Здраво, може ли да споделите искуства вие што живеете сами (без свекрви и сл) кога и како го приготвувате млекото за бебето, како се справувате со тоа преку ден, како го оставате бебето само и сл. Истото важи и за преку ноќта, во смисла како се справувате со сонот, стерилизација на шише, миење, вриење на вода и сл. Дали имате некои трикови или корисни методи да ми препорачате. Фала Ви. И исто така како го храните бебето кога сте излезени во парк или кафуле. Како тогаш го приготвувате млекото
Спремни дозерки и вода во термос. Нема некоја филозофија. Ќе се уходаш. Сега и оброк му блендирам , спремам со едната рака , во другата малото.
Кога стануваме од спиење превривам вода и во тегла ја чувам на собна темп. Кога ке му дојде ред за млеко си мерам и во шишето ставам па додавам дозерки и е спремно. Исто и во текот на ноќта, секогаш имам превриена вода, станувам, мерам и готово, за 1 мин има млеко. На неколку дена ги попарувам шишињата и цуцлите со жешка вода. За надвор порано носев вода во термос, па си додавав само млеко и промешував, а сега си носам во тегличка и по потреба ставам во шишенцето вода и млеко.
Земи си термосче, превиј водичка, имаш дозерки (ова се можеш и во Џамбо да најдеш како поевтина варијанта) или во било која продавница за бебешка опрема. Јас шишенца мијам со капка сјај на четкичка за шишиња еднаш на ден, а после тоа во стерилизатор. Имаш убав стерилизатор на Горење 1900ден. многу практична работа. Првите недели ги вриев, ептен напорно ми беше. Плус кило хлор имаше водата, шишињата беа бели.
Навечер термос со топла вода, дозерка за неколку оброци и неколку празни флаши. На полноќ, или 2-3-4... јас не стерилизирав шишиња. Може само да акнам нога или по скали да се отепам како што сум преморена. Најголемата беше само на доење, средното првен доење, после комбинирано, а до вториот роденден си пиеше ад. Најмалото е само на ад. Повторно вака функционираме со термоси/дозерки и повеќе флаши. Сеедно за надвор или преку ноќ. Приготвувањето е 5-10 секунди.
Наредниот ден, насабајле ги стерилизирав. Замисли бебе се буди за млеко 3-4 пати и 3-4 пати не само спремање млеко, ранење и успивање, туку и 3-4 пати да стерлизираш.... Затоа редам по неколку чисти флаши на наткасната навечер. Нека има, ќе се најдат.. Ами години се во прашање кога има човек три деца едно по друго
Петра не е баш така и да најдеш природно кравјо пак не е погодно за бебе, кравјото млеко има сложени протеини кои бебето не може да ги процесира. За бебе се знае најдобро е мајчино, ако нема мајчино тогаш ад, а не кравјо и не е ад нешто ново, порано на рецепта било бесплатно за мајките што немале млеко. Околу водата, јас давам бебелан флаширана, па се е вештачко не е од водовод природна изворска де, па само види ја колку е полна со бигор, и јас пијам само флаширана бидејќи ми се створи песок во бубрезите па сега веќе го снема од како не пијам од чешма. Д3 е важно да се прима и на нас ни давале дали перли со рибино масло дали капки битно сме примале. Уште и за пробиотикот има разлика од терминско и предвреме родено бебе и природно родено и со царски, бебињата родени предвреме и бебињата родени со царски ги немаат потребните бактерии па пробиотиците и те како се корисни.
@mimiiiii така е образложено од секој доктор, јасно ми е. Пријателка се породи предвреме исто како мене, дури една недела поназад. За некој месец треба да го пушти во градинка. Таму не давале АД, па сега рече уште некој месец да направи 6 ќе го префрла на кравјо. Нема кој да и го чува, зар има друг избор? Нас еве далеку ни е градинка, ама ако се најдам во иста ситуација што да правам?
Како на даваат ад во градинка? Ај после две години да сфатам, ама на бебе мислам даваат. Зарем поради градинката бебе од осум девет месеци на кравјо да ставам. Ти тука нешто грешно си разбрала или другарката те лаже демек од градинка така,а таа сака да го префрли на кравјо.
Даваат во нашата градинка Ад. Т.е оставаш на учителките дозерка и шише вода они само да го припремат. Во градинка не држат АД тоа секако.
здраво мајки како комбинирате мајчино млеко со АД? Ние сме еден месец и сме на мајчино со комбинација на АД преку ден е на гради и цело време цица и не е најаден и заспива на гради и кога ке го ставам во креветче се рабудува плаче а кога ке му дадам АД 90 мл заспива и нема проблем. Дали има некој вакво искуство ?
Што направи со млекото и јас денес купив хип 2 органик и ова е исто како што кажуваш како влажно да е млекото
Јас прво ја дојам од двете гради, па веднаш го додавам шишето 60 мл. Кога не ја дојам пие по 90мл. Со спиењето немаме проблем.
Во која положба раните бебе од 2-3 месеци? Како да го наместам да не ме боли кичмата а на бебето да му е удобно?
Само од лежење го ранев од како се роди па се до сега ( 1г и 7 м) Сега и сам не сака во раце да го ранам. На Ад сме.
Јас од старт на перница, на скут или до мене, потпрена накосена да биде, јас си седам убаво, бебе легнато на перницата. Некогаш кога протестирал за млеко го чекав да заспие, па малку глава ќе поткренев и шише во муцка спиејќи да пие.