Мајки дај просветлетеме почнувам од утре со 2ка ад, малата е скоро 6ипол месеци, има два оброци(каши) земав аптамил 2ка и на него пишува 3пати по 180мл, а бебка моја пие млеко 7-8пати(ова во 24 часа, од кои три и се во 22, 02 и 06ч) од 90 до 120мл, како да го изведам хранењето по табелата или да си продолжам како и со 1ца?
Терај си како 1ца како што си пие, повеќе пати, а помалку. Мојов е 15м и никогаш не испил доза 180мл. Само, можеш да го скинеш во 2 сабајле млекото? Веќе голема е бебка, нека си нана.
Станува во 2 за млеко, пред два месеци прво станување и беше во 6,7 а беше на доење, сега смена, млекото во 2 да и го заменам со чај?
Пробај, ништо не губиш, ако успее чајот да ја залаже па да продолжи со спиење, само не давај многу количински чај навечер
Правам по 60мл, а пие 40мл остатокот го фрлам. Дали може да го ставам во фрижидер и само за нареден пат по 3 часа да го згреам во топла вода и да и го дадам?
Мислам дека може, но ќе му дојде измешано со ново направеното млеко зошто сепак остануваат само 20 мл. Подобро направи 120 и пола во фрижидер нека стои па стопли го. @pa_stel
После колку време смее да се пие аптамилот откако е направен? Ми се случува да не го допие и да треба да го фрлам.. смее во фрижидер, па да го стоплам после? Ако е на собна темп после колку време најмногу може да се пие?
Ако бебето пиело од млекото тогаш остатокот се фрла. Ако не почнало да пие се чува максимум пола саат на собна температура, во фрижидер малку подолго.
Точно, ако не почнало да пие се чува 30 мин. макс. Не оставајте ако не го допие, се фрла. Јас имам грејач за шишиња и така одржувам провриена вода на темп. спремна за млеко. Во фрижидер не сум ставала направено АД за после.
од кога им го сменив аптамил прематур на кецот ,големата неможе да се искака...купив и Холе и Хип, пак исто...помагајте...
Ваков. Стар е, го земав од роднини https://www.google.com/search?q=sev...EKHbBgBPkQ9QEwA3oECAUQBA#imgrc=GwMROOEUaSCDDM:
Колку време не е какана? Дали има проблем од типот грчеви, плачење, напињање и слично. Ако нема проблем тогаш се толерира до ден/два/три некакање. Можеш да помогнеш со кружно движење на ноџињата и напред назад да и ги размрдаш и благо масирање на анусот (значи кога менуваш пелена малку благо кружно промасирај). Исто така масажа на стомачето со кружни движења во насока на стрелки на часовник. Мојот кога беше мал и имаше грчеви имаше проблем со некакање ова помагаше. Му помагаше и една масажа на стапалцата ама не можам да најдам сега линк од неа. Сепак за најдобро консултирај лекар.
Мајќи не сум многу искусна со адаптираниве 2 оброци само давам на ден од рајѓање ми го препорачаа во болница хипп органик комбиотик,но повраќа после секое испиено шише а пие 100мл а сме 2 месеци,не веднаш него после половина час и тоа млаз и од доење исто знае да поврати го држам и по 15-20мин исправен да поджригне но и кога ќе подждригне повраќа. Читам многу сте задоволни од аптамил па дали има некое против повраќање ? И дали можеби има врска што давам пробиотик и д3+к1 нешто ми спомнаа дека тие што биле на ад не примале к1 ли... незнам тоа значи само за 2 оброци барам убаво ад млекце Едит и ако има и против грчеви
По мене бебето ти е најадено и воопшто не ти се потребни и овие два оброци. Треба само да си храбра и да пресечеш . Скрати го прво едниот, после другиот. За пробиотикот и д3 со к1 давај слободно.
Одма би го исклучила верувај но денес и вчера не му дадов ад и самп шмука,рачето мене само бара да цица. Знам и дека од грчевите го прават тоа,но 2 саати гледам да не го дојам да не се трупа млеко на млеко па си мислам дали му е доволно моево млеко...
Не го шмукат рачето од глад, туку така го осознаваат светот. Знам колку е тешко да тргнеш АД. Ама верувај тие 200мл се ништо во споредба колку цица. Затоа велам треба храброст. Штом блуцка значи е најадено. Со мерење ќе се охрабриш. А за кое да го земеш не знам што да ти кажам. Консултирај педијатар.