Не се секирај, брунчиња поминуваат. Проблем е бљуцкањето, ама ако напредува не се секирај. Машини под 2 секој ден, тоа е тоа. Пробај со перници 45c, нас тоа ни олеснува. Ама додека не седнат и не внесат поцврста храна-џабе се. И јас повратена си шетам. Еве мислев до млекото е нај. Да, од Аптамил многу враќаше и грчеви му правеше . Сега почна да бљуцка проѕирно, како водичка. Искуство некој?
Здраво мајки Вака бебе ми има 4 месеци и некој ден. Бевме само на доење 3 месеци но се помалку млеко имав за на крај да снема воопшто па преминавме на формула. Педијатар ми препорача hipp combiotic. Си го сака млекото ама многу повраќа, значи претерано често и обилно. И додека цицаше исто си повраќаше. Ни дијагностицираа рефлукс. Си велам дали да пробам со hipp anti refluks. Педијатар ми вели нема потреба до 6тиот месец ке и помине. Ама бебе е нервозно плаче сигурно и е тешко од толку повраќање. Дали имала некоја ваква ситуација. Please help
Ако ви кажал декат така педијатар, ок. @LoveHope нас столицата ни се регулира од Хип, нели со пробиотик е. Јас мислам жива глупост се пробиотиците ама ајде .. како сите, така и ние.
Пробиотиците не се жива глупост, туку се нешто неопходно. Тоа се корисни бактерии кои живеат во нашиот организам и помагаат во имунитетот, да не кажам најмалку 50% од имунитетот зависи токму од здравата цревна флора. Доста често се нарушува од различни причини, и затоа е пожелно да ги внесуваме и ние, и децата.
Јас внесувам конкретно само антибиотици кога пијам. Но еве од Биогаиа не видов некој ефект за столицата на бебче. Од промена на млеко се регулираше. Јас, ти па и било која мајка тука, зарем ни давале вакви капки? Еве и јас сум со АД израсната, исто како моево, мајчино до 40дена. Нити па Д3 и К1, знам само чај од ким ми давале. @elegant , само претпоставка дека може пречат. Јас може трескам, не сум стручна но еве откако ќе му дадам на бебе D3+ K1 ми враќа повеќе храна. Исто има една тема "повраќање кај бебињата" побарај мислам првите страни некоја мајка имаше пишано дека од некои капки и повраќало бебето.
А зошто одма гледате што правеле нашите мајки, баби? Ако беше за тоа, ќе требаше на моето дете од шест месеци кравјо да му давам, а не ад.
Па добро, медицината оди напред, се знае сега многу повеќе за пробиотиците, за К1 витаминот. Што не значи дека не се корисни, напротив, си има причина зошто да се даваат. Ако веќе помагаат, зошто да не се користат кога се потребни? Ај ако не, грав од три месеци да го најадеме детето, гладно е.
@Annath читаајќи те наназад знам дека си медицинско лице, така да тука ќе запрам. Тебе ако те ранеле со грав од 3мес, мене не. @Black girl, да е млекото тоа што било, да, ќе дадев и на 6мес. Сигурно е поздраво од ова. Како Сајковски да ми збори за тие негови пробиотици, да не се дава до 2год кравјо, да се користи козметика "Ла Роше" и сл. глупости. Јас давам се што набројав, ама толку сум против, али морало! Како сите, така и јас. Ќе се збогатува фармација на мака на народот, тоа е. Кај се вештачко, па и вода флаширана. Нека се само здрави и живи.
Кравјото е подобро мислиш? И не само Сајковски, сите педијатри препорачуваат ад до две години. А кравјото дава анемија, алергии и слично.
Ни мене не ме ранеле со грав на три месеци, само како пример наведов што правеле порано. Иначе киселото млеко е природен пробиотик, така што и ние сме растени со тоа. Во однос на кравјо млеко - пресното кравјо млеко не е добро за ниеден организам освен телето, ама ферментирано е прилично корисно. Ме чуди твоево со оглед на тоа дека, ако не се лажам, и мт е медицинско лице, ако сум грешка се извинувам.
Да, со исти ставови сме и јас и он. Малце предалеку отиде медицината. Еве баш праваш мајка, со кравјо и јас и сестра ми сме од 6мес. Само што пак стојам на тоа горе, денес нема чисто млеко. За алергии, тука оставам на наследен фактор. За жал во фамилија сме сите со алергии. Инаку ни јас не пијам млеко, интолеранција имам. Конкретно за пробиотици се фатив, ќе ги терам и подолго бидејќи ме убедуваа дека е многу од помош за имунитет, ама дека тоа е " виновникот" и јас и маж ми сме скептици.