А да му сменам сега со Хумана 2 да почнеме не знма дали ќе го сака? И поефтино е од Хипп вака како што ми кажуваш по цените......
да толку е 399 ден, како шо кажа икаме, би требало да го сака, ете синко мој повеке го пие ова, количински, нели пред некој ден пишав дека мн малку пие млеко, а сега овие неколку дена ич немаме мака се мислам да го пробаме тоа нокното, додуша ние немаме мака, ноке ич не се буди калиас ако идеш накај бт, помини кај мене ке ви дадам ке пробате па ако го сака ке си купите, а и кафенце ке пиеме,еххех
па смени му вкусно е млекото незнам какво е хип на вкус ама ова е екстра а па ноќното и ти би го пиела
Епа тогаш ќе порачам да ми донесат Хумана 2 па да пробаме како ќе биде, дали ќе го сака. Инаку и кај мене намали многу со млекото последниве 2,3 недели ептен на сила му давам да пие, а инаку тоа ноќното само ноќе ли му се дава да пие или како? Ноќе имам мака јас, се буди за јадење ама почнува да шмука 3,4 пати и си заспива пак, така да веќе не му права цела доза само 60 гр му правам од кои ни тие не може да ги испие, а кога се буди плаче, се тегле мислиш којзнае колку е гладно, а оно ќе потегле само 2,3 пати и пак заспива. Па да видиме тоа ноќно на Хумана што викате какво би било да порачам такво да ми донесат. Љубичица за Бт тешко сега дека ќе идиме, мајка ми е во Мк моментално па нејзе ќе и порачам да ми донесе, утре ќе дојде, здравје друг пат ќе ти се јавам кога ќе дојдиме
да ноќното само пред спиење по густо е има зитарка хељда и ке го држи сито бебето па цела вецер а и само хумана има млеко бр.3 од 10 месеци се дава
Флаширана вода во пластично шише не смее да се врие, од стаклено смее ако не била претходно чувана во пластична амбалажа. Има токсични материи кои од пластиката преоѓаат во водата (важи и за други течности) и кои со загревање стануваат уште поштетни. Моето лично искуство е многу негативно. Да добиеш појасна слика за што се работи: http://pubs.acs.org/doi/abs/10.1021/jf102821h http://www.dailymail.co.uk/health/artic ... truth.html http://www.babycenter.ca/a1017837/phtha ... ed-to-know
Хммм, а каде има кај нас флаширана вода, негазирана, во стаклена амбалажа? Немам видено, можеби малечките шишенца од по 0,5л, но тие тешко се наоѓаат Мамички како вие го спремате адаптираното млекце за вашите најмили? Ако не па на ХИПП водичката само да ја користиме, скапа е ама па немора да се преврива. Човек веќе да полуди, има ли нешто што е сигурно?
Па мене педијатар ми кажа да ја превривам флашираната вода и кога бев во болница цимерките на бебињата им превриваа флаширана вода и до сега немам слушнато, значи ПРВ пат слушам дека флашираната вода не смее да се преврива И сега 6 месеци ден и ноќ што ја превривам флашираната вода за моето бебе што ќе биде? Не е добро? Ете го живо, здраво е.... Лелелелее глупости стварно, што веќе се нема да измислат
Истото и мене ми го кажаа, да користиме ИСКЛУЧИВО флаширана вода и да ја превриваме, можело и на ХИПП водичката без да се преврива, ама дека е 200 денари зедовме неколку пати само, ама па ако е најсигурна таа водичка, кој гледа пари, здравјето пред се. Инаку кажете ако има големи шишиња во стаклена амбалажа, негазирана вода, јас немам видено никаде, сите се во пластични шишиња колку што знам.
Секаде се во пластични шишиња флашираната вода, многу ретко има во стаклена амбалажа ама тоа до сега го нема никој спомнато, дека треба да е во стклена амбалажа, јас исклучиво од пластични шишиња користам флаширана вода и ја превривам.
Ретко се наоѓа флаширана вода во стакло, од литар никогаш не сум видел а од пола литро има но каде стварно не знам. Сериозна е работата, многу не знаат, најубаво да ги прочиташ линковите и сама да донесеш заклучок.
Најпросто кажано - пластиката не е добра затоа што меѓу другото испушта БПА (бисфенол А) и фталати во она што се чува во неа. Посебно кога шишињата се чуваат којзнае каде и како. А тоа станува уште поотровно ако се загрева водата (во овој случај). И јас превривав на времето, затоа што не бев доволно информирана, ама кога прочитав, престанав. Веќе не користиме флаширана вода, освен кога се случува да нема вода кај нас подолг период од денот. Мислам дека филтрирана чешмовача е најдобриот избор. А за мали бебиња и превриена. Така ми е планот здравје за второ дете.
А бе само малце на врвот од лажичето сода бикарбона и топ ќе е водата И обавезно чување само во стаклени шишиња!
и јас од кога се роди синко користам флаширана вода, купуваме ладна, ама јас пак ја превривам, и ја чувам во термос, се мислам уште малку да ја превривам и после така ке му ја давам дирекно од шише а за таа од чешма нема шанси, кај е мн лоша дури и внатре има некои ситни каменчиња
И луѓе, што е решението сега? Да му превривам вога од чешма? Мислите посигурно е? Или од ХИПП водата, ма да и таа е во пластично шише, е сега можеби таа па да не ја превривам, за подготовка на АД-то да за притоплам малце... Веќе човек да не е паметен, кај и да се свртиш се од штетно, поштетно...
да во право си се е штетно ако гледаш така значи мој совет , купувај си флаширана вода било која и превривај ја,и чувај ја во термос, да ти стои топла, па кога ке му правиш ад само ке си ставиш од таа вода,или ако е оладена ке ја стоплиш само јас така му правам од прв ден кога си дојдовме дома, до ден денес а таа вода на хип. хумана и слични се навистна поскапи и не се исплака, секако кога се работи за бебе не се штедат пари, ама и другата вода е ок, сите користиме таква