A kako gi koristevte kapkite na niv pisuva 1-2 na den 20 kapki. Znaci 2 pati na den po 20 kapki ili vkupno 20 kapki na den ( dvapati po 10 kapki).
мајки има ли рок вештачко млеко колку може да се конзумира откако ќе се отвори? имам на нан ад млеко од пред три месеци отворено, убаво го затворив во кесенцето ама не знам дали смеам да му дадам на бебе. искуства?
Треба да пишува колку му е рокот на употреба од отварање. Не ги знам тие ад млека какви се, ама тука јас што користев беше 1 месец употреба од отварање. Ама јас лично не би давала на толку долг рок.
Мамички, кое адаптирано млеко има "најсладок" вкус? Денес прв пат дадов адаптирано млеко Хип комбиотик, ама син ми не сака да го смисли, само што ќе го вкуси добива нагон за повраќање. Иначе сме 4 месеци и само на измолзено млеко до сега, ама добив циклус деновиве и чувствувам дека млекото почна да ми се намалува, па сакам да имам адаптирано млеко како втора опција во случај драстично да ми се намали лактацијата.
Интересно прашање. Мене Нан ми мириса на расипано кисело млеко, а Аптамил на кучешка храна, Хипот најблаго ми мирисаше, а за вкус не знам кое е поблаго?! Додуше секое бебе различно прифаќа вкус. Ако ти е за резерва за дополна земи Нан или сл. кое има мала паковка, да не фрлаш многу.
Нема да ти се намали. Не цица малото, само се одмолзуваш? Инаку бебињата што се на мајчино млеко многу, многу ретко прифаќаат адаптирано кога ќе потпораснат.
Тоа е проблемот што воопшто не цица, од 2 месеци се одби од цицање од не знам која причина, после напорни и секакви обиди да го вратам на града, тој дамо вриштеше кога му нудев да цица и седеше гладен со часови. Веќе два месеци е само на молзено млеко, иако пак му нудам града ама залудно. Не знам што би правела со 4 месечно бебе ако млекото се намали а ад не сака воопшто
Скокот во развој ве фатил, многу мајки поминале низ истото. Додека можеш, измолзувај се, пак нуди града, нема зошто да не нудиш, ама за адаптирано, за жал, факт е дека тешко го прифаќаат. Јас имам искуство со Новалак млеко, со првото дете. Ок беше. Не се сеќавам како мирисаше, ама сите адаптирани млека се слични.
8+ сме мн малку пие млеко го одбива а за јадење капи не е проблем си јаде... слично искуство? Можно е да се одбие само?
Мојава го одбиваше одамна, до душа од раѓање не беше по млекото. И одамна така по малку си пие, колку толку... гледам да и давам млечни производи, па не е страшно ако не пие. Но и 60,120мл не е ич, така да нуди и, колку сака толку. Давај и млечни производи повеќе. Мојава месец ипол два само сабајле пие, правам 150мл, остава секогаш 20-50мл, кога како.... и навечер и давам 150, ретко да испие се, често ми остава, а некогаш се случило и 20мл само да пивне. Само два пати и давам, зашто тоа па преку ден ич не го сакаше и и го укинав.
Кога имаше 9 месеци, едно четири-пет дена мака мачевме со млекото. Одвај по 60 мл, навечер по 20, а еднаш се случи и воопшто да не испие. Живци искинав тогаш ,ама потоа се среди. Период е, заби ли се, скок ли е. Ќе помине.
И мојот периодот толку пие. Уствари незнам дали е период или треба да се помирам оти не е по млекото. Во сон го испиваше шишето, сега не. Обично од оброкот што му е измеѓу доручек и ручек дали 70мл испива.