Мајки на поголемки дечиња какво млеко давате? Син ми наполни 3 години и е на адаптирано сеуште, но незнам до кога. Количински не пие многу околу 150мл дневно. Ама кое адаптирано пак ги задоволува потребите за после три години незнам. Со какво млеко да продолжам? Искуства?
Такво и користевме последнава година, пред тоа беше со Аптамил. Ама незнам јуниор до кога и со што е најдобро да се продолжи.
Нема потреба од млеко. И без тие 150 мл може. Те советувале кравјо... ако даваш, само свежо, немој тетрапак.
Нема штета ако пие кравјо 150 мл дневно, не си давај пари по ад веќе, доволно пиел. Големко е веќе, а и ако е се во ред до него давај си кравјо по една чаша, ништо страшно.
Не ми се дава ич тетрапак затоа и прашав тука, конзумира доволно млечни мислам посебно кисело млеко многу сака и сирење ама пак некогаш ќе му текне за млеко. Фала ви на сите за советите.
Кога ќе му текне за млеко и ќе ти посака, дај му. Бог да чува, нема да му стане ништо од таа количина. Мојата до 3 години пиеше две шишиња од по 240мл навечер. Ако не и давав се трескаше на земја и пиштеше дур не добие тоа што го сака. Па преку ноќ сама го отпи млекото. Еве сега е 5 години мома, а да ја видиш ќе помислиш дека е третоодделенка, колку е висока. Не мачи дете, ако му е убаво дај му.
Kako ne be. Od kade taa informacija deka ad se pie do 18 meseci? Mojata ima polni dve godini i uste pie i dodeka saka,ke i davam i ponatamu, kravjo nema sansi,osobeno pa tetrapak .
Мајки на колку време ви пијат децата ад ? Мојов на 2 ипол саати максимум, бара млеко, 3 месеци има на Аптамил сме по 120 мл 6-7 пати на ден. Денес педијатарот не искара на 3 саати требало да пие ама не издржува толку многу пишти плаче нема шанси ни 10 минути покасно да му дадам,а количински повеќе не сака. Незнам што да направам а поправен е скоро 2 кг за месец и 17 дена, знам дека е многу, му давам и бекутан чај за новороденчиња, а педијатарот ми рече да му давам веќе и сокчиња
И моиве исто на 2 ипол саати... пиштат ако пробам да одолговлекувам... само на аптамил сте цело време? кака редовно? ние сега на хип комбиотик се префрливме, незнам до кога...
Оти кравјото млеко не е по составот добро за луѓето. Тешко сварливо поради составот кој е прилагоден за младенчињата на кравата, предизвикува микрокрварење во цревата, анемија, предизвикува или запек или пак течни столици... Уште да бројам? Уништување на цревните ресички што води до интолеранција и алергии, да не правам муабет за уништување на цревната флора и природната средина во цревата што е потребна за нормално функционирање на имунитетот...