Адаптирано млеко

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 12 јануари 2013.

  1. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Абе жени, а порано зарем имала флаширана вода и ни правеле млеко, од чешма, ете мајка ми има кажано дека од чешма вриеле вода и ете сме живи здрави прави. А денес откако излегоа флашираните водички се чудиме вака требало онака не требало, ова било штетно аман веќе :tmi:
     
    На koritsaki и loki.c9 им се допаѓа ова.
  2. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Ама мила иста работа е тоа, пак таа вода стоела во пластично шише, дали ке ја превријам цела и ќе ја чувам во термос, или додека да се искористи ќе постои уште ден-два, не ми прави некоја разлика :| Јас затоа прашав за стаклена амбалажа, значи да не е стоена ич во пластика. Инаку и јас така го правам млекцето, со флаширана вода Горска, ама која ја превривам пред употеба. А и тоа е точно, порано ни флаширани води имало ни ништо, па сите здрави прави биле, ама па водава од чешма колку пати знае да биде заматена и со некои зрнца внатре како песок... Хипп водата нека е скапа, ама и таа е во пластични шишиња. Штознам што да кажам, ајде ИксМен нека предложи некое решение, чим веќе ја почна темава :) како тие го приготвувале млекото?
     
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Ја почнав темата за тие мајки што сакаат да бидат информирани за опасностите од пластична амбалажа да добијат информација ама тоа не значи дека постои убаво лесно и елегантно решение :|.

    На мое дете во никој случај нема да му давам вода од пластика а како ќе правам не знам. Може ќе ја вријам скопската од славина (на брошура за странски туристи пишува да не се пие водата од чешма зашто имала премногу хлор-изгледа за нас домашните не важи, ние сме имуни на хемикалии) да испари хлорот па ќе ја заледам да се формираат пак кристалите па со неа ќе припремам или ќе се снабдам со флаширана од стакло на големо (сум гледал по кафаниве и во мали стаклени шишенца) или ќе барам извор во близина на Скопје па ќе полнам стаклени бардаци од 30 кила (што и сум правел додека не го загадија изворот).

    Немам инстант решение кое да не бара напор и планирање ама ако сите молчиме никогаш нема ни да има решение.

    Во Канада забранија шишенца за бебиња со Бисфенол А така да не е шега работата а фталатите се еднакво токсични, сметајте како да им давате контрацептивни апчиња на бебињата со секоја голтка превриена вода (од пластика) зашто делуваат како естроген во организмот.
     
    На Annath и Cliona им се допаѓа ова.
  4. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Јас пак мислев веќе си имал искуство, не сум разбрала како што треба, те направив тато пред време :) Него шала на страна, кај и да е мечево ќе се буди, а шубе ми е да му дадам сега од Горскава, од чешма па и тоа не ми иде... :|
     
  5. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    како сакаш, изборот секако е твој, ама ако гледаш речиси сета вода е во пластични шишиња така да сакала некела ке мора да ја користиш таа... а и додека е помало може да купуваш од тие специјалните води за бебиња, ама што кога ке почне во градинка на пример ???
    не си ја стегај душичката давај му горска, еххе
    незнам може јас сум таква не го чувам толку во стаклено звоно шо би се рекло синко, ама секоја мамичка е различна ;)
     
  6. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Абе знаеме сите колку се штетни некои работи и колку и да сакаш да ги заштитиш неможеш ама па кога ќе прочиташ нешто не ти е сеедно. Далеку од тоа дека не знаеме сите колку е штетна пластиката, дома многу ретко и ја употребуваме за било што и да е, и за чување на нешто гледам да ја заменувам што повеќе можам со стакло, ама тоа е тоа, да гледаме само помалото зло, ако веќе неможеме во целост да го избегнеме.
     
  7. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    ЧЕШМОВАЧА е најдобар избор ем ке ја превриеш ,а јас на почетокот 2-3 пати купив хумана вода во тетрапак и на неа пишува после два дена да се преврива водата а и пластични шишиња кој знае каде стојат ,јас од чешма превриена и ден денес и давам па ја цедам преку марамче за бигорот да остане на марамчето и имам стаклени шишиња и во нив ја чувам
     
    На Cliona му/ѝ се допаѓа ова.
  8. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Јас си земав бокал со филтер, пуштам водата од чешма да помине низ него и после ја превривам, го мешам млекцето па го ставам во ладна вода да под-олади...

    Ми се има случено и флаширана вода да превивам, на почетокот неколку пати, потоа Форко ми кажа дека таа не ја преврива па и јас почнав само да ја подгревам...

    Ама најчесто практикувам да превривам вода од чешма, исфилтрирана..
     
    На Forko и Annath им се допаѓа ова.
  9. ivana89sara

    ivana89sara Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    3
    od kade zede bokal so filter i koja cena
     
  10. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    823
    А да ве прашам до кога им давате адаптирно млеко на бебушите? После годинка се продолжува?
     
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.003
    Допаѓања:
    42.419
    Пол:
    Женски
    ПрепораЧуваат кравјо да се воведе после годинката
    Јас и давав ад млеко се додека сакаше да пие Кај 10 , 11 месеци одбиваше и ад млеко да пие, пробав со кравјо кај годинката ама не го сакаше
    и така веке никакво млеко не пие !
     
    На macence85 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    можиш до кога сакаш ТИ да му даваш ад, има нели тројки има и нескле џуниор, ама не можаш.
    пак зависо од мајката, јас со полни 11 месеци купив една кутија НАН 3 па една кутија нескле џуниор (на нив пиши алтернатива за кравско млеко) па почнав да му давам кравско и не ми правеше никаков проблем, ете сеуште си пие по 400-500 гр дневно.
     
  13. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Мене крајно несигурно ми е флаширана вода без да се преврие. Не ви е малку страв таа вода каде и во што стоела додека не ја флаширале? Водата пак од чешма ај што е полна со карбонати, него колку пати е матна и на дното како песок... Јас решението си го најдов во Хумана водичката во тетрапак, некако најсигурно ми делува. Ех да сум знаела уште на почетокот дека има во тетрапак пакување :(
     
  14. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Jaс земав ноќно млеко на Хипп, на Хумана немаше таму дека прашала мајка ми и почнав со него ама како млеко не го сака, ќе пивне 20 мл и се мршти, ваљда не му се свиѓа, така 2,3 пати по ред му правев и не сакаше :tmi:
    Па се одлучив кога му правам млечна кашичка со ориз или пченка му правам пола пола, ставам пола од кашичката пола од ова ноќното млеко и си го јаде така, не забележува дека е млекото и плус го држи многу сит, навечер пред спиење му правам кашичка и еве 2 вечери по ред си спие како топ, едвај чекав така да биде, да не ми се буди ноќеска за јадење, :tmi: инаку ептен се разочарав што не му се допадна ова ноќното, а цела кутија од 500 гр. е и викам што ќе ја правам ако не го сака ама му го најдовме крајот.
    Еве ова мелко го имаме
     

    Прикачени фајлови:

  15. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    да можиш така да му правиш пола пола,или пак можиш и цела да е со млеко наместо со вода, и јас така правев едно време кога не ми пиеше млеко ;) или пак ако му даваш млеко во спиење тогаш можеш сигурно нема да го познае
    и браво што си спиете по цела нок :)
     
  16. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Не го сака и во спиење му давав, го познава, а и цело во чинија само млеко исто не ми го сака, пробав и така, чудно дете е бреее, само ова со оризот или палентата оти мирисаат на ванила е тогаш го јаде, се измешува вкусот и не го познава инаку :x
     
  17. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    нели тие кашичките се прават и со вода и со млеко така? наместо вода ставај сам од ова млекото и плус прашакот од кашичката нели,па може ке го сака пробај, ако не давај му обично ад
    кога му даваш последно млеко да пие?
     
  18. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Не, не, овие кашички што се од 5+ , што ги земам јас, не се прават со млеко затоа што содржат млеко, само со вода се прават, ама јас само од ноќното млеко му ставам 2,3 лажички и 2,3 лажички од кашичката и пошто содржи хељда и оризови снегулки ова ноќното млеко е погусто и ми се совпаѓа во комбинацијата која ја правам, а гледам и го сака колку и да му правам може цела чинија да си ја кркне без око да му трепне :lol: и плус го држи сит :!: што ми е пак уште побитно за цела ноќ...
     
  19. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    следниот пат кога ке доагаат твојте нека ти донесат обавезно Хумана
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Јас знам дека не е убаво често да им се менува млекото, ако се навикнало на некое терајте со тоа, сега сте на Хипп, полека се навикнува и на тоа млекце, не му прави промени нон стоп Хумана - Хипп - Хумана, терајте некое време со Хипп, ако не бива тогаш пак вратете се на Хумана.
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.