Zenski zdravo... kako davate adaptirano mleko na vecer? Jas ja budam na 2 saata za da i dadam... a ona znae ako ja ostavam da si spie a sme 2 nedeli... kako e podobro sovet ve molam
Ако немате проблем со напредување мислам дека не треба да ја будиш, ќе си стане кога ќе огладне. Мојата првиот месец беше на ад и стануваше на 2-3 саати.
Здраво момички Сакам нешто да прашам Бебето ми има 6 ипол месеци и сме на адаптирано млеко, користиме Хумана ар формула бидејки многу повраќаше. Е сега ме интересира до која возраст се дава ар формула. Бидејки има Хумана 1 до 6 месеци и Хумана 2 после месеци а за ар формулата нема до која возраст да се дава.
Моето беше на АР млеко до скоро 8 месеци. Ама од шестиот месец по препорака на докторката почнавме да мешаме со обично ад млеко. На пр. ако пие со 4 мерици, една беше обично ад млеко, 3 ар формула. И така постепено го намалувавме ар млекото сѐ дури не се префрли на обична формула. Инаку ар нема возрасна граница.
Јас прв пат слушам дека така се подготвува, јас ставам вода во микро да се стопли, после прво водата во шише, па колку лажици млеко пие бебе, толку ставам во шише, го мешам убаво, го ставам во ладна вода да се излади малце и и го давам.
На почеток гледавме да поминат барем неколку минути, но после веќе не беше изводливо и веднаш растворено го давав.
Јас хип користам и така е нагласено во упатството дека е подготовката, а бидејќи сите ар млека се на ист принцип со згуснувач претпоставував дека сите исто се прават.
Здраво мајки бебе е 2+ и сме на комбинирано АД и мајчино ( повеќе АД). Од вчера почна да ми подвраќа од млекото кога ке го допие поголема количина, кога ждригнува враќа и млекце, на Hipp Combiotik сме. Вака никогаш не правел
Драги мајки, од кои адаптирани млека има за над 12 месеци? До сеа користевме Новалак ама е до 12 месеци, а не сакам сеуште да давам кравјо
Мајки бебето ми е месец ипол до сега е цело време на аптамил и супер ни одеше,е сега почна многу да повраќа па педијатар не советуваше да пробаме барем со една кутија ар формула..дали има од аптамил? Бидеќи не сакам да менувам
Девојки од кога се префрливте на 3ка адаптирано? За некој ден правиме 1 година, нешто почна да ми се буди навечер, ич не спие, мака мачиме последнава недела. Дали е можно да не го заситува веке 2ката?
А за вечера што даваш? Вечерата треба да го засити веќе на таа возраст, млеко како и да е неможе да ги засити. Вечера во 7ч, после млеко во 9-11 и на спиење. Мојава не сакаше баш млеко, и едвај макс 150мл пиеше, ни тие не ги пиеше секогаш.. фрлав по 50,60мл на секое, а не стануваше навечер. Сега е 18м и два месеци не сме спиени, еве моментално се дружиме веќе два саати станати... плаче, се дере... од заби мака мачиме. Да не има некое забче што мачи?
И мојов е полн со заби во уста, што веке излезени, што допрва ке излегуваат. Ама кога се буди навечер не се однесува како нешто да го мачи, весел е и си се муабети а јас жива нервозна. Иначе си вечера убаво, а млеко и он пие по 150 одприлика, ретко 180
Од навика се буди. Или го мачи некое забче како шо вика Мариз. Иначе на тројка го префрлив некој ден пред годинка.