Кога ќе испие аптамил 90мл, после колку саати смее пак да јаде? Бара на 3, исто како кога пиеше 60мл..
Мајки до колку години им давате на вашите деца АД? Ние сме 2 полни години и сеуште сме на Аптамил, не сака ниту да проба друго млеко, само по малку му подметнувам во некој оброк за да не осети... ХЕЛП?
2 ипол години е уште пие ад наутро и навечер, не ни планирам да му го кратам , бар вака знам внесува што му е потребно оти не е по јадењето многу. Ако си пие,и ако не ти е проблем финансиски подобра опција е секако од кравјото.
Синот ми е 2 и пол години и уште пие адаптирано ама само пред спиење. Не дека му е потребно ама некако навика ни остана па му даваме како дел од ритуалот за одење во кревет. Мајки, дозерки за адаптирано каде има? Во џамбо одамна ги нема оние со 3 прегради
30 минути не е проблем, мислам и малку повеќе дека може но до сега не сум оставила повеќе од 30 минути, ако не го испил за тоа време правев ново, исто и сега во каши со житарки кога правам ако не изеде во рок од 30 мин. правам нова.
Што и дали пишува на кутијата колку време може да стои? Имам читано тука велат 30 мин. јас таа формула што ја давам пишува 2 саати може да стои, но јас после 1 саат стоење ја фрлам,така ми кажаа уште од на болница и така правам.
Мене во Систина ми имаа кажано два часа, но јас никогаш повеќе од еден час не го давам, кога беше помал и помалку од час.
И мене во Систина ми кажаа до 30мин. Ама сум пробала и 45 немало проблем. Сакав да го спремам пример саат-два порано, боксови добивам ако нема одма млеко. Цело маало ечи @ane.bella ама баш ништо не пишува. И во аптека прашав, 30мин ми рекоа. За Аптамил зборам, може на други пишува. Вистина ли е дека Аптамил бил најтежок за варење? Демек грчеви правел повеќе.
Штом не пишува ништо прави како што ти рекле во аптека. 6-7 месеци е малце Ад се дава нај малку до година. Ти какво млеко би дала после 7 месеци?
Моево си пие уште АД само пред спиење без него не легнува 20 месеци уште пие АД пред спиење, планирам да му давам се дур самиот сака. Кравјо само во гриз, сутлијаш, пудинг...
кравјо. пред да воведам кравјо пробав од адаптираното и повратив. Си реков леле што ли сум му давала на детето. Ни вкус ни ништо. Педијатар ми рече дека може од 7ми месец кравјо разредено. Не би давала јас адаптирано повеќе од 8месечна возраст. Веќе големо е.
Педијатрите сега препорачуваат кравјо никако во првата година, а препорачливо е да се избегнува и во втората.
со оглед на тоа колку болести има на добитокот за разлика од порано се препорачува заради претпазливост после 1вата година. И намирници кои се склони кон алергиски реакции не се препорачуваат пред година,на пр медот месо од рибата јаготки киви... за кравјото млеко имаше свекор ми крава па водеше евиденција и грижа и знаев дека безбедно е млекото за пиење
Малата ми е речиси 3 месеци, и се' уште пие по 80-90 мл на 3 часа. Користиме Бебелан, па за овие месеци пишува дека треба да пие по повеќе милилитри. Ептен ретко и по 100 ѝ правам, но не го допива секогаш. 2,5 килограми имаме качено до сега, не се водам по некои си стандарди, а на контрола не сме отишле поради овие вирусиве, па немам се посоветувано со педијатар. Првиот месец накачи 1 кг. Патем, на Бебеланов пишува да не се чува подолго од 1 час, а јас подолго од 45 минути не го чувам.
Ад е за бебиња не за возрасни, точно е дека вкусот е малце јак но на почетокот бебињата немаат осет за вкус и затоа не им смета и дури да се развие осет за вкус веќе се навикнати. И покрај јакната миризба и вкус адот има се шо му е потребно на бебе, со кравјо млеко може само да се изнаправат триста компликации, млекото е јако и има високо концентрирани протеини и минерали кои страшно можат да наштетат на бебешките бубрези кои не се доволно развиени. Значи не свекор ти можеш лично и ти да чуваш крава дома џабе ти е пак млекото не смееш до пред година да го даваш, но ти си знаеш секоја мајка е одговорна за своето дете.