Земав еднаш за проба го фалеа по групиве на фб и веќе никогаш откако прочитав дека било со нишесте некако ми беше шубе да го давам.
Мајки тие што користат Аптамил 3, вчера барав во ниту една аптека на Зегин и Еуро фарм во Скопје немаше. Вработените не знаат зошто нема и кога би донеле. Сакав да земам хипп ама не знам како малиот би го прифатил, бидејќи од сам старт е со Аптамил. Го пие само за спиење попладне и навечер и без него не сака да спие.
Ти благодарам, не ми текна да проверам во Дм ќе пратам маж да види. Ако нема ќе ти пишам ако можеш да пратиш.
Ако немаш најдено, да ти кажам дека само што видов во аптеката на Алпи Фарм во Радишани, претпоставувам дека го има и по аптеките низ другите населби.
Мајки од Аптамил 1 на 2ка се префрла одма или постепено, по еден оброк, па два? И реакции има некакви, како потешко на меше?
Мамички по колку мл ад дававте на 2 месеци? Јас давам 90, но едново се буни, вреска и почнав да приправам уште 30. Да не претерувам? Само на ад сме и успат да прашам со ноќни оброци кога прекинавте и совет на кој начин?
Само на ад се? Моево има околу 2 и пол месеци и 120мл ѝ е малку. Веќе по 2 и пол саати почнува да плаче и ако ја држам, се врти накај града. Ваљда инстинкт, иако не цица. Денес баш читав дека се дава по околу 150-200мл ад млеко по килограм на бебе. Ѝ давам 7 пати по 120мл и изгледа ко да не ѝ е доволно. А на кутија пишува 5 пати по 120. Тоа нема шанси да го издржи Инаку мислам дека е многу рано за укинување на ноќни оброци.