Мамички има ли некоја што му дава Hipp HA 1 на својот бебуш и како сте задоволни, навистина ли не прави грчеви кај бебето?
На бебушите од кога почнувате да им давате вода да пијат? Јас на моево му давам адаптирано hipp ha 1 и Бекутан чај, па ме интересира дали може и вода да му давам
Може ли од хип комбиотик 1 да преминам на аптамил 2,или да земам првин аптамил 1 па после да преминам на 2ка? Иначе има пиено аптамил на почетокот.
Ние користевме нан1 ама никаков напредок немавме за една недела ни го смениа, ни го препорачаа hipp ha1 испивме една кутија ама не ми го сака, од денес земавме hipp combiotic ме интересира зошто го менувате не сте задоволни или не го прифаќа ?
Моето беше на аптамил од старт, ама дека сме на комбинирано одкако ја сменија амбалажата аптамил не ми се исплатеше да зимам бидејќи нели 3 недели може отворено а предходно си беше во 2 кесички и така идеше некако и затоа го сменивме со хип комбиотик. Сега сакам да го вратам пак на аптамил некако хипов не го држи и кој и да прашам сите на аптамил се мислам дека е подобар од хипот мада сите млека се тука негде исти.
Купивме Hipp Junior Organic 3 прв пат, сакав мусли да му спремам за доручек и таман да го проба млеково, ама ме удри една силна миризба кога го отворив, мислам, исто мириса како 2ката ама 500 пати појако, го пробувам вака со муслите, мене грозно ми е, ама не дека имам пробано од другиве 1 и 2 што беа, вероватно е нормално да ми е грозно, сега не знам дали е расипано или така треба да биде? Ве молам за одговор, фала ви
Можно е да не држи, јас гледам по малиот му давам 90мл некогаш не го ни допива, а за саат, саат и пол пак е гладен.
Јас прво ги дојам па ад давам , на едниот 60 мл на три часа на другиот 45 мл на три часа, преку ден , навечер повеќе почнаа да спијат па кога се разбудат .
Докторите викаат на 3 саати за поубаво да се свари, а количината колку да му даваш според возраста пишува на секоја кутија на АД млекото, ама сепак е индивидуално од детето, ние некогаш го фрламе некогаш ни е малку.
На три саати му давам по 120 мл и некако не сум сигурна за количината. Тој си го пие цело, само се мислам да не е многу. Со цицањето немав вакви дилеми, сега со адаптираново само се нервирам.
Откако ќе го направите адаптираното, максимум колку минути е добро(не расипано) за давање? Читав на кутијата не пишува.
До 1 час, најубаво во рок од 30мин, зависи и од собна температура, летото на жешкото знаеше и за 20 мин да скисне.