Моево и празна флаша да шмука ќе ќути. Тргни и ја вришти, врати ја во муцето спокојно си шмука на празно. Кај нас немало таква мака, многу да пијат/качуваат.
Колку беше гладен првиот месец како 9 месеци ништо да не јадел. Ако вриштеше за нешто тоа за јадење беше. Најаден беше бубаче. Пробав да му зголемам дозата на повеќе а поретко не сакаше. Плус обесен на цице. После се среди до некаде лактацијата. Па намалив АД. Е сега ако бебето има тешкотии, му смета, повраќа, тогаш нема давање толку често.
Девојки, може ли на своја рака од хипп органик комбиот.1 да сменам на хип антирефлукс, има ли штета? Тек на 3ти сме на лекар, ама едново дете ми повраќа и сакам да сменам. Иначе со кг добро си напредува ама ми е мака кога повраќа (и сме намалиле и сме зголемиле млеко и пак исто)...
Пожелно е да се консултираш со педијатар за ар формулите. Мојот 6+ уште знае да бљуцне. Ако не се работи за обилно повраќање, нормално е.
Подигај го да ждригне повеќе пати додека јаде и за спиење на повисоко ставај го. Внимавај по фаците што ги прави колку му е доста јадење. Моето едно така повраќаше ем ѓдригнуваше неколку пати ем антирефлукс перница има и пак уште еден саат го пазев да не поврати . Качува килажа тоа е најбитно, јас млеко не би менувала сама. Мојот како фонтана повраќа па педијатарот не ни смени. Ама затоа многу внимавам.
Прашај педијатар. Јас сега сменив на своја рака, ама моево многу повраќаше, млазеви и неколку пати до наредно хранење. Зависи колку ти повраќа, ако е нешто минимално ок, ама ако е баш многу, сврти телефон и прашај. Не е убаво па ни така да се остави.
Дали кога ќе подждригне пак после знае да поврати? На мојов џабе му е и ждригање и држење под агол. Ако му тргнам шише пр на 60мл не гледа, јазик пружа и уште малку ќе полета со тоа рацете и знам сака уште... стај му шише ке го изеде целото. И мене педијатар ми рече не е страшно чим кг се ок (на тоа повраќање за 1 нед качи околу 500г), ама ми е страв да не намали. И од кај ја зема таа перницата?
Мислам од анжи. Маж ми ја купи па не сум сигурна. Пробај повеќе пати во текот на јадењето да ждригнува, не само на крај . Ние така правиме со едниот. Биби пробај кога јаде да го држиш скоро па вертикално а не легнат.
Следно прашање и дилема. Нели Аптамил се дава на 3ч. Е сеа. Денес бебе ме исцеди од цицање. Празни кеси ми останаа градиве и сакаше уште. Дадов уште 60мл. Аптамил. Дури тогаш се смири, се развесели бебе. Сега ни цице да не нудам во следните 3ч?
Секое бебе е различно, никој не јадеме исто количински нит па бебињата ама плус минус 90 мл на 3 часа а може и помалку да пие или чат пат повеќе. Ќе следиш бебе колку му се пие. Нема мерка.
Дали тие што користеле млеко антирефлукс ( хип или било кое) забележале промена на столица? Од вчера му давав на едното и сабајле шо ќе видам: какушки баш буквално како пире, меко и бледо и лом направен до гуша. На него пишува помека столица ама нез ова дал така треба. И кај има дежурен педијатар?
Да, како гума е каката. Едвај се добришува и има боја многу светло жолта. Нормално е Дежурен има во Јане Сандански.
Мислам на хип пишува дека е очекувано меки и течни какушки ко на доени дечиња Мојата везден така какаше