Бљуцкаше и од Новалакот, иако каде каде ми се виде подобро од другите млека. Само исто си го пиеше синко како и НАН-от и исто бљуцкаше Па земавме Хумана, демек мама ја убедила аптекарката дека најдобро, најслично на мајчино млеко бла бла. Исто АР формула мислам... Ама Хуманата хаос, пена прави како Нескафе, а и синко не ја сака. Ептен пие од што мора и е гледен, ама одвај. Исто бљуцка од сите храни инаку, кога му давам 90 на пример не бљуцка, ама ако испие 120 одеднаш или 150 обавезно. А на синко мој и 300 да му понудам мислам ќе ги испие. Е едино хуманава не ми ја сакаше, одвај по 60/90 пиеше со молење. А чајче или сокче пие се дави. И на крај се вративме на НАН мене од сите пробани ми се виде најокеј опција. А може и дека навикнат си е штознам. Инаку ХИП-комбиотик имам фрлено пола пакетче, значи ја земав да ја пробам на убедување на јатрвата, ама не ми го бендиса малиот ич. Така да сеа за сеа со НАН-от сме си најокеј, може не е идеално ама не најдов подобро.
Nie imame 3 mes i sme na cicanje i na dohrana,kombinirano.Koristevme aptamil 1 plava kutija a sega imavme aptamiil zolta limenka ja kupivme od gr i sega se mislam da smenam bidejki pie samo po 60ml ili eventualno 90 ml iobavezno dodeka pie ima grchevi i kaka.Neznam dali e domlekoto ili ne,dali da menuvam?Bojata na stolicata znae da ni varira zlatno zolta ili zolto kafena no techna.Se mislev dali da probam nan ili novalax???
Мајкички, Другарка моја продава Allergy Digestive Care млеко на Аптамил (на тие што им треба и го користат, знаат за што е). Има останато 12 кутии, ги продава по 1000 денари секоја. Ако има заинтересирани, пишете ми слободно порака, ќе ве спојам За ова млеко збориме:
Здраво на сите.. беулето ми е 23 дена и сме на ХИПП 1 комбиотик. Ме интересира која е разликата помеѓу ХИПП комбиотик и ХИПП органик
И мене ова ме интересира, имаме 3,5 месеци. На едната кутија прочитав дека е органско а на другата дека е со вкус блиску до мајчиното млеко. Имам една кутија и незнам дали да му ја давам.
разликата помеѓу млекото Хипп Органик и Хипп Комбиотик е во тоа што Комбиотикот содржи пробиотици кои го потпомагаат варењето на храната и ги намалуваат грчевите во бебешкото меше.Исто така помагаат и при запек заради еднолична исхрана кај доенчиња до 6 месеци
А има ли некаква штета ако му дадам измеѓу комбиотикот Хипп Органик, на ппример, пиеме цела кутија Комбиотик па давам цела кутија Органик па пак се враќам на Комбиотик ? Имам еедна веќе на лагер па да знам
Нема никаква стета и јас му давав и комбиотик и органик и не ви]дов никаква разлика ги пиесе и двете млека без проблем. И на поцетокот во првите месеци и сега му давам кога како или хипп комбиотик или органик. слободно нека пијат васите бебенца без гајле супер се млеката на хипп. Ние од раганје па се до денес кога имаме 10 месеци сме на хипп и супер сме
Јас пак за ад-ХИПП млекото дали е можно да поврака од млекото или е нешто друго мах пие по 70-80 а ни рекоа повеќе да пие но потоа повраќа сигурно и доаѓа многу незнам дали да и ја променам храната или да не е нешто до шишето и цуцлата....кои шишиње и цуцли ги користете моментално пие со оние на tomme-tippe
Ќерка ми повраќаше многу од хипот потоа јас сменив млеко и супер се се среди, консултирај си лекар за секој случај
Слободно можеш да му ги мешаш двете млека дури и ако нема никаков проблем најдобро е барем и понекогаш во храната да ги вклучиш пробиотиците, кои ги има во комбиотикот.
Мајка, и кај мене повраќаше на почетокот, и јас од 60мл почнав наеднаш да му давам по 120-150мл, сепак консултирај се со педијатар. Иако сме 3,5 месеци користиме цуцла за два месеца од аптека а шишенца користам од оние стаклените од Џамбо, има и мали и големи.
Јас користам ХИПП КОБИОТИК 1 во болница мислам со НАН го хранеа ама јас дома започнав со хипп и супер го прима малиот . Цица од едната дојка а плус го дохранував по 45 мл сега навечер за да не се буди (зошто тешко заспива) не го дојам дирекно хипп му давам по 90 мл . Незнам дали од хип се поправува или од мајчиното млеко ама за 1 месец се поправи 1380 а ми рекоа требало по 300 грама месечно Инаку после секое јадење обавезно повратува ама лекарката рече било од прејадување што значи хипп му одговара.
здр мамички имам едно прашање до вас, оние што се само на адаптирано млеко месечно колку паковања на млеко трошат, прашувам за бебе од месец и пол да го ставам само на ад млеко месечно колку грама млеко ке испије отприлика т.е колку пари месечно идат за млеко и флаширана вода?
Една кутија 2-3 дена а една кутија од Хип комбиотик (што користам) јас ти е 299ден.од 300гр. и 699ден од 800гр.па пресметај самата А флашираната вода можеш да ја замениш со вода од чешма ама превриена.
Мамички ние пиеме лактовит бидејќи јас немам доволно млеко.Читав неколку страни назад гледам вие користите ад млеко па може ли некоја да ми каже какво е тоа млеко или така го викате тоа од хипп млеко. Јас се мислев него да го земам но незнам дали малиот ке го сака бидејки сега сме навикнати на лактовит до сега имаме испиено 4 кутии.
а за колкаво бебе трошиш ти една кутија на 2-3 дена? јас планирам со аптимил да почнам 900 грама и се прашувам колку време ке ми трае за месец и пол бебе. со цицање само се мачиме се сме гладни 24 саати на цице сме а и млекото ми се намалува од ден на ден ама пак и страв ми е да не се зафркнам ако почнам со ад да не не му одговара и сл
Ќе му одговара и те како,како што е загладнето така нема не да ти речи Јас трошам толку млеко за дво месечно бебе што значи дека еве да речиме ќе почните со кутија од 900гр би требало да ја користиш 6-7 дена затоа што како што кажуваш дека бебето ти е гладно нема да остани само на тоа (колку што пишува на кутијата за негови месеци грамажа на храна) туку ќе сака и повеќе и нема да има и проблем ако испија повеќе млеко од дозволеното затоа што ако нешто му е повеќе тоа ќе си го поврати а ако е помалку пак ќе биде гладно и ќе плачи........ќе си видиш самата. И уште нешто ако имаш екстра пари можеш да даваш аптамил,затоа што сите ад млека содржат иста формала,ама пак за разлика од тоа не се иста парка
Сите вештачки млека се ад млека(адаптирани млека) Ние со лактовитот имавма најлошо искуство, воопшто не го сакаше. Има многу ад млека: хипп, аптамил, лактовит, нан, хумана, сите во составот се исти ама вкусот и мирисот му е различен. Кое ти одговара во цената такво земи.
Јас користам Аптамил 1. Од причина што со тоа млеко почнаа на болница додека ми дојде мене млекото. Па се префрливме на доење и кога веќе ми престана млекото после едно 2 и пол месеци ги пробав сите млека од НАН, Лактовит, ХИП, Хумана и од сите ми повраќаше фонтана. Го прифаќа само Аптамилот. Малку е прескап.. ама тоа е.