се искака мила фала ти, се и правиме од тоа што наброја... убаво се искака..вчера...а денес нема.. ќе видиме..фала ти многу... и да, и давам к1 о д3 плус биогаја,така ни кажаа од болница...
Дали некој пробал да даде од козјото ад? Како го прифатиле вашите бебушки? Иначе пие нан 3ка. Сакам да пробам по еднаш во денот да му давам од тоа, или не е добро да се меша?
Мајки што мислите дали после 10 месеци одбивање секаков вид адаптирано и тетрапак млеко има шанси да го засака адаптираното да пробам со некое за негова возраст
Не сака ништо можам да речам дека воопшто и не јаде за 9 дена прави 11 месеци а само 7400 е последниот месец ипол качил само 100 грама
Колку е роден? За таа возраст 100г е сосема ок. Ако е здрав, жив , пргав, нема проблем со хемоглобинот, нема зошто да се загрижуваш. Не растат сите исто. Јадачи не се сите и тешко е со нејадач, знам по моето.
Роден е 3300 од болница не пуштија со 3270 хемоглобинот е добар но мака мачиме со нејадењето ништо не јаде и млеко не пие само тоа што цица и тоа само од едната града малку му е и ноќе се буди на секој саат
Женски, имам мака. Малото не ми напредува како што треба, бевме на ексклузивно доење до сега, му дадов аптамил 5 пати претходниве 10 дена, сите пати ми го поврати. Сега купив Нан и еве го спие 2 саати, претхосно не спиеше. Да напоменам дека е 20 дена бебето. Брадавиците ме болат, ама нејќам да го одбијам и од доење, туку сакам да комбинирам. Кажете совет за наидување млеко, како да не ме болат брадавиците и како е најдобро да комбинирам? И колку да му давам? Цица, ама ми се успива на гради и веројатно заради тоа не доциџува како што треба. Било каков совет е добредојде , не знам што да правам веќе, сакам малиов да качи на килажа.
Ќе качи, штом сте го погодиле млекото, ќе почне да добива на килажа. За брадавиците купи си ланолин некој подобар, имаш низ аптеките. За да цица ќе го ставаш прво на града, да влече, ако заспие закачај го да стане. Мало е , нема сила и заспива. После цицањето нуди му АД. Прави му околу 90 мл и нуди му. Ќе видиш колку ќе испие и дали е уште гладен. И кога цица слушај дали голта и гледај дали му се полни устичката. Од страните на устата се познава бело од млекото.
Голта за голтање, ама не знам дали доволно влече, мало е, јасно дека нема сила, по цел ден ми е на гради, го будам, го закачам, вчера скроз ми ги испразни и денеска уште некако празни ми се. Се надевам ќе го прифати Нан, па ќе правам ко што викаш, после доење ќе му нудам ако сака. Ме фаќа страв и паника, педијатарот ме смируваше, рече не е страшно, ама после цели денови на гради, болеле не болеле, само 90 грама за 10 дена ми беше шок, па си реков ќе пишам тука, да прашам паталци, тие што поминуваат/ле на истото да дадат совет.
Значи сепак цица. Не е без ич. Само ставај го упорно на града. Молзи се доколку можеш да стимулираш млекце. Тешкото е што кога ќе почнеш со шише многу е тешко да го откачиш. Затоа биди упорна со доење, спиј додека спие малото, пиј течности и не се нервирај. Мерето го пак за една недела и ќе видите како стои.
Здраво мамички имам едно прашање до вас. Имам бебче 15 дена старо кое е ексклузивно на АД. Пиеме Хип 1 е сега ние сеуште пиеме по 60мл а на кутијата пишува дека треба да почнеме со 90мл но бебчето не ми ги допива. Прашањето ми е од кога ја зголемивте дозата и дали има место за грижа или тоа е зависно од бебчето?