Педијатарот ми вика да зголемам доза а бебињава едвај 45 мл ми пијат( најверојатно доволно цицаат затоа што убаво напредуваат) и затоа што не можат на три часа да давам на 4 со тоа пто ако пиштат да им давам да цицаат. А тие си се навикнати на три часа и нормално пиштат па имфавам да цицаат па ќе се заситат и на 4 саати не сакаат ни 20-30 мл да испијат. таман ќе фатиме ред и нешто ново
Тогаш Не сакаат храна на три часа . После секое доење се одложува хранењето. не можам да им фатам ред . Што ли им текна сега да мењаат.
Цело време ќе менуваат. Мојот е на АД пиеше на 3ч/8хранења во 24ч, па на ~3.5/ 7 хранења, па одеднаш му текна на ~4.5ч поголеми количини (5 хранења), сега е на ~3.5ч преку ден, има вкупно 5 млека, а навечер по 9.5 саати без јадење ги спие, последно јадење во 21.30, следно во 7 сабајле. И да сакам повеќе не сака да јаде, ако му дадам во 1 сабајле ќе јаде, ама тоа во 7 ќе го зезне едвај 60мл ќе испие. Чекам наредно што ќе смени.
A ти зголемува милилтри барем , моиве ќе цицнат и ќе Спијат 5 часа . Мислам дека се гладни тогаш и дека нема да качат доволно
Зголемуваше цело време мл со млекце, а качуваше по ~кило месечно, само последниов месец е доста проблематичен со јадење, ама пак качи ~450гр за 3 недели, ама поголем е и нормалнонбило помалку да качува, така да помалку се нервозирам. Кога му се јаде ќе испие 150-160мл за 10 мин, а кога не му се јаде многу ќе испие 100-120 едвај и тоа по пола саат ранење и ќе затвори муцка нема шанси повеќе.
Моиве со 30 мл почнаа како новороденчиња а сега скоро три медеци 45 јадат ама плус доење и претпоставуваме дека имам доволно млеко штом си качуваат килце на месец. Ама што знам веќе.
A kolkavo vi e bebeto, I moeto pogolemko vo kg I.bara pijse da jade ama I.napreduva pojse sto spored pedijayar ne ee vo red
Предвреме родено е, наредната недела 6 месеци правиме (3.5 корегирани) и ваљда 6 кила Вие сте поголемки родени, подебелки и помалечки. Па за месец ипол од 4900 (машала браво, може педијатар не е навикнат на бебе со родилна скоро 5кг ) на 5700 таман си е не е толку многу. Нека јаде бебе, ако не бљуцка многу или повраќа таман ќе биде и поголемата доза. Нели викаат просекот за качување првите месеци 600-800гр. месечно, ама има бебиња качуваат по 500, има по 1200 па и повеќе. Мене матичната ми има кажано (а и чичко гугл ми потврди) дека од 0-3 месеца треба во 24 часа во просек да пие 150мл на кг тежина, 3-6 месец веќе околу 120мл на кг. Значи твоето џивџи кај и да е ќе е 6 кила околу 900мл, моето 6 кила околу 720мл. во 24ч. треба да пие (треба ама ме заебава ) Секое бебе е различно. На пример на кумата бебуш јадеше доста и креваше првите 2 месеца по 1200гр. месечно, дури до 150мл стаса да пие некогаш, после се стабилизира, самото помалку си пиеше, и уште супер напредува.
Помалку качува едниот близнак, беше 120 гр повеќе од вториот а сега е 100 гр помалку , за два месеци. Едниот јаде 300 мл ад на ден а другиот 450мл. И памет немам како да јаде повеќе.
И јас немам памет со мојов, ама џабе е, толку јаде. Помалото поголем јадач се паднал, може едното поефикасно цица па му треба помалку АД. Битно си напредува. @Bibi30 нели и кај твоите пиленца помалото го стаса/надмина поголемото?
Минатата недела малото му бегаше за 260г. Вчера на мерење му бега само 60г. Ама големово мн ми качи за 1 нед скоро 500 г а малово 250г. Едново мн сака да јаде, и не ми издржува 3ч, вриска дур не му дополнам, а ако му зголемам после тешко му е само ржи.
Дома кога сме кај матичниот во 8ми Септември, а сега сме кај моите во викендица и тука 3 нед ни искача во пресрет една докторка, има за деца и вага и таму ги мерам овие 3 нед. Се зезнав јас со антирефлукс млекото, му сменив на големиот и за 10 дена само 100 г ми качи (среќа не ми намали), зт и малово го престигна.
Мами едново дете душата ми ја извади, не сака да јаде ,прета мрда додека јаде, мафта со раце и со нозе,плаче некогаш вришти па за да јаде му пејам , шетам со него и шишето во уста, на релаксатор го хранам , а не беше ваков.