Здраво мамички. Сакам да ве прашам за хип млекото од кога ке се приготви во шише колку време може да стои?
Кај читате тоа? Јас аптамил прематур уште купувам ама никакви информации нема на кутијата освен состав.
Добро ако на кутијата пишува на 3 часа и стварно чекате 3 часа да поминат? А што ако бебето огладне пред тие 3 часа? Моево бебе се случува некогаш и по час и половина или два да бара да јаде пак и нормално и давам не чекам. Не се водам по напишани правила едноставно ми е не возможно, според месеците на кутијата пишува треба да пие на секои 4-5 часа помеѓу 120 и 180мл, се случува да испие само 90мл и за 2 часа нормално си бара повеќе, ретко пие по 180мл. но само со 180 дотуркува до 4 часа за наредно ранење, ако испие 120мл за 2 и пол пак е гладна.
Еве сега и јас гледам, и на нашето и на слики од германско што сликав, ама изгледа сум читала на нивната страна. Овде освен според број на флаши дневно да множиш да делиш дека е на подолго растојание. И мене никогаш не ми се совпаѓаше возраста на бебето со килажата дадени на кутијата па не знаев дали да се раководам според едното или другото. На германското е наведена само возраста. Одамна не гледам по табелата колку треба да пие. Спојлер: Германски аптамил
Препорака е да поминат 3 часа за да се свари млекото за да нема тегоби, ако сакаш порано земи аптамил комфорт помалку лактоза има и полесно се вари, јас дохранував со тоа кога имаше грчеви.
Ние треба за некоја недела да се префрламе на 2ка млеко. Моментално сме на Аптамил 1, ама го мешам со лажичка Аптамил Комфорт 1 за вкус, зошто чисто не го пие, ваљда навикнат од претходно пиеше чист комфорт ама почна многу чести и ретки столици да има. Се мислам дали да терам со Аптамилов, може ќе треба пак да мешам комфорт или да сменам фирма ама не знам кое. Нан и Хип комбиотик 1ци се пробани не ги сака, така да 2ките не знам колку би ги сакал. Хумана, Холе....? Двојките се погусти така?
И ние треба за недела дена да се префрламе на Аптамил 2.. некој искуство какви се 2ките? Дали се подобри по вкус, мојата едвај Аптамилот во сон го пие. Ниедно друго не сака...
@DuchessAnn @Majjja Мојот немаше никаков проблем при премин од Аптамил 1 на 2. Неколку дена пред да наполни 6 месеци почнав со Аптамил 2 и супер го прифати, чак што више мислам дека и не примети дека е друго млеко. Ниту јас не приметувам некоја разлика во густина или нешто друго. Едино Аптамил 1 погадно ми мирисаше од 2 ката.
Дали некоја мајка го користи ова млеко и да ми каже од која до која возраст може да се пие? На кутијата пишува од 10 месеци, морво е 18, аптекарката ми вика дека е и ова за моево, ама па од 10 мес до 2 год ли е ова млеко? Ако некој знае да ми објасни
Мојава не примети разлика и одма го прифати Аптамил 2, а ни јас не приметив дали има некоја разлика во густина и вкус... Еве разликата во составот.. Ова е 1: Ова е 2: