Мамички синчето ми е 2 месеци, досега сме само на цицање, супер си напредува и имав многу млеко. Последниве два дена чувствувам дека млекото ми е доста намалено, градите ми се меки, и не течат сами како порано Се трудам максимално да си го повратам млекото, пијам чај за лактација, јадам редовно, течности доста... Дури и малиот денеска не кака воопшто, а какаше по 3 пати на ден, не знам дали јадел доволно, а инаку е весел прилично. Имам купено кутија Хип комбиотик уште пред два месеци, но досега немав потрена да ја отворам (се надевам нема ни да има). Рокот и е до 2019 година, цело време ја чував на собна температура. Доколку не дај боже дојде ред да дадам ад, дали може да ја искористам или да купам нова кутија? Се надевам дека нема воопшто да имам потреба воопшто од неа но да знам за секој случај.
Да, мочка и прилично е весел, а и кога плаче не му е плачот за јадење мислам, дури и си отспа два саати после јадење. Сепак ке бидам упорна да си остане само на цицање.
На табелата на Аптамил пишува пример 120мл 3-4 пати во ден. Не е ли тоа многу малку? Се мисли ваљда само на ад кога се, вкупно во текот на еден ден да испијат толку? Па мојава е комбинирано доење/ад, и ем цица ем пие по 120мл барем 3 пати на ден. Грешам ли?? Може ли да и е премногу, па да биде склона кон гојазност ради количинава? И што е до неа, би пиела и почесто мислам по толку, само што јас ја форсирам да цица колку и да несака.
Морам мислењево да го цитирам. Минатата недела кога бев ремедика се погоди Розита Хаџиманева. Поарогантно суштество немам запознаено. Падна муабет за ад и ми вика продолжи си со 45, јас и велам ама доктпрке како со 45 кога не постои таа доза. Е така лајче и пол ми вели и и викам тоа половина лајче не е секогаш исто, убаво си пишува 30, 60, 90 итн. Криво ми е што ме направи глупава демек за 45 не знам да измерам лајче и пол. Денеска си ги однесов децата во мојот град кај мн стар педијатар под пензија но се договоривме првата година да ги носам кај него. Прави исклучоци има своја ординација. Ме прашува по колку им даваш и јас 45 и се смее како мериш ми вели секогаш прави им по 60. Исто совети за доење човекот ми даде секогаш прво да нудам цице, па после ад. Конечно денеска некако функционираме. Друга тема за чајот или вода оваа од ремедика ми рече да почнам, а стариов педијатар ми рече нема потреба ако ги дојам.
@sweet.november Немој да се нервираш нормално е да градите омекнуваат но тоа не значи дека немаш млеко колку бебе цица тие се полнат. Како ке расте се ке мислиш дали имам млеко но не се секирај пиј течност јади и уживај во доењето не прекинувај и не давај вештачко ако бебе е ок.
Сега градите се полни пак ама друг проблем ни се јави, бебе не сака да цица, плаче и се трга, цела недела се бориме. Пробувам во темно, на тивко, во легната позиција... џабе. Единствено успевам кога е во полусон. А млеко имам како млекара. Го оставав гладен дури и 5 часа, и нудам града, плаче. А навечер цица без проблем. Гледам да го избегнувам шишето ама понекогаш се одмолзувам и така го хранам. Мислам дека проблемот е пресилниот млаз, градите ми шприцаат млеко буквално, и се засркнува кога цица. 2 и пол месеци сме веќе а никаков ред немаме фатено
Проблемот е што не сака ни да ја помириса градата, иначе пробував и така да одмолзам малку па да му дадам, иста песна, се врти на другата страна. Еве баш сега го чекав да стане, дури е сонлив некако да фати. Првин имаше плачки, па едвај некако со white noise се смири и цицна малку... Ќе си пукнам веќе, при толку млеко греота е да го изгубам, се надевам дека е период оти ако не млекото тогаш живците ќе ги изгубам вака
2м и 10 дена. Уште пред месец дена почна да ми прави проблем при цицање, ама некако малку на десна малку на лева успевав да го нацицам. Сега последниве 10 дена е хорор, плаче и ме гледа во очи, се трга, или ако фати да цица шмукнува 2 пати па се трга и пак шмука и така, секој подој е со молби. Уште шпага што не направив за да цица. А навечер цица без проблем.