Само на Холле и е одлично. Имам дадено неколку пати на малиот (кога имав проблем со лактацијата) Добра работа е што може да стои во фрижидер подготвено па мислам дека 1 ден.
Дали мора да чекам да биде малата +3кг за да зголемам доза на аптамил од 60 на 90мл? На упатството пишува до 14 дена 60мл, а над 3кг 90мл. Ние немаме уште толку, а сме 17 дена. Да зголемам?
Не би можела да сместам плус млеко во текот на денот. 7 каша, 11 млеко, 14 ручек, 18 вечера, 21-22 млеко и на спиење. Не огладнува за да вметнам млеко измеѓу. А може грешам и јас
И мене некако кнап ми се гледа. Мојава станува и цица. По 1ч и давам појадок. Па спие и цица. Ручек. Па цица и спие. Вечера и заспива со цицање. И баш размислувам - ако е будна 12ч и на 3 јаде, колку пати може вкупно да јаде. Да е гладна ќе вика
Арно почна да намалува со цицањето почна паника да ме фаќа што не сака да јаде. Арно сфати дека треба да јаде
Мојот пие два пати, сабајле кога станува и пред спиење. 180 или 210мл зависи. На Аптамил пишува 3х180 ама како што пиша @fana нема кога да му го вметнам третото а мислам дека нема потреба, секако си обожава да си јаде се друго
И давав три пати, ама почнува да одбива млеко и едвај ке испие 70,80 и ми го бута шишето... Можам да терам значи доручек каша во 7ипол, 8.. па млеко накај 11,12, па ручек во 15, 16ч, вечера 19,20ч и после 10,11 млеко? Касно легнуваме сите... Од кога воведов вечера хаос направив, незнам кога јаде, кога пие
Кај мене кога станува околу 7 пие млеко, вечера околу 7 и заспива периодов околу 10 со млеко Јас мислам можеш
Мојата нејќеше да пие млеко по станување... и затоа каша и давам, стануваме 7,7ипол, па одма во кујна одам