Адаптирано млеко

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 12 јануари 2013.

  1. loki.c9

    loki.c9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    201
    Ние бевме на хипп органик па од пред некој ден сме на хипп комбиотик, поубаво му е комбиотик не повраќа од него а и нема гечеви.
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  2. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Ние сме на НАН Про, со НАН почнавме во болница, со тоа и продолживме и сега ми е страв да му сменам...
    Имам чувство дека не го најадува баш НАНот, понекогаш бара и после саат ипол (одкога ќе испие 90,) пак да јаде... :?:
     
  3. ivana89sara

    ivana89sara Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    3
    nie sme na hipp AR(anti refluks)formula no od nejze ima samo do 6meseci,a nie sme pet ipol pa sea ke prodolzime so hipp2 combiotik se nadevam deka nema da imame problemi...
     
  4. Afrodita25

    Afrodita25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    75
    Мамички како сте задоволни од млекото Хипп комбиотик? Почнавме со дохрана со него, ама после пиење ми повраќа бебенцето
     
  5. loki.c9

    loki.c9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    201
    Нам ни е супер
     
    На Afrodita25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kamikazus

    kamikazus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    70
    Mамички нормално ли е промени во боја на столицата на бебето ако и E сменето адаптираното Mлеко?и го сменивме и Kакаше зелено :(
     
  7. loki.c9

    loki.c9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    201
    normalno e.
     
  8. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    најдобро да си прашаш на лекар, може не ви одговара млекот, и ние од прв ден па до кај 2-3 недели пиевме нан,ама не го најадуваше, едвај се какаше па по препорака на др почнавме хумана и сега века 2ка пиеме супер го прифати бебушко ;)
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Мамички хелп. До сега бевме на Хипп Комбиотик 1 но многу имаше грчеви од него па му сменив на Аптамил 1. Дали и вие сте имале вакви проблеми? Кое млекце би ни го препорачале што ќе ни помогне со грчевите? По препорака на педијатарот го пиевме Хипп-от баш за таа намена, грчевите, но кај нас имаше контра ефект :( Се надевам Аптамилов ќе ни помогне, почнав и малку поразредено да му го давам, пример, ако треба 5 мерилки, јас му ставам 4, исто и тоа ми го предложија па ќе видиме како ќе биде, инаку добро ми го прифати, немавме неој проблем, чекам првата столица да ја видам дали ќе биде во ред.
     
  10. loki.c9

    loki.c9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    201
    Мамички по колку мл треба да пие млеко бебе од 3месеци и една недела? Моето од 90мл неможе веќе или ако го испие повраќа во млазови. А му давам на 3 часа.
     
  11. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Локи, како бе мила по 90мл бебе од 3 месеци? :o Некако малку ми е тоа, штознам :| :| Синко има 2 месеци и пие по 170мл, но не на 3 саати, некогаш пие на толку но некогаш и на 6-7 саати, зависи. Сепак би рекла во глобала имаме околу 5-6 оброци. Како напредувате во тежина? Кое млекце го пие? Знам на кутијата од Хипп пишува дека бебе од 7-8 недели треба да пие по 170мл, на Аптамилот 120мл, мегутоа таму ја пишва и килажата, па кога ќе споредиш по килажата што ја има син ми пак излегува дека треба толку да му давам. Пробај постепено да му ја зголемуваш дозата, полека ќе си се навикнува и ќе немате потреба да се храните на секои 3 саати, ќе си спие повеќе. Малку ми е чудно 90мл само да пие, да не сте и на кашички или само да АД?
     
  12. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    локи нема врска тоа, секое бебе си е различно, и синко мој кога беше на таа возраст пиеше по толку некогаш по 120-130мл на два и пол саати три, ете го и ден ден не пие многу , значи пие пак помалку млеко , и тоа почесто ;) значи не се секирај давај му така, штом си напредува и клава во килажа ич да не секираш. подобро помалку а почесто, отколку да се прејадува па после да му е тешко и да поврака :(
    а тоа што го пишува на кутијата од ад млекото е само некоја оптимална граница , за да се знае од прилика
     
  13. loki.c9

    loki.c9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    201
    фала ви на одговорите, го носев на приватен пед. и тој ми рече да му ја зголемам дозата на 120 па колку сака толку да испие, му правев ама несака повише да пие. Е еднаш испи 120мл и после 10 пати се исповрати и од тогаш само 60-90мл
     
  14. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Топ е хипот терај си..
     
    На Afrodita25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Мила а напредува добро во тежина? По колку качува на месец? Јас пак ке речам, 90мл а особено 60 за 3 месецно бебе е премалку, кој што сака нека каже, со 60мл дете неможе да биде сито во 3ти месец, е сега ако сте на кашички или цицање плус, тоа е друга работа, ама ако е само на АД и пие по толку незнам што да ти кажам. На кое АД сте? Точно дека секое дете е различно, а и не секогаш бљуцањето после некој оброк значи дека детето е прејадено, еве ние пиеме по 170мл а имаме 2 месеци и недела дена па не повраќаме, а некогаш може да се случи и од 30мл да поврати, што значи дека едното со другото нема врска. Можеби не го поднесува добро тоа млеко и затоа бљуцка, а и самото бљуцкање кај бебињата е нормална појава. Ете и педијатарот те советува да му ја покачиш дозата. Да не му даваш брзо време пред млекото водичка или чајче или пак ад-то да му го правиш многу густо? Обично треба да се прават поретки за подобро варење.
     
  16. kamikazus

    kamikazus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    70
    Мамички може совет некој да ми дадете доколку имате вакво искуство.Малата имаше многу грчеви претерано многу од APTAMILOT и и го сменив млекото,сега пие BEBEMIL ама па првите 2 дена какаше зелено,а наредните 2 дена веке почна да како само по една брбушка тврда и денес се мачи никако да се искака само си пртка.Не покажува знаци дека е гледна дека и фали од млекцето да речам дека зелена как е од шт е гладно.Има ли некој некое вакво искуство? :(
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.844
    Допаѓања:
    202.910
    Пол:
    Женски
    Јас пак мислам дека 170мл на оброк за твоето бебе е премногу. Бебето ти е премало за таа количина, ако не сум грешка 170-180мл на оброк ад млеко беа за бебиња од 4 месеци па нагоре (барем мислам дека така пишуваше на лименката од Новалак). Инаку, секое бебе е индивидуално, секое има различни потреби, некое се задоволува и со 90мл, некое со 120мл. И нема врска дали се прави млекото погусто или поретко, си има точна мерка како се прави. Според твоево мислење, изгледа ти му го правиш поретко млекото на твоето бебе, па не се заситува со помалку и испива големи количини. Немој да ја правиш таа грешка. Густината на млекото нема врска со варењето, впрочем има различни формули од различни видови ад млека кои се погусти или поретки, а се со специјална намена.
    Има разлика меѓу бљуцкање и повраќање кај бебињата. Бљуцкањето е обично исфрлање на вишокот млеко, а повраќањето во млазови може да биде предизвикано од посериозен проблем, меѓу другото и неподнесување на млекото.

    Локи, и јас ќе те прашам дали малото добро си напредува. Ако се е во ред, нема зошто да се секираш што пие 90мл на оброк. Дали го доиш плус или само на ад млеко сте?
     
  18. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    По препорака на неколку педијатри поради грчевите млекото му го правам малку поретко, а за 170мл на кутијата од ХИПП пишува дека треба да пијат бебуши со 7-8 недели старост. Синко пие по 170 усте пред 2 недели, а јас почнав поетко да му го правам последниве 2 дена, што значи толку си пие и според табелата тоа е во ред. Сега му променив на Аптамил да видиме дали грчевите ќе му се поднамалат, таму пак пишува дека бебиња над 3 месеци треба да пијат 170мл но пак пишува дека таа килажа би требало да ја имаат после 3от месец и да ја пијат таа количина, а ние ја имаме на 2 месеци, количината на млекото кое треба да го пијат се одредува според килажата на бебето а не според староста, затоа што не секое бебе се развива исто како и другите, нели? Но повторно јас ќе кажам, ако дете е само на АД, 60 па и 90мл за бебе од 3 месеци е премалку. Ете истото и педијатарот и го рекол, но секој си знае за своето бебе, нели? Е сега ако е и на доење, тоа е друга приказна.
     
  19. loki.c9

    loki.c9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    201
    цел ноќ божем е на цицање ама тој не се буди да цица, со сила гледам да се нацица додека спие ама неке си спика, околу 14ч пие чај по 100-150 мл еднаш днвно. Почнавме и кашички да пробуваме по 2-3 лажици. Не сум го мерила 1 месец докторка ни е на одмор треба овие денови да го носам.
     
  20. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Локи мила грешка правиш ако го будиш да цица, нека се разбуди сам па тогаш дај му, ако заспива одма буди го, гали го по главчето, штипкај го нежно по ножињата или пак расоблечи го, ко му е поладничко, тогаш тоа ќе го држи буден. А немој да му даваш чај одеднаш по 100-150мл, него после секој оброк, нека помине саат време па дај му некои 20-30мл и се така после секој оброк, нека биде и 50 ако може да си испие ама не одеднаш 150мл, тоа е премногу, затоа после несака да пие повеќе. А чим бебушот ти е и на цицање, тогаш во ред е што ти пие по 60-90мл АД, јас си реков само на АД сте па ми беше некако малку. :*