Мајки по колку мл пијаат вашите малечки,ние сме 43 дена пијаме хипп комбиотик по 100 мл ама почна да бара по 135 ги пија му се случи дури да испија 135 и бараше уште и уште 30 мл ги испи не поврати ич само си подждригна и си заспа...и плус цица ама малку немам доволно млеко...
Да наеднаш,почна да пија и по 120 дури и да бара плус а нема да поврати,тоа што му е одпоќе нели ќе си го поврати...на 3 саати пија одприлика обично заспива во 13ч спие до кај 3ипол -4 и кога ќе се разбуди цица малку после кај 5 заспива пак пие 100 до кај 7ипол спие па после заспива во 9и тогаш пие 120 мл,и ќе стани кај 2 пие 100 после во 5 и цица...
мојов не сака ни топло ни млако. само ладно пие било што да е. како да ог изведам тоа? колку време смее да стои млеково?
А да пробаш да го направиш на собна и шишето да го ставиш во ладна вода, евентуално со мраз, или фрижидер на 5 мин. Мислам дека нема гајле така. Битно е прашокот да се раствори убаво. Ако го сака ладно, така нека го пие. На жешково и го разбирам. Сака да се освежи.
плус и голем е не може да се прелаже веќе. јас му давав козјо со мед навечер, ама откако почна повеќе да спие велам ај со ова да пробам ама ете... не го сака . ништо ќе бутам у дубоко хаххаха
Па бутај, раствори го и стави го во замрзивач, за 5 мин. ќе се излади. Мислам полошо е ако стои на топло, отколку на ладно. А ако ти е да не стои долго, нема гајле и за тоа. Земи во предвид дека некои деца пијат едно шише по пола саат, бавно. Сигурно нема да прават по две шишиња млеко. Значи малиот твој е по замрзнати коктелчиња, а?
Баш тука пишуваа мајките дека во фрижидер и до 24 часа можело да стои. Значи прави и ставај во фрижидер. Нека се разладува дете.
аха. дека на него пишува да не се чуваат остатоците... па си велев ако важи тоа за иста ок вајда и за цело важи. ајде ќе пробам и така вајда ќе го пие. не е навикнат он на вакво. фала ти
Мајка остатоци се мисли на остаток од млеко кое детенцето не го испило цело(пример си направила 200 тоа испило 180 тие 20 се тие остатоци кои не треба да се чуваат). Ново направено млеко со жешка вода и оставено во фрижидер може да стои.