Здраво мајки ...Малата е 7м и несака ништо да јаде ја затвара устата и ништо не помага ни лажење ни играње ама баш ништо освен некој ден само кога таа ке сака ке отвара уста,многу сум загрижена зошто не напреднува во килажа 3350 е родена сега на 7м е 6600,докторката ни препорача покрај доењето да ја дохранувам со ад пробав со хумана2 и тоа несака никако само си игра со цуцлата сменив и шишиња и пак несака дајте некој совет како да пие барем ад навечер почна да се буди многу често не и стигнува мајчиното млеко
Ако не сака млеко не може со сила да и дадеш, бебињата кои биле доени тешко, скоро ич на прифаѓаат ад млеко. Се буди оти е нормално тоа, сите бебиња се будат, ретки се тие што спијат цела ноќ. Воведи кисело млеко, тоа сигурно ќе го јаде, плус ќе ја освежува, а и можеби полесно ќе ти ги пројаде кашите. За килажата не би се секирала доколку детето е здраво и весело и постојано активно.
Весела е активна е се тоа е ок матичната ми прави мн паники ке нема имунитет,ке и ослабне крвта, а несака ни кисело млеко ни една каша несака само да цица
Девојки, ај помош. Пиеме пре нан 60мл на 3 часа. Е сега, на едново близначе му е малку изглеа. Сакам да зголемам, ама 90 ќе биде мн и ќе фрлам. За 75 мл би било ваљда 2 ипол лажички (тоа полата ќе биде малку потешко да го направам со лажичката).. За 70мл колку би било? Или 80мл? Со пропорција некако не ми иде..
Ад се прави според упатство, значи 30,60,90,120(со полна една, две лажички...) , а не 70,75 зашто може да дојде до дехидрирање, разболување на бебето. Подобро да фрлиш ако остане отколку да правиш со две и пол лажички.
Како броите колку испило бебето, спооред тоа колку вода ставате или колку милилитри е на крај со прашокот?
Па и нема огромна разлика, освен на 180,210 вода, само тогаш повеќе се приметува.... со 150мл вода тогаш почнува да се зголемува количината... а со помалку колку што се сеќавам не баш
Девојки, знам дека адаптираново треба да се дава на размак мин 3ч. Е сеа по кг давам како што пишува, ама децава понекогаш после 2ч јадат се живо околу нив... денес едвај уште пола саат ги задржав дур им напраив, дури и мирново почна да плаче.. Некој совет?
На пре нан сме и би требало во петок да ни сменат. Пробав и со цуцли, јок бре, чим не тече млеко одма плукат. @kostarika јас немам мајчино.
Напрај им една мерица повеќе. Ако го испијат, гладни се. Мојава, во краткиот стаж со ад, секогаш пиеше повеќе одколку што пишуваше на кутијата.