво и ги имаш само во зегин